Деца во двојазични средини

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.909
Поени од реакции
25.276
Denes razmisluvav nesto, ima li ovde roditeli koi zboruvaat na razlicni jazici, a deteto im rastelo vo sredina kade se zboruval tret jazik? Kako bi se odvivala taa procedura? Okej, nekoj kaza deka po doma sekoj roditel da mu zboruva na svojot jazik, no sto koga kje go ispratis deteto na skolo? Neli bi bilo malku konfuzno za nego?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Не сум сретнал случаеви каде родителите зборуваат на различни јазици.
Таквите родители кои претходно зборувале на различни јазици почнуваат да зборуваат на еден јазик. Или едниот учи или другиот, зависи кој јазик ќе им е потребен во државата каде што ќе живеат.

Децата најлесно учат во друштво со други деца кои зборуваат друг на јазик. На почеток мислите дека ништо не ве разбираат и најубаво е да се започне со учење на возраст од 1.5 до 3 години.
Јас моето го учам англиски и ептен ми е смешен кога почнува нешто на македонски па продолжува некој збор на англиски. :pos:
 
Член од
30 септември 2014
Мислења
46
Поени од реакции
55

И во друштво не е баш најлесно да се учи. Јас живеам во двојазична средина и имам другари албанци од мали нозе уште. Они знаат македонски пошто повеќе им треба го учеле и у школо, па со мене зборуваат македонски. Албански знам колку само во продавница да се разберам :)
 
Член од
10 јануари 2012
Мислења
14
Поени од реакции
19
Интересна тема :). Ја сум у ситуацијава и секој ден кага му зборам на син ми си се прашувам што кога ке почне да збори. Ја и маж жи збориме различни јазици и плус живееме во држава со два јазика. Хахахх ама некако сум сигурна дека македонскиот ке му биде прв јазик. Мајка ми го чува и као што знаеме бабичките си поштуваат јазик. Она и со мм збори македонски. :).
Не се плашам што како ке биде. Трпелива сум и ке го научам и на уше два додатни јазика здравје кога ке почне у школо. Тоа сум го научила во животот ...еден јазик вреди као еден просечен живот. Шест би биле доволно.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Децата до 6 години можат да научат да зборуваат до 4 јазика истовремено, ако во нивното опкружување се употребуваат истите. Така да немајте гајле, подобро ќе знаат да зборуваат од родителите ако растат во земја каде што на ниту еден родител тамошниот јазик не му е мајчин.
 
Последно уредено:
Член од
13 март 2015
Мислења
63
Поени од реакции
40
Јас сум за да се научат и двата јазика.На децата мозоците им се како сунѓери и лесно памтат.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Јас сум за да се научат и двата јазика.На децата мозоците им се како сунѓери и лесно памтат.
точно... затоа што не се оптеретени со други глупости...

инаку примери за 2-3 јазици во семејство познавам многу... братучед имам во нов зеланд кој е продукт од мајка му македонка и татко хрват, а сопругата му е македонка... он на своите деца им збори на српско-хрватски, мајката им збори на македонски а нормално во школо и целото надворешно опкружување зборат на англиски (бритиш инглиш поточно)... едното дете има веќе 9 години.. перфектно ги владее сите 3 јазици и за зборење и за таа возраст пишување.. помалото е 6 години и тоа е скоро исто, само помало е нели па знае да измеша кога е возбудено или така нешто...
 
Член од
13 март 2015
Мислења
63
Поени од реакции
40
Вака, и јас и маж ми сме Македонци. Двајцата им зборуваме македонски за сега,јас ќе им прозборувам дански понекогаш,зашто таму живеат и плус во градинка ќе се дружат со другарчиња Данци и така ќе го научат. Англиски ќе си научат на училиште,преку телевизија. Инаку првото ми е 2 години и 5 месеци и разбира и македонски и дански,кажува по нешто на двата јазика и повеќе пати знае да измеша што е нормално за толку мало дете. Додека другото уште не прозборе,ама и тоа ќе биде,има време. Како јазичар ќе се трудам да научат повеќе јазика,ама полека за да немаат одбивност кон јазиците.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Јас имам правено муабет со стручно лице и тој ми кажа, дека доколку времето го поминуваат во друштво со деца кои зборуваат на друг јазик, тогаш највеќе за 6 месеци ќе го научат. Тоа мора да биде спонтано преку игри, цртани филмови, детски емисии итн, а не присилно.

Децата кои учат втор јазик додека се на мала возраст ги користат истите вродени стратегии како и за мајчиниот јазик. После многу е полесно да научат трет или повеќе јазици, отколку втор јазик. Камо мене како мал да ме учеле Германски и Француски, а не сега. :D
 
Член од
1 јуни 2019
Мислења
59
Поени од реакции
130
Мене како дете мајка ми ми збореше на еден јазик, татко ми на друг. И двата јазика ги научив и денес убаво ги говорам. Кога почнав во школо, со деца се усовршува јазикот на земјата на живеење. Многу е корисно да се знаат повеќе јазици и како мали најлесно е да се научат децата, после се тоа ќе им користи
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.740
Син ми на свои три години зборува на три јазици, ама ќе го тестирале да не има аутизам оти доцнел со говорот, за разлика од неговите врсници. Мајката западњачка да ви ја ебам!
Неколку пати се среќавам у животов со семејства чии деца растат учејќи два или три јазика. Во сите случаи децата подоцна прозборуваат од вообичаено, но интересно е дека кога ќе почнат одеднаш сите три ги зборат.
Таков беше примерот на другар оженет у Јапан. Двете деца подоцна прозбореа и ги збореа сите три јазика.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.909
Поени од реакции
25.276
Denes razmisluvav nesto, ima li ovde roditeli koi zboruvaat na razlicni jazici, a deteto im rastelo vo sredina kade se zboruval tret jazik? Kako bi se odvivala taa procedura? Okej, nekoj kaza deka po doma sekoj roditel da mu zboruva na svojot jazik, no sto koga kje go ispratis deteto na skolo? Neli bi bilo malku konfuzno za nego?
Од 2014та сум се секирала за ова, како да сум знаела што ме чека. :LOL:
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.920
Поени од реакции
2.156
Од 2014та сум се секирала за ова, како да сум знаела што ме чека. :LOL:
Хаха, и мене ова ме чека. Инаку се секирав дури не запознав на еден другар внука. Татко русин, мајка пољачка, детето на 3 години, зборуваше Руски, Полски и Англиски.

Кај мене ќе треба Македонски, Португалски и Англиски. Убаво е што во NJ има и за децата да научат Кирилица, во Црквата имаат неделни часови.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.459
Поени од реакции
17.957
Од 2014та сум се секирала за ова, како да сум знаела што ме чека. :LOL:
Bas ti go procitav postot pred ovoj komentar i si pomisliv deka vsusnost nekoi raboti nesvesno gi ocekuvame vo zivotot, kako da znaeme sto ne ceka.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.837
Поени од реакции
20.298
Ќути мојве два јазици требаше, англиски и македонски, зборат и трет по свој избор, шпански и француски, наши се тоа деца македонски паметни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom