[FONT="] Депресија!
Ова е психопатолошка состојба која силно влијае врз секојдневното функционирање на индивидуата и предизвикува болка и страдање не само на поединецот, туку и на целото негово семејство. Сериозната состојба на депресија е во состојба да го уништи семејниот живот на поединецот, како и неговиот живот.
Многу од луѓето кои страдаат од депресија не бараат помош од стручни лица, иако на повеќето од нив може да им се помогне.
(Баш ме интересира како Lezbiangirl се справи со тоа без помош):uvo:
[/FONT] Симптоми на депресија
- Постојано чувство на тага, вознемиреност или чувство на празнина
- Чувство на беспомошност, песимизам
- Чувство на вина, безвредност, беспомошност
- Губење на интерес задоволство од активности кои порано предизвикувале задоволство, вклучувајќи и сексуални активности
- Намалена енергија, успореност
- Потешкотија во концентрацијата, помнењето, донесувањето одлуки
- Проблеми со спиењето, рано будење, или прекумерно спиење
- Губење апетит или тежина, или прекумерно јадење
- Мисли на смрт или самоубиство, обиди за самоубиство
- Немир, иритираност
- Постојани физички симптоми кои не реагираат на лечење, како на пример главоболки, проблеми со стомакот, и хронични болки
( Ако не ги заприметиле симптомиве, браво. Комшија да ти е ќе заприметиш а не дома да го гледаш, без разлика дали еднаш неделно)
Причини за депресија
[FONT="]Постоењето на стрес фактори во животот, семејството или работата...[/FONT] Исто така, сериозна загуба, врска која е тешка, финансиски проблеми или било какви стресни промени во животот можат да предизвикаат депресивни епизоди
Во иднина, откако личноста веќе пројавила депресивно однесување, повторните епизоди на депресија можат да се предизвикаат дури и со мали стрес фактори или дури и без нив.