Диети и слабеење

Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Па не секој ден, само пример беше. Еден ден варени јајца+салата, друг ден пилешко + салата, па само салата или само јогурт.
E тоа е више друго.Добра диета ама пробај и оваа што мене ми помогна. Си јадеш нормално само во помали количини и повеќе пати во денот. Мене ми помогна да симнам 7-8 кила за два месеци.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Варени јајца секој ден не не
Јас секој ден јадам јајца со холестерол во нив и немам никаков проблем со здравјето што е до лошиот ми е на супер ниво и добриот ми е екстра.
Ако даваш совет давај со докази и добри аргументи.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 15:33 ---
баш ми одговара диетава ... но се прашувам ?! ... како да се претворам од говедо преживар тешко 105 кг во Орландо Блум со 60/70 кг тежина за брзо време ....
105-70 =35 кг да намалам за кратко време ?! како со оваа диета се прашувам :! хммм а баш ми се допаѓа диетава искрено .... а проблем е бавното слабеење со диетава :ROFLMAO:
Прво тргни го зборот диета од твојот мозок и почни да вежбаш и да се храниш здраво.
Резултатите нема да доаѓаат брзо но секако ќе бидеш по мотивиран од било која диета.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Извини Стеф никој неможе со тебе. Сите доктори во светот велат дека не е добро секој ден да се јаде, ама ти си јачи од нив мислам поискусен.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Извини Стеф никој неможе со тебе. Сите доктори во светот велат дека не е добро секој ден да се јаде, ама ти си јачи од нив мислам поискусен.
Сите доктори не се нутриционисти и ако знаат тоа е општо за исхрана,не знаат како се создава холестеролот и како го афектира телото.
Во јајцето имаш колин,еден од најдобрите анти оксиданси.
Холестеролот што сите запињате се создава од надворешни влијаниа (стрес) и од други фактори,како не активност.
И да има некој индикации,тоа се мали.
Не можеш да речеш дека една храна е штетна,а мрзеливоста на луѓето да се активираат не е...
 
Ф

Флеш

со факти го проби aiwa ..... демек знае повеќе ..... Аiwa извини но има логика Стеф шо кажа .... во право е :)
 
Член од
2 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
44
mene edna koleska mi kaza ovaka; jas imam malku stomak od poragaj i eden dan zborevme deka mi smeta i deka oblekata sto ja oblekuvam ne mi stoi ubavo i taa na toa mi kaza vaka; ke kupis bekutan pomada i prozirna folija i ke zemes sekoj den ke go mackas stomakot i zadnikot vo linija i ke go obvitkuvas so prozirna folija i ke se obleces normalno i ke si rabotis. kupiv i probav licno jas no mi kaza kasno za toa go pravev kratko bidejki zaladi sto e normalno ako e toplo se potis. vsusnost i vo toa e fintata bidejki e toplo stavas od pomadata se obvitkuvas so folija odev peski polovina cas do rabota i bev ispotena tamu i taka se namaluva obemot na stomakot. sto znaci se potis bez pravenje vezbi i sportuvanje se potis i slabees no ova se pravi koga e toplo odnosno pozelno e letno vreme.:cool:
 
Почитувана сабина.
Пред да почнам да дискутирам за поимот слабеење да одредиме од што е направено едно тело..
Човечкото тело е направено од вода,мускули,коски,минерали и масти.
Последни ги ставив мастите затоа што се резервна енергија но и есенцијален дел од нашето тело,служат за одржување на температурата,од удар и во критични ситуации се оксидираат и даваат енергија.
Другото се вика активна маса,затоа што е метаболички активна компонента и зазема многу од дневните потреби на една индивидуа.
Тоа што ти сакаш да се ослободиш е мастите и еве ти зашто.
muscle-vs-fat[1].jpg

