Имам 22 години, секогаш бев позитивен лик, се дружев со блиските пријатели, имав мотив за се, но за краток период многу нешта во мојот живот отидоа наопаку.Блиските луге почнаа да ме критикуваат, исто и од семејството, ме напуштија блиските, некои почнаа да се прават добри со мене само за да ме искористуваат за нивни лични интереси на разни ситуации итн.Се дојде набрзо, станав депресивен, не излегував од дома, едноставно станав осамен лик и тоа за жал ми стана зависност.Откако видов колку е мирно, изгубив мотивација за се, ми доаѓа да дигнам рака на се.Порано неможев да ги сфатам таквите луге, и кога прочитав од изјавата на Светска Здравствена организација дека секоја година 800.000 луге во светот се самоубиваат порадидепресијата, и според статистика покажува дека секои 40 секунди некој се откажува од себе поради депресијата.Не знам веќе што да правам.Скоро сите ме изоставија, се грижев доста за моите блиски, кога беа во тешки финансиски состојби повеќе пати им имам дојдено во пресрет, но тие тоа не знаа да го ценат ни да го признаат, се однесуваа како да не сум ни таму кога бев во тој момент со нив.Скоро сите пријатели ми го направија ова, и толку сум збунет од толку дешавки, едноставно и уморен сум од тоа.Премногу се плашам да кажам на некого затоа што не сакам да ме гледаат луге во мојот живот каде што ќе ми се спротиставуваат, забавуваат од тоа како се чуствувам смешно и глупаво.