Точно ова. Но многу сме поразлични од исламските земји и политичкото уредување кое доаѓа од свеат книга во исламот. Жената може да биде што сака ако се чуствува способна во Македонија!
Не сме воопшто ниту прогресивни ниту пак слободни од многу општествени стеги чии корени лежат во конзервативните идеологии на старите религии во Македонија. Сеуште оправдувања бараат во христијанските и исламски доктрини што е правилно за човекот како жив организам на Земјата.
Да, можам да бидам што сакам, како сакам - но секогаш свесен за последиците. Бидејќи секоја слобода колку е поголема мора да се темели на поголема одговорност.
Кога бројот на луѓе што мислат и зборуваат дека ако не си православен христијанин во Македонија, не си ниту Македонец ќе биде помал од оној број на луѓе што националноста не ја теметал на религиозни убедувања туку ја гледаат на сосема друг начин далеку од религиите, како наследство на култура и да кажеме гени - тогаш ќе бидеме на прав пат!
До тогаш - почнете критички да гледате кон религиите и ограничувајте ги само за вашиот и само ваш внатрешен пат.
До тогаш, нема да бидеме во прогрес, ниту пак поединецот во општеството да биде слободен, а со тоа и со многу поголема општествена одговорност и самосвест за тоа дека неговата слобода не значи да прави како што ќе му текне во неговиот ум! Бидејќи не постои божественост што ќе те оправда ако одиш против другиот заради твојата лудост и небалансираност на внатрешниот со надворешниот свет.
Види што ми изнакажа
Моменталната состојба во нашата земја го зборува обратното. Априори со самото демоктратско гласање значи владеење по тертип на демократија,а не теократија. Жените ги имаат сите права ама баш во ништо не се обесправени. Имаат право да гласаат, подеднакво право при вработување, право на избор со кого ќе се сексаат, со кого ќе се омажат и.т.н. Немој ти се молам да ми зборуваш како биле обесправени и заробени со религија за која кај најголемиот дел е само cherry on the top. Гледај црквите се веќе историја, муслиманиве рокаат со џамиите ама и они не им е нешто посебно гајле за религијата. Онака, постои како дел од нив со кои се родени и се впламнуваат по политичка потреба а не ради “верскиот концепт“. Албанците ќе си бидат Албанци а Македонците Македонци, религијата е само + или - ,како додаток за стимулација.
Авганистан, курдистан, пичкинстан религијата има огромен удел во нивниот живот ама и то друже во најголем процент е нивни избор. Нешто слично како и во Македонија. И неможеш да го смениш , еве прост пример ти се Америте со нивните војни за демократии.
Прогресот ич не е зависен од религијата и нејзините норми, дури би се дрзнал дека човек верник би бил многу попродуктивен (он не смее да лаже, да манипулира, да наштетува, да напаѓа, он ќе почитува и ќе ќути како што му налага книгата или словото божје).