Дечки налетав на темава, и да ви дадам еден совет за диета, т.е. всушност е само внимавање на тоа што јадите, јас вака ослабев 15-16 кила...
-Избегнувајте леб (јадете само двопек, и тоа најретко и во најмали можни количини)
-Не ја пржете храната, само варете ја
- Голема количина на салати
- Благо во никој случај
- Бидете спортски активни
- И последно, но не и најневажно- НЕ ВЕЧЕРАЈТЕ
За секоја диета треба упорност, како и за оваа, но сепак не е којзнае колку строга, а сепак дава добри резултати.
Последново и најважно и најнеточно.
Празен стомак тера на лош сон. Истотака тера по одредено време и надокнада затоа што е празен. Изгладнувањето не е диета. Диетата е начин на исхрана а не ускратување на истата. И најбитен момент, претпоследното има огромна улога во слабеењето. Џабе е и да се изгладнуваш, ако не се движиш многу (првично) немаш никаков придонес и топење на масти.
@kooperativa зависи што и како ќе ти препише нутриционистот според твоите наоди. Најчесто оние кои имаат вишак на ТРТ/холестерол најчесто им е дозволено исклучиво „чисто месо“ (говедско, пилешко бело, риба). Манџите во првиот циклус на чистење ги немаш (зборам за оние со запршка/месо). Истотака битен фактор се и полисахаридите најчесто сахарозата, која треба да ја избегнуваш или многу ретко да ја консумираш. Компир варен можеш еднаш до два пати неделно највеќе. Лепче веќе погоре ти пишаа, во првата фаза скоро ич или може оние црните (грахам. баварски, двопек) само по едно парче на ден и тоа исклучиво ако имаш само салати, а не компир/месо.
Јаткасти плодови (ореви/бадеми/лешници) се the mother of all evils пошо генерираат ТРТ и имаат огромна хранлива вредност (иако не ја осеќа човек).
Мешункасти плодови (леќа/грав/боранија) можеш варени па после као салата.
Се користи исклучиво маслиново масло и тоа ладно цедено.
Препорачливо од зеленчук се репкастите зарзавати, пошо имаат хранливи состојки, те оставаат сит подолго време а и утепуваат маснотии во крвта.
Патлиџан, краставица и кромид моеш константно да јадеш.
Уште нешто - за млечните производи повеќе удри акцент на јогурт, урда и кисело млеко, а помалку на чисто млеко (освен овие разводенетиве), сирење и особено кашкавал и биеносирење. Кајмак, путер, маргарин никако.