Можеби некој ќе дофрли пристрасен заклучок, ама мислам дека возилата од VAG (VW,Skoda,Seat,Audi) се најдобри за тие пари.
Тука е и Opel (Chevrolet не...бидејки имаат потанок лим од Opel,а иначе механички се потполно исти), Fiat (прилично сум импресиониран).
За Французите, Струмикс можи повеќе да ти каже, бидејки има Citroen Xsara, е сега од она што јас знам, не се покажаа баш! Плус тоа за нив имаш МНОГУ скапи делови.
1) VAG - убав квалитет, си ја задржуваат цената, ефтини делови за она што добиваш, потврда вожња, но постабилна на автопат.
2) Опел - убав квалитет, помодерен дизајн, цената опаѓа побрзо од VAG, делови средна цена, малце повисоки од оние на VAG.
3) Fiat - квалитет, до сега не се покажале како најнај, ама баш ги извадоа овие модели на Grande Punto и Bravo со цел да ги надминат детските болести на претходните модели. Цена на делови - багатела.
4) Франзуците (Renault, PSA - Peugeot Citroen), се ќе средат како што треба, на крајот ќе ја утнат работата со некои досадни работи. Те нешто електроника, те нешто долна пластика од браникот, лошо седиште за задните патници.Цена на делови - ИЗГОР скапи
5) Chevrolet - иако механиката им е од Opel, лимаријата им е послаба (по тенка). Исто ќе трае колку Opel-овата ама нема толку добра звучна изолација ова она, скапи делови, па сопствениците (како јас) се приморани (не дека ни се лоши) да си ставаме делови од Opel