Диети и слабеење

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
сум се стаила на неколку диети и еве летово од што идев на фитнес 2месеца со се здравата исхрана ослабев прилично..траеше тоа додека да отидам на одмор..за да после одмор ме фати некаква мрза и почнав некако пак полека да накачувам килограми..не сум мн дебела али сакам да го намалам стомачево што го иам..совет имате?
инаку зависна од благо,не пиам газирано(само вода)и брза храна мн ретко(последниве 2 месеца ич):pipi:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
сум се стаила на неколку диети и еве летово од што идев на фитнес 2месеца со се здравата исхрана ослабев прилично..траеше тоа додека да отидам на одмор..за да после одмор ме фати некаква мрза и почнав некако пак полека да накачувам килограми..не сум мн дебела али сакам да го намалам стомачево што го иам..совет имате?
инаку зависна од благо,не пиам газирано(само вода)и брза храна мн ретко(последниве 2 месеца ич):pipi:
Намали го благото, најмногу дебели....
Секое утро пиј топла вода, со 2 лажици јаболков оцет...Ефектот нема да изостане:smir:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ако сакаш чоколадо земи од најцрното јади го од сабајле или имаш од витаминка од фруктоза чоколадо.За да не се здебелеш особено кај стомакот,треба да знаеш дека простите(брзите) шеќери како што се сахароза,фруктоза,декстроза брзо се складираат и добри се за после тренинг ако вежбаш нормално,имаат голем Гликемичен индекс,а тоа значи дека се што е над 70 прават метаболизамот да го складира непотребниот гликоген во масти и мастите во стомакот да складира повеќе масти.Има повеќе техники за контролирање на инсулинот внесување на Омега 3 масти,незаситени масти,јадење на ниско јаглехидратни и фиброзни овошја и јадења.Се што треба е да трчаш на гладно срце али тешко зимава ќе постигнеш затоа иди во теретана,20 мин на Точак или на Орбитрек.Потоа истегнување и правење на стомачни особено долните.Ако сакаш диета и имаш прашања нешто прати пп.
 
Член од
30 мај 2007
Мислења
399
Поени од реакции
1
ne sum drzel dieti i ne mi trebaat inace eden tip so go znam oslabe epten zoso ne jadese niso ama zatoa sega ima mnogu problemi so zdravjeto
 
S

Sweet666

Гостин
И јас сум на здрава исхрана повеќе, ефектот се гледа по некое време..Не ми треба тоа, ама мислам дека е подобро да не го оптеретувам организмот со тешка и брза храна. Мн си сакам благо, тоа ми е мал проблем, ама се може да се контролира. Исто мн вода пијам, што помага во се.
 

Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
јас па обично не јадам многу али секој ден морам по нешто благо да земам:):) и штом приметам дека и 2 кг сум качила се прегладнувам па ....:toe:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Еве ви диета за женскиот пол:
До 12 саат јадеш овошје јабуки преферирам,можеш и салати било какви да додадеш.
Во 14 саат главно јадење протеини со јаглехидрати
2јајца(100 грама туна,100 гр пилешки стек,со 2 кришки интегрален тост леб(тестенини 100 грама,кафеав ориз,обичен ориз,овес,мусли,корнфлекс одбивам,овес)
16:00 Вежбање 30 мин точак 30 мин вежби за затегнување(справи,тегови и се што има во една теретана)
5:00 завршуваш земаш 2 лажици Мед или 300 грама сок од портокал,суво грозје, со млеко 300 мл.(ако имате време поминете накај продавнициве за здрава исхрана и земете си соино брашно 50 посто протеини добро е за после тренинг 40 ден мислам дека 500 грама,а и сите соини производи се добри само не преферирам соја топчиња печени тешко се варат)Опција ако имаш соино брашно 2 лажици големи,300 грама млеко,2 лажици мед во блендер.
Во 6:30 200 грама риба било каква со салата може и риба во неограничени количини се дур е од ослич,лосос да е печена и со маслиново масло,леново или она омега 3.може и пилешки стек,соја
во 9:30 две чаши млеко и да спиењето е важно легнување до 11 саат затоа што без добар сон нема слабеење.Мин 8 саати спиење,помалце и ќе почнеш да се дебелееш.А ако си гладен после 9:30 земи јади јабуки.И да најважното сакаш да скинеш од салото без тренинг и добра исхрана нема ефект.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Како да пресметате колку дневно треба да внесувате калории многу едноставно,земете ја вашата тежина на пример 70 кила х 2=140 фунти тој се множи со 10 се добива 1400 калори,но сепак дневната активност е важна на пример 1.4 го множиш ако си слабо активен со претходната вредност,1.6 ако си со средна активност и 1.8 ако си со голема физичка активност.Еве земаме 1.6 помножено со 1400=2240 калории дневно за да ја одржувате вашата телесна тежина.Помалку од тоа слабеете повеќе од тоа се дебелеете,но ако вежбате се препорачува да се додаде уште 500 додатни калории за добивање на мускули.Значи сите што слабеете и сакате да имате тело во лето без да се здебелиш зимава нема да добиеш ништо,може само да ги гледаш сите што се на врвот,што постигнале нешто со разни диети,но сепак прво се вежба квантитет за на крај да добиеш квалитет,сега е полесно да се здебелиш така да земи вежбај напорно.Совет до девојките ако ги избегнувате вежбите со теговите,а особено сакате да ви се тргне тоа салото од кај рацете,наречено трицепс,без напор нема шанси да го ослабнеш,така да земете вежбајте сериозно и сфатете си ја работата дека ако идеш да вежбаш се здебелуваш заради една причина добиваш сила и мускули,а не сало аман сите сакате моделки да бидете анорексични,само на такви налетувам во последно време,машко не сака такво,особено јас сакам нормална девојка.Но да се вратиме на темата,ако планирате да слабеете зима сте се заебале гадно,тешко е да слабееш зима,особено затоа што полесно се таложат масти,за одбрана од студот.Така да гладување и ред други работи се нешто што не ви препорачувам ако сакате да бидете анемични,слаби и сите коски да ви се гледаат слободно гладувајте.Но ако сакате да бидете здрави да ги имате облините на задникот вежбајте напорно и ќе ги добиете облините што сите други жени ви завидуваат.Само со тренинзи и со правилна исхрана и пред да правите било какви диети советувајте се со експертите и може ќе научите нешто од нив.
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
od sabajle i navecer casa mlaka voda so lazica med i lazica jabolkov ocet, dnevno vezbanje (preporaclivo e vozenje tocak) nakmalku 1 saat, stomacni 60 na den (toa e optimalno)
za pojadok isto taka 2 jabolka i limonada bez seker
za vecera samo salata
za rucek so ti dusa saka(riba e preporaclivo) so salata-tripati vo nedelata, 2 dena meso, 2 dena ovosje i salati
i vaka cela nedela efektot e minimum 3 kg
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
so ovaa dieta oslabnav poveke od 15 kg ama zimoto nikakvo dvizenje jadenje blago pak si se vrativ na staro
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Да може да се каже дека е добра али ефектот не е долготрајен,затоа што сигурно си гладувал со диетава,а ако сакаш да гладуваш и да немаш енергија во теретана или за вежбање да бидеш умалаксан земи ја диетава.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Да може да се каже дека е добра али ефектот не е долготрајен,затоа што сигурно си гладувал со диетава,а ако сакаш да гладуваш и да немаш енергија во теретана или за вежбање да бидеш умалаксан земи ја диетава.
Не, зашто да ја земеш ако ефектот не е долготраен? Ќе гладуваш, ќе гладуваш, ќе се осеќаш омалаксано и после ќе земеш ќе се прејадеш и нема да можеш да прекинеш.
Диета значи режим на исхрана, но и начин на живот. Тоа значи да јадеш ако ти се јаде, но се да правиш умерено, се што е умерено е добро како и се во животот. И обавезно физичка активност, колку е поголема мускулната маса, толку повеќе се губи масното ткиво. Освен тоа, физичката активност ти ја олеснува борбата за здрав режим на исхрана, те поттикнува да внимаваш и ти ја зголемува самодовербата...
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ако сакаш брзи резултати може да земеш али сепак јас не препорачувам брзи диети што потоа излегуваат неефикасни,јас препорачувам да се јаде повеќе оброци 6 и во нив да има мали количини на јаглехидрати и протеини а секако и незаситени масти.И точно е дека што повеќе мускули имаш толку повеќе трошиш,еден килограм мускул троши околу 20 килокалории,а еден грам маст во тело троши околу 10.Така да повеќе мускули значи подобра исхрана и поголем внес на оброци за да имаш резултати.
 
Член од
24 април 2007
Мислења
47
Поени од реакции
0
Овошје и само овошје и многу вода , здрав сон.........друго не ви треба :toe:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Сум за овошје но сепак,кога јадеш само една одредена храна не ги добиваш,другите витамини и минерали,затоа ако земаш ваква диета препорачувам добар мултивитамин и добар суплемент.А дека ќе бидеш умалаксан и нема да имаш енергија од диетава сум ја пробал еден ден и од тогаш не ни сакам више да ја пробувам,затоа што губиш сало но ако почнам да се вратам на стариот режим,џабе ми се враќа се и сешто дури дупло повеќе.Можеш на пример да земеш еден ден само овошје да јадеш а повеќе не препорачувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom