DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.824
- Поени од реакции
- 5.632
Познатиот хрватски пејач и глумец Дино Дворник само десет дена откако го прослави својот 44-ти роденден, почина денеска претпладне во Загреб под се уште неразјаснети околности, јавија хрватските медиуми.
Веста за хрватските медиуми ја потврди неговиот брат Дејан.
„Пред неколку месеци го загубив татко ми, а сега и братот, не знам што да ви кажам“, изјави Дејан.
Дино Дворник, кој многумина го сметаат за татко на хрватскиот фанк, почина ненадејно во неговиот стан во Загреб.
Тој како дете посетувал музичко училиште, но се откажал од наставата и на 17 години заедно со брат му Дејан го формираше бендот „Кинески ѕид“.
Во 1988 година дебитираше на „Загреб фест“ со песната „Теби припадам“ и ја освои наградата за најдобар дебитант. Во 1996 година ја освои наградата „Порина“ за песната „Африка“. Во текот на животот се обидел и во актерските води.
Во август 1989 година се ожени со Данијела Куљиш, со која ја има ќерката Ела.
RIP