На горенаведената слика 2.2 кг масти наспроти 2.2 кг мускули реплика што го имаш сега во моментов.
Бидејќи мастите зафаќаат поголем волумен од мускулите,и плус ја немаат можноста да го обликуваат телото како што ти сакаш,што би сакала повеќе да имаш во телото?
Нешто што зафаќа помалку а тежи исто,или нешто што зафаќа повеќе а не е потребно.
Тоа што треба да се фокусираш е на калориски дефицит,за да согориш 1 кг масти потребно е негативен баланс од 7000-8000 калории неделно.
Тоа значи околу 1000 калории дневно,преку активност или преку диети.
Но ако идеш со диета и гладуваш,го имаш ефектот на забавување на метаболизмот после 48 часа.
Телото секогаш ќе сака да јаде повеќе,а секоја храна што и да јадеш мора да се троши.
Затоа наместо да веруваш во рекла казала,прочитај малку за енергетскиот баланс и метаболизмот,ќе научиш повеќе отколку некој појас што на крај ќе ти даде илузија дека слабееш.
Тоа што ти слабееш е вода,а водата во денот можеш лесно да ја надокнадиш и плус ако јадеш повеќе сол и јаглехидрати телото ќе ја складира таа вода и ќе ти даде илузија дека си дебела.
Затоа наместо да се дехидрираш и да се лажеш,почни да се потиш интензивно.
Нема кратки патишта,биди трпелива и ако ти треба помош слободно побарај ме.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ајде дечаци еден совет. За некое време ќе треба да се ставам на диета.
Не планирам да следам некоја диета од типот на 100g зелка, парче сирење и пола портокал, туку едноставно планирам да зголемам на вода и да исфрлам благо, и да не јадам навечер. Е сега ваљда ќе треба да исфрлам и леб од исхрана. А јас сум човек на кој еден оброк од денот му е сендвич сигурно. Да ми препорачате некоја замена за леб?
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667

Двопек или пак оризови колачиња - еве вака изгледаат http://asianheartinstitute.files.wordpress.com/2013/04/ricecakes.jpg
http://takemyhand.files.wordpress.com/2007/01/ricecakes.jpg
не се благи имаат неутрален вкус и се одлична замена за леб.
 
T

Tamora

Можеби навидум изгледа како здрава храна но се преполни со шеќер.
 
M

Muranyi

Никако оризови колачиња!Имаат приличнo висок гликемиски индекс(91),кој најмалку ни треба кога сакаме да слабееме.А имаат мала нутритивна вредност.

Во секој случај подобра варијанта е интегрален леб,двопек или парче овошје(посебно ова)!

Остајте маркетинг,истражувајте сами,вие сами треба да знаете што е најдобро за вашето здравје,а не компаниите желни за профит.Еве листа на,наводно здрави продукти,кои ни ги наметнуваат и продаваат како такви а впрочем треба да се избегнуваат.

http://www.shape.com/healthy-eating/diet-tips/50-seemingly-healthy-foods-are-bad-you/slide/1
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 18:59 ---

И сол.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Никако оризови колачиња!Имаат приличнo висок гликемиски индекс(91),кој најмалку ни треба кога сакаме да слабееме.А имаат мала нутритивна вредност.

Во секој случај подобра варијанта е интегрален леб,двопек или парче овошје(посебно ова)!

Остајте маркетинг,истражувајте сами,вие сами треба да знаете што е најдобро за вашето здравје,а не компаниите желни за профит.Еве листа на,наводно здрави продукти,кои ни ги наметнуваат и продаваат како такви а впрочем треба да се избегнуваат.

http://www.shape.com/healthy-eating/diet-tips/50-seemingly-healthy-foods-are-bad-you/slide/1
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 18:59 ---

И сол.

А тие муслите од Кам океј се за слабеење? Вакви се од прилика:

M

Muranyi

Гостин
А тие муслите од Кам океј се за слабеење? Вакви се од прилика:

Најдобри ти се овесните снегулки,тие плавите од Тинекс и жолтите од Кам.Знам дека се гадни,но се најздрави,можеш да ги комбинираш со јаткасти плодови за подобар вкус.

Овие мусли кои ти ги постира,содржат шеќери и сушено овошје,кое е високо калорично.А калории не ти требаат,ти треба намален калориски внес и забрзување на метаболизмот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom