Дефинитивно бришење на Македонците

Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
A1 svrsuva na sekoj natpis ili bilo kakvi vesti sto se nasoceni kon promena na imeto.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Истиве муебти ги правевме и за "Северна" пред некоја година. Не знам за тебе, јас се плашам:toe:

Да ти забајме ебаго, горе плачикур кај Вајт оџата :pos::pos::pos::pos::pos:.



Инаку ништо ново си го знаеме ние ова тие ќе си трубат по нивно, а ние по наше итн......
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Шведско радио.... :tv::pos2::pos2:
Ова ти е прднал Чак Норис и прдежот го нарекле торнадо.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Иду Швеџаниии!!!!:vozbud:
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Abe sto gi ebavate grcive:tapp:

Tie se nikoj i nisto:tapp:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Дневник

За Атина, завршила играта за името



„Република Северна Македонија“ е име што Атина го прифаќа, вели Друцас, а од македонското МНР изјавуваат оти во преговори секогаш има и друга страна

Република Северна Македонија е име што е прифатливо за Грција во рамката за решавање на проблемот, објави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас. Од македонска страна стигна само неофицијалната реакција на висок претставник на Министерството за надворешни работи дека во сите изјави на Друцас провејува едностран приод кон проблемот, без да се коментира што е прифатливо, а што не за Македонија.

Друцас деновиве искористи уште една шанса да ја обвини земјава дека во изминатите години, всушност, ги избегнувала преговорите и се криела зад предлозите на посредникот Метју Нимиц.

- Играта заврши. Ние ги преземаме неопходните чекори и јасно им кажуваме на сите дека Грција сака решение и тоа што поскоро. Но, за да дојдеме до решение, треба политичка волја и од другата страна. Јасно кажуваме дека име со географска одредница за севкупна употреба е реален одраз на ситуацијата. Република Северна Македонија влегува во рамката што ја опишувам - изјавил Друцас.

Според него, ако премиерот Никола Груевски го одбие ова решение, ќе треба да му објасни на својот народ зошто го одвраќа од европската перспектива додека сите други земји од Балканот постигнуваат напредок на европскиот курс.

Грчкиот министер уште порачува дека „играта мора да престане“ и ако реалната имплементација на името што ќе се договори значи промена на Уставот на Македонија, тоа ќе треба да се направи.

Македонските политичари не го коментираат ставот на Друцас.

- Самите преговори за решавање проблем, па и на овој, претпоставуваат дека има две страни и дека треба да има приближување на ставовите. А во изјавите на грчкиот министер се нуди едностран пристап, без да се води сметка дека воопшто се преговара. Во однос на сите прашања се зема само една страна како да нема преговори - изјавија од МНР.

Сепак, грчката страна не крие дека со ваквите изјави всушност сака да ја поправи поранешната пасивна позиција на властите во Атина и дека на овој начин сакаат да ја добијат дипломатската битка. Денеска, според грчката Влада, партнерите и сојузниците внимателно ја слушаат Грција и ги разбираат нејзините позиции, а тоа е успех што не смее да се занемари.

Домашни експерти ваквото однесување на Грција го толкуваат како обид да се претстави како конструктивна во услови кога Македонија не се изјаснува за ништо.

- Јасно е дека Грците сакаат да се прикажат како проактивна страна во спорот и да покажат дека не глумат - велат експертите.

Според нив, со ваквото однесување, Атина всушност ја диктира динамиката во процесот.

Втората цел на Грција е со ваквото однесување да ја „соголи“ позицијата на Македонија и да ја прикаже како целосно некооперативна, односно дека двете страни во процесот не се исти.
Не се исклучува и дека Грција, според ваквите изјави на Друцас, сака да се избори за што подобра позиција пред очекуваната нова рунда преговори што Нимиц би требало да ја свика во втората половина на месецов. Изјавите на Друцас дека „Република Северна Македонија“ е прифатливо решение за Грција, би биле доволен знак за Нимиц дека не би требало да се спушта под тоа, велат експертите.

Во услови кога Грција води дипломатска битка за добивање подобра позиција во процесот, Македонија се огласи само со неодамнешната изјава на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дека Атина едно зборува, а друго работи и ако навистина сака да помогне во интеграцијата на регионов и на Македонија во ЕУ, ќе треба да го смени односот кон земјава. Другиот став, кој македонските власти постојано го повторуваат, е дека Македонија е подготвена за преговори и за конструктивно учество во нив во секое време. Но, за домашните и странските експерти, оваа изјава е дел од битката за имиџ, која се огледа и во инсистирањата на двете страни дека средбите на премиерите на Македонија и на Грција, Груевски и Папандреу, се по иницијатива на едната, односно другата страна.

- За жал, освен тоа, од македонска страна нема друга изјава и речиси е сигурно дека нашата позиција цело време останала двојната формула. Тоа никој досега не го демантирал - велат нашите извори.

Тие додаваат дека не очекуваат и дури и ја исклучуваат можноста Македонија јавно да ги дефинира своите позиции, па дури и да каже дека, на пример, за нас не е прифатливо „Република Северна Македонија“.

Жана П. Божиновска


Итно до решение

Одговорот дали името на земјата ќе биде „Северна Македонија“ зависи од македонската Влада, изјави вчера евроамбасадорот Ерван Фуере.

- Двете страни под раководство на ОН треба да најдат решение. Секоја иницијатива е добредојдена и е многу јасно дека постои огромна итност да се најде решение за ова прашање. Колку побрзо се најде решение толку е подобро. Веќе е договорен состанок со посредникот на крајот од месецот и се надевам дека ќе дојде до решение - рече Фуере.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
Makedoncki,chekam od tebe ushte od utrinski,shpic i od vreme da stavis po nekoj tekst. Od onie poapokalipticnite-pocrno zdravje! Ovoj tekst od dnevnik voda da im nosi! Pa ne e vo red da gi propushtish i ostanatite objektivni i vlijatelni mediumi vo Mk, NELI!?
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Нема проблема но ќе има ванредни избори на кои Николче треба да изгуби а Папата да ја превземе одговорноста и еднаш за на век да се реши тоа прашање и така сите да си живееме до крајот на својот живот среќни и весели.А и "богати."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom