Е вака...
Пробав со брич, се избричив денес под пазувите, ама ми смета тоа што бричот не ги отстранува комплетно влакната, туку остануваат ситни влакненца кои боцкаат при допир и можат многу лесно да се приметат.
Дајте ми некој совет, морам ли со брич?
Знае ли некоја од вас со што ги отстрануваат влакнатата познатите глумици и топ модели?
Всушност, мора да е на козметичар со восок, ама вие викате штетно било за жлездите... а сум приметила на телевизија колку им е мазно под пазувите на познатите девојки, од далеку се приметува дека не користат брич.
Можеби е прашањево смешно, ама навистина го имам забележано тоа и многу ме интересира. Претпоставувам дека е со восок, но вие викате штетен е, ќе ми каже ли некој посигурно и подетално?
Навистина ми пречат ситните влакненца, ако не да си се вратам на машинката...