Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Треба да имаш карактер пред се, сигурно си се посрал во гаќи кога си слушнал што ти кажале докторите, тоа е мотив + за да почнеш да слабееш. И јас бев малце "елегантно попунет " :icon_lol:, па успеав во рок од 3-4 месеци да ослабам 20 кила. Јади многу зелени јаболка, сега баш ги има по пазарите по солидна цена, насабајле, после ручекот и навечер мора да ги јадеш. Можеш да јадеш црн леб, ама по неколку кришки, 3-4 дневно, од оние сецканине што ги даваат. Јади многу манџи и салати, тоа е најлесно за твојот организам, и најтешкото од се што мора да го направиш е да станеш од маса кога ти е најслатко јадењето...барем јас таква диета држам. На почетокот кога почнав со диетата ептен ми беше тешко, со 2 кришки на јадење, стомакот ме убиваше, сега пак и тие неможам да ги изедам, многу ми се. Ќе ти се навикне организмот со тек на времето.

За вежбање, почни со пешачење за почеток, да не го оптеретиш одеднаш срцето. Пешачи на пример 2 недели, па потоа почни полека со џогирање, значи се по малку. Кога ќе изгубиш неколку кила, почни со склекови, стомачни вежби, бицепси, трицепси, оди во теретана...Ако сметаш дека ти е потребен личен тренер, нема проблем, тоа ти е гаранција + за твоето здравје

толку од мене ;)
 
баш така ме опиша ,се укакав во гаќи .... целиот испаничен сум сега ..... за лебот , не јадам готов .... мајка ми со години прави домашен леб од црно брашно ..... и само домашен јадам .... многу сува храна јадам ... така сум навикнат .... обожавам да јадам сирење и јогурт .... секој ден јадам сирење и јогурт ..... не можам да замислам ден без да каснам сирење ,а пак јогурт главен пијалок ми е .... газиран не пијам многу , растворен сок пијам ..... главно исхраната ми е сендвичи .... сирењето ми е клучен елемент со се што јадам ..... дури и грашак манџа јадам со сирење .... чипсови не јадам,благо не .... претерано јадам бурек и банички ,бидејќи позади мене кај живеам си купувам постојано за јадење ако ми се пријаде нешто .... а за ова пешањево ќе одам , баш купив патики за трчање пред некој ден од Аутлет во Борис .... ќе трчам по еден час ,наутро и навечер .....
 
Не , ми престои опасност од губење на црниот дроб , имам проблеми со маснотиите, ми се натрупувале со години како од мал,цел живот сум дебел,неактивен,улежан кажано .... пијам некои апчиња за маснотииве ,одам на контрола секои два месеца во Румунска ....

Moраш да внимаваш и не смееш да држиш неразумни диети. Слабеењето мора да ти биде стабилно. Пробај со зачленување на myfitnesspal каде што ќе ги запишуваш калориите кои ќе ги внесуваш и ќе внимаваш на дневниот лимит. Исто така е одлична и insanity програмата, таму можеш да си одредиш и колку вежби ти требаат.
Совет од паталец - не почнувај магични диети со кои „ќе ослабиш 83 кила за два дена“.
Еве ти пример за диета дадена од нутриционист (вистински, не од вита диет клуб):
Појадок: 50 грама леб, 5 г путер, едно варено јајце/15 г мармалад/30 г сувомеснато/30 г сирење* + чаша млеко/јогурт (околу 200 мл)
Ужина: 150-200 грама овошје (ако е банана земи една само)
Ручек: 150-200 грама варен/печен зеленчук + 125 грама месо/риба* (варени или печени) + кафена лажичка зејтин (може да направиш и некоја манџа ако јадеш, ама без запршка)
Ужина: 150-200 грама овошје
Вечера: може да е иста како доручекот, а може и да си направиш голема салата со малку изрендано сирење
Битно е да се придржуваш до тајмингот и да јадеш на секои три саата за да се одржува нивото на шеќер во крвта. Месото треба да биде посно, најубаво телешка кртина или говедско, кое повеќе ти се допаѓа.
Вежбањето можеш да го вклопиш во ова. Ако живееш во Скопје прашај го Myers кој фитнес клуб би ти го препорачал. Не би ти препорачала користење на суплементи поради веќе постоечката преоптовареност на црниот дроб.
Напредокот нема да ти се случи одеднаш, имај трпение. Со разумна диета и упорност може далеку да стигнеш!
*од овие избираш едно, не сите одеднаш :D
 
баш така ме опиша ,се укакав во гаќи .... целиот испаничен сум сега ..... за лебот , не јадам готов .... мајка ми со години прави домашен леб од црно брашно ..... и само домашен јадам .... многу сува храна јадам ... така сум навикнат .... обожавам да јадам сирење и јогурт .... секој ден јадам сирење и јогурт ..... не можам да замислам ден без да каснам сирење ,а пак јогурт главен пијалок ми е .... газиран не пијам многу , растворен сок пијам ..... главно исхраната ми е сендвичи .... сирењето ми е клучен елемент со се што јадам ..... дури и грашак манџа јадам со сирење .... чипсови не јадам,благо не .... претерано јадам бурек и банички ,бидејќи позади мене кај живеам си купувам постојано за јадење ако ми се пријаде нешто .... а за ова пешањево ќе одам , баш купив патики за трчање пред некој ден од Аутлет во Борис .... ќе трчам по еден час ,наутро и навечер .....

Епа друже, ќе се одкажеш од се тоа, за пијалоци можеш само вода да пиеш како ненормален, или пак цедевита по две чаши дневно. Тие газирани, растворени сокови, сендвичи, банички исфрли се од организмот. За јогуртот не ти препорачувам да го пиеш во големи количини, можеби само една чаша дневно, дека и тој продукт содржи маснотии.
 
Moраш да внимаваш и не смееш да држиш неразумни диети. Слабеењето мора да ти биде стабилно. Пробај со зачленување на myfitnesspal каде што ќе ги запишуваш калориите кои ќе ги внесуваш и ќе внимаваш на дневниот лимит. Исто така е одлична и insanity програмата, таму можеш да си одредиш и колку вежби ти требаат.
Совет од паталец - не почнувај магични диети со кои „ќе ослабиш 83 кила за два дена“.
Еве ти пример за диета дадена од нутриционист (вистински, не од вита диет клуб):
Појадок: 50 грама леб, 5 г путер, едно варено јајце/15 г мармалад/30 г сувомеснато/30 г сирење* + чаша млеко/јогурт (околу 200 мл)
Ужина: 150-200 грама овошје (ако е банана земи една само)
Ручек: 150-200 грама варен/печен зеленчук + 125 грама месо/риба* (варени или печени) + кафена лажичка зејтин (може да направиш и некоја манџа ако јадеш, ама без запршка)
Ужина: 150-200 грама овошје
Вечера: може да е иста како доручекот, а може и да си направиш голема салата со малку изрендано сирење
Битно е да се придржуваш до тајмингот и да јадеш на секои три саата за да се одржува нивото на шеќер во крвта. Месото треба да биде посно, најубаво телешка кртина или говедско, кое повеќе ти се допаѓа.
Вежбањето можеш да го вклопиш во ова. Ако живееш во Скопје прашај го Myers кој фитнес клуб би ти го препорачал. Не би ти препорачала користење на суплементи поради веќе постоечката преоптовареност на црниот дроб.
Напредокот нема да ти се случи одеднаш, имај трпение. Со разумна диета и упорност може далеку да стигнеш!
*од овие избираш едно, не сите одеднаш :D

живеам во Ѓорче .... можеби Кај Марјан е ок да појдам ..... кај стадионот Кокта ....
 
Не знам, почекај Myers да пише. Само немој да се фрустрираш ако не можеш од првиот ден да возиш саат и пол на точак, да трчаш на лента и да дигнеш 150 кила :unsure:
За постигнување на форма треба време, ништо не се постигнува одеднаш. Ако се осетиш гладен (без разлика дали ќе се придржуваш до диетата што ти ја пишав или некоја друга) земи овошје како јаболка или салата од зелка, моркови, нешто што е крцкаво и треба време да се изеде. И, она кај што многу луѓе се зезнуваат, ако ја прекршиш диетата - не ја прекинувај целосно. Продолжи како да ништо не се случило. Сепак гледај што повеќе можеш да ги држиш работите под контрола.
Можеш да го прочиташ и текстов, а еве ти линк од подфорум на реддит, ако знаеш англиски можеш да си пишеш и таму. Good luck! (y)
 
му пратив порака на него и сега ќе чекам одговор .... за диетава ќе зборам со моиве поготово со мајка ми или пак сестра ми , она знае да готви,јас сум жива тараба за тоа ..... и уште еднаш големо фала до сите што посветивте внимание да ми одговорите :) ;)
 
Нормално дека е подобро да почнеш со некој што знае како и да заедно работите на целта.
Така ќе научиш како правилно се храни,како правилно се вежба и како да не ти се случи тоа во иднина пак.
Ако почнеш сам ќе ти биде тешко од сопствено искуство кажувам и знам како е да ослабнеш 25-30 кг.
Ќе треба да истражуваш се за исхраната,типот на вежбите,колку оброка треба да јадеш,колку паузи помеѓу серии.
Тоа ќе трае долго и ќе ти одзема време,ако имаш нормално те советувам почни така,ќе научиш многу но заради пре информираноста од сајтовите ќе отидеш на погрешни страни.
Со личен тренер и нутриционист ќе работите заедно да оформите и ќе направите цел.
Тој ќе ти биде ментор и нормално ќе искусиш по бавни резултати одколку сам но ќе бидеш мотивиран и ќе имаш Wikipedia на дланка.
Од искуство и теорија ти кажувам дека се што пишува не е точно,така да за почеток минимум 3 месеци изнајми некој види како е и ќе видиш дека сум бил прав.
А што е до изговорите што ги даваш,ќе ти кажам дека ти самиот си бил крив и дека си имал можност али си ја игнорирал и не си ги направил правилните чекори.
Имам учено од Давид и можам да ти го препорачам затоа што е ставрно добар човек.
Ако имаш потреба за уште нешто слободно прашај и нема не можам мрзливко,има не сакам да го направам тоа.
 
lGSkkGx.png

Не сум фан на вакви диети од проста причина што скоро секогаш се случува јо-јо ефектот.
Но ако некој смета дека нема да се прејадува после диетава, нека ја проба.
 
За мене најефикасна диета е следнава.
Појадок и ужина : овошје по избор или 10тина бадеми, лешници, ореви
Ручек: Што има зготвено за тој ден, со тоа што пола од тањирот ќе го наполнам со салата и без леб. Ако има чорба за ручек тогаш може 2 кришки црн леб.
Ужина: овошје
Вечера: 2 варени јајца+салата, салата+пилешко или само салата, зависи колку сум гладна.

Не е тешко да се држи, не осеќаш глад, имаш енергија и не ти се темни пред очи, ама па нема некои пребрзи резултати, туку слабеење од 0,5-1 кило неделно.
Планирам едно месец да се придржувам кон ова, плус повеќе да пешачам. Би требало да симнам некои 4-5 кила, ама само ако успеам да и‘ одолеам на чоколадата. :icon_lol:
 
баш ми одговара диетава ... но се прашувам ?! ... како да се претворам од говедо преживар тешко 105 кг во Орландо Блум со 60/70 кг тежина за брзо време ....
105-70 =35 кг да намалам за кратко време ?! како со оваа диета се прашувам :! хммм а баш ми се допаѓа диетава искрено .... а проблем е бавното слабеење со диетава :ROFLMAO:
 
За мене најефикасна диета е следнава.
Појадок и ужина : овошје по избор или 10тина бадеми, лешници, ореви
Ручек: Што има зготвено за тој ден, со тоа што пола од тањирот ќе го наполнам со салата и без леб. Ако има чорба за ручек тогаш може 2 кришки црн леб.
Ужина: овошје
Вечера: 2 варени јајца+салата, салата+пилешко или само салата, зависи колку сум гладна.

Не е тешко да се држи, не осеќаш глад, имаш енергија и не ти се темни пред очи, ама па нема некои пребрзи резултати, туку слабеење од 0,5-1 кило неделно.
Планирам едно месец да се придржувам кон ова, плус повеќе да пешачам. Би требало да симнам некои 4-5 кила, ама само ако успеам да и‘ одолеам на чоколадата. :icon_lol:

Со оваа диета ќе го уништиш црниот дроб друго ништо нема да постигнеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom