Депилацијата е метод на отстранување на несаканите влакненца од телото. Најчесто се прави со восок, и тоа топол или ладен. Доколку се спроведува со топол восок тој претходно треба да се загрее, но не премногу, и да се нанесе на саканото место, што потоа се прекрива со крпче или лента. Постојат и ленти кои на себе веќе имаат восок. По околу три секунди, откако восокот ќе се залепи за влакненцата и со раката ќе се премине преку лентата, се преминува на нејзино отстранување и тоа во обратна насока од растењето на влакната. Оваа метода најдобро е да се применува еднаш до двапати месечно за да не дојде до преголемо иритирање на кожата. По завршувањето на постапката кожата на депилираниот дел од телото најдобро е да се исплакне со млака вода, а по неколку часа, откако ќе се соберат порите, да се намачка со лосион. Ладниот восок, за разлика од топлиот може да остави подливи, а и кожата често по третманот е леплива. Постојат креми за депилација, што се лесни за употреба и сосема безболни. Имаат и активни состојки што ја храната кожата, но, за жал, и специфич ен и не баш пријатен мирис што на многумина им пречи. Недостаток е тоа што влакната повторно ќе израснат по околу седум дена. Разните апаратчиња на струја и батерии за домашна употреба се мошни корисни, но целата постапка се одвива прилично бавно, затоа што влакната се отстрануваат едно по едно. Маани се: главоболка поради тоа што процесот трае предолго, влакната стануваат жилави и поотпорни (нема боцкање како по бричењето, но тие се дефинитивно појаки), сепак, може да се најдат во исклучителни и итни ситуации. Бричењето е брзо, практично, но најчесто и најмалку корисно. Особено ако имате т.н. гускина кожа веројатноста да ја иритирате е огромна. Истото може да се случи и доколку бричот е позајмен или веќе неколкупати употребуван. Епилацијата со ласер би требало трајно, барем според рекламите, да ги отстрани несаканите влакна, но методот с&"238; уште нема широка примена како депилацијата. Кога се работи за цената тоа дефинитивно е најскапиот метод, но ако се суди по системот "нека чини колку што чини, ако сум мирна до крајот на животот" тогаш е најкорисниот. ВИСТИНИ И ЗАБЛУДИ ЗА ДЕПИЛАЦИЈАТА Со бричењето влакната стануваат појаки, погусти и потемни - тоа е заблуда. Со бричот влакната се сечат под одреден агол, односно до нивото на кожата, што, пак, значи дека коренот останува недопрен. Па со самото тоа бричењето не може да има влијание врз цврстината, дебелината и бојата на влакната. Заблудата е резултат на оптичката лага зашто кога влакното ќе се појави на површината прво се појавува дебелиот дел. Ако почекате влакното да израсне до крај ќе видите дека е исто како порано. По секоја депилација со восок резултