Диктатура во врска

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи,прашањето ми е што мислите за диктаторите во врска? Што значи ем се болно љубоморни и посесивни, но тоа ај го тргаме на страна.

Значи сте имале ваков случај со луѓе кај кои мора се по нивно на биде, нив им е све дозволено, а партнерот не смее да зуцне?

Знам дека повеќето би раскинале таква врска, но што е со оние кои не ја прекинуваат таквата врска? Зарем не е тоа измачување?
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
Не би дозволила такво однесување со мене...несакам некој да ми кажува што да праам и да се однесува дрско спрема мене! Ако не ме сака таква слободна нека си најде друга... Тоа за мене е како да нема почит спрема мене!
Не сум се нашла до сега во таков случај а не ни посакувам, а ако се најдам ќе му речам да си продолжи сам!
Сум гледала така како се однесуваат спрема девојки и едноставно неможам да ги разберам тие што го дозволуваат тоа, односно да ги командаат:nesum:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Нека проба да ми се испонаша така селјачки па ќе се чуди кој крај да го фати , најчесто женските се жртви на таков однос а и тие си се виновни што воопшто дозволиле до тој степен дечкото да им кажува што и како да прават
Живеј како што сакаш а не како ќе ти кажат :)
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Мене лично не ми се има случено таква глупава сцена изрежирана од љубоморно животно и подобро што не се случила зошто без шала има да го скршам! Да ми се испонаша како избеган од умот и се со цел да се напраи фраер или да изиграва мачо или нешто слично, па ќе кажам тепам!
А сум видела такви ситуации од страна на мои другарки и нивните мачо мени, кои идат како напуфани пауни и уше со кључеви вртат како божем редадри, ситуацијава седиме на кафе онака опуштено некое средно доба летно време, значи 6/7 часот после пладне.... и си се смееме и од ненадеш слушаш фрасссссссссс, плескавица у фаца на другарка ми како никад, и и вика шо мајка бараш сама тука ма??? Оваа па му вика не сум сама со другрките сум и пази сега сељачаана тешка и вика кога не си сомене исто ко сама да си, вие жените немате мозок ви треба машка снага за рамнотежа!!! :nerv: Ми дојде една глаа да му лупнам, но бидејќи беше ептен избеган, избегнав зошто можеше до болница да стигнам, па се воздражав да не му станам!(А да додадам дека сеуште е цурата со него во врска).
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Глупаво однесување во секој случај, таквата доминација нема да биде во корист на никого, кај едниот може ќе предизвика чуство на надмоќ, кај другиот ќе тлее желбата за бунт бидеќи никое живо суштество не е родено да биде ничиј роб... сум видел и примери каде женското ја има доминацијата, каде што му се заканува на машкото дека ќе му раскине ако не ја послуша... како и да е ова беше само како пример покрај тој на Крејзи ин лав за тоа како не треба една врска да биде воопшто, и ај да речеме ќе ја истераат никаквата врска до брак и што понатака, што ќе се случува, каков пример ќе биде тоа за децата?
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Значи,прашањето ми е што мислите за диктаторите во врска?Што значи ем се болно љубоморни и посесивни,но тоа ај го тргаме на страна.

Замислете ја оваа ситуација седите излезени со ваше друштво,се зезате,се е супер и одеднаш се појавува вашиот партнер,не вели никому здраво,само ви се врти,ви кажува станувај пред мене и продолжува да оди?
Ќе станете или ќе продолжите да си седите?

Значи сте имале ваков случај со луѓе кај кои мора се по нивно на биде,нив им е све дозволено,а партнерот не смее да зуцне?

Знам дека повеќето би раскинале таква врска,но што е со оние кои не ја прекинуваат таквата врска?Зарем не е тоа измачување?
Има луѓе чија психичка конструкција е така подредена да сакаат да бидат жртви на вакво однесување. Да им биде наредувано, да ги водат низ животот...
Конкретно за мене, зависи од што е инспириран моментот и зависи во каква состојба се наоѓа партнерот.
Ако моето однесување е инспирација за таков момент и ако партнерот "исфрла оган" - станувам. Ова поише за околината, да не им ја пореметам седенката. :icon_razz
Ако е чисто негова фрустрација донесена од работа, други луѓе и настани - замолувам да се смири и да седне. Ако не сака - негов проблем и во оваа ситуација НЕ станувам! :pipi:
 
Член од
18 јуни 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Лелееее тоа дефинитивно не е љубовна врска.. и треба да се прекине одма! Тоа се искомплексирани психички пореметени луѓе.. кој бараат надмоќ брз други за да си ги надополнат недостатоците.. тоа е болна игра и не е љубов..
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Значи,прашањето ми е што мислите за диктаторите во врска?Што значи ем се болно љубоморни и посесивни,но тоа ај го тргаме на страна.

Замислете ја оваа ситуација : седите излезени со ваше друштво,се зезате,се е супер и одеднаш се појавува вашиот партнер,не вели никому здраво,само ви се врти,ви кажува станувај пред мене и продолжува да оди?
Ќе станете или ќе продолжите да си седите?

Значи сте имале ваков случај со луѓе кај кои мора се по нивно на биде,нив им е све дозволено,а партнерот не смее да зуцне?

Знам дека повеќето би раскинале таква врска,но што е со оние кои не ја прекинуваат таквата врска?Зарем не е тоа измачување?
Два различни типа на луѓе, кои патат од различни комплекси.Првиот мисли дека така ке биде надмоќен,ќе биде голем маж, а суштината е дека се плаши од тоа друг(девојката) да му команда нему.Се плаши дека ако не се покаже во тоа светло, ке го сметаат за неподобен, слаб, никаков.Немаж.
А за втората личност.Е оваа како да нема личност.Свесна е дека не чини така, дека не е убаво и дека не може цел живот да го издржи тоа малтретирање и понижување.Но, борејки се со недостигот од самодоверба, и стравот дека нема да има друг маж во нејзиниот живот, оти САМА НЕ МОЖЕ, попушта и се потчинува.
Лично ако ова мене и се случи, тоа ке биде крај.Нема да станам по него, или пред него, а и не ми е гајле за што ме викнал.Може ке се чувствувам глупаво пред другите за ,,газењето,, ама пак нема сама да се смачкам и дотолчам со тоа што ке станам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не сум имала досега таква врска, или па таква случка како што ја опиша Crazy In Love. А и да ми се случи, верувам (т.е. сигурна сум) дека тоа би претставувало крај на врската. Не може тој да ме контролира како сака, да вели Ајде станувај, си идеме кога нему ќе му текне без разлика на тоа што јас сакам да останеме.
Луѓето што се решаваат да ја продолжат таа врска најчесто се некои wannabe шмизлици или wannabe кремци, кои мислат дека го/ја фатиле најсекси момче/девојка во градот, па дури и да ги тера да стануваат во 5 изутрина и да копаат на нива, мислам дека пак не би раскинале, се` со цел да види градот кого тие имаат за партнер. Имало и други случаи, но од тоа јас што имам забележано, поради вакви причини кај некои луѓе, врската се` уште опстојува.
 

Handsome

Love me or Blow me !!!!
Член од
21 јануари 2006
Мислења
852
Поени од реакции
1
но комент џаст...:violent1::violent1:
а за тие што се во таква врска :tapp:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Се се ама љубомора не. Бегај од таквите што е можно подалеку. Пред очи да не ти се, а камоли во врска. Љубомората до тој степен е болест, ги преминува сите граници и тука нема спас. Замислете како таквиот се однесува во врска кога таа му е само една обична девојка, а како би се однесувал во брак кога веќе му е жена. Па таа пустата бел ден нема да види.

Иначем запознаена сум со еден ваков случај. Ептен клинички случај а сеуште се во врска. Не знам и јас се чудам како и понатаму остануваат во таква врска која дури преминува и во насилство. Но, најверојатно е од страв. Како болен психопат тој е способен на се и од страв најверојатно не се прекинува таа врска ма да јас би рекла дека тоа треба од корен да се уништи.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Значи,прашањето ми е што мислите за диктаторите во врска?Што значи ем се болно љубоморни и посесивни,но тоа ај го тргаме на страна.
Мамини или татини ( а може и двете ) мази и мислат дека можат да контролираат што сакаат и кого сакаат.
Претежно таквите изиграваат и шефови во друштво, во школо, т.е. каде и да стапнат.

Бегам од нив како дракула од лук или крст, како и да е, само да не ми се во близина.

Замислете ја оваа ситуација :седите излезени со ваше друштво,се зезате,се е супер и одеднаш се појавува вашиот партнер,не вели никому здраво,само ви се врти,ви кажува станувај пред мене и продолжува да оди?
Ќе станете или ќе продолжите да си седите?
Ваквите пациентчиња ( и остали посесивни, љубоморни лиглиња од сличен вид ) се познаваат на километар, па се сомневам дека некогаш би завршила со таков за да се најдам во ваква максимално срамна ( не знам само за кого повеќе. Дали за мене зашто ќе помислат дека не сум можела боље да си најдам, па сум се фатила за такво малоумно створење или за него зашто е таков ) ситуација.

Но, ако ете, се случи некоја ненадејна промена кај дечко ми и да дојде до ваков испад, станувам и одамн по него. Кога ќе излеземе надовр ќе му страда меѓуножјето и фино лепо ќе се вратам пак назад.

Значи сте имале ваков случај со луѓе кај кои мора се по нивно на биде,нив им е све дозволено,а партнерот не смее да зуцне?

Знам дека повеќето би раскинале таква врска,но што е со оние кои не ја прекинуваат таквата врска?Зарем не е тоа измачување?
Јас лично не сум имала вакви инциденти ( пу пу, да чукнам во дрво ( *чука по глава* ) ), но знам пример за таква врска.
На почеток им беше прекрасно, ама после почнаа уцени за девојката да спие со него и еве, веќе повеќе од година врската им виси на конец.
Изневерувања ( ако воопшто можат така да се наречат ) имаат за извоз, ама ете, уште се “заедно“ зашто типчето влезе во ТЕЖОК пубертетски филм и се заканува со полиција и со тепање на следниот нејзин дечко ако му раскине.

Не знам што уште би додала, секакви може да се причините зашто партнерот упорно молчи и ги премижува тие понижувања.
Не дека се фалам или слично, но доволно сум свесна за тоа што го правам и за тоа какви последици би можело да има и екстремно многу сум внимателна за да не се најдам јас во говна до гуша на крај и да не можам да излезам од нив.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не сум била во ваква ситуација, а не верувам и дека би била со невоспитани суштества. Но, ајде да си претпоставам. Секако дека би продолжила да си седам. Познавајќи се знам дека ако ми направи некој таква сцена, ќе погледнам бледо, ќе си ја свртам главата и ќе си го продолжам разговорот. А тој штом тргнал, нека си продолжи каде што тргнал.
Што човек е тој што нема да каже ни здраво на луѓето од култура, да се однесува како шериф некој и да наредува кој да станува и каде да оди? :icon_lol:

Фино за тие незуцкачите, сигурно им е убаво де. Како што некој не може да трпи такво однесување, така си има луѓе на кои им одговара истото. А тоа веднаш се оценува, не мора да помине којзнае колку време за да видиш со каков човек си имаш работа.
Си се наоѓаат таквите и убаво си им е заедно:pipi:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Напишано од Crazy in Love
Замислете ја оваа ситуација :седите излезени со ваше друштво,се зезате,се е супер и одеднаш се појавува вашиот партнер,не вели никому здраво,само ви се врти,ви кажува станувај пред мене и продолжува да оди?
Ќе станете или ќе продолжите да си седите?
Ова досега ми се нема случено, а не ни сакам да ми се случи...
Доколку се случи, ќе станам и има да му одржам таква лекција што никад више нема да му текне да се издерава, и после фино, лепо ќе се вратам кај друштвото.
Ако се случи пак (што нема да дозволам) го откачувам и нека крши глава, нека се издерава на некоја друга.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Лично сметам дека (и покрај неизбежните љубоморни испади - секако „со усул“), никогаш не би и направил такво нешто. Напротив, дури и ако сум љубоморен, ке седнам (ако бидам поканет) и ке се запознаам со Нејзиното друштво, ќе разменам некоја реченица, ќе се трудам да добијам некаков впечаток за нив, и да не избрзувам со предвремени судови. Се надевам дека истото тоа го мисли и Таа за мене, поготово што јас многу повеќе пати сум бил со мое друштво, во кое Таа се вклопила комплетно (и затоа немала ни можност за да направи некоја сцена). Секако, сите ние имаме мислења за другарите/ките на нашите партнери, но тие мислења се седнуваат и се разговараат во четири очи, тогаш кога ќе се оцени деа е добар момент. Во дадената ситуација, сигурно не!

Се надевам дека поимот партнер во темава е земен општо, а не специјално машко или женско, според вчерашниот пример...:smir:

Сметам дека треба да сме начисто дека денес ретко постојат врски во кои надвладува едниот партнер, и ретки се случаите кога некој би трпел такво малтретирање. Затоа не очекувам (а искрено, не ни сакам) да прочитам пост на темава, во кој некој раскажува дека нему тоа му се случило.

Благодарам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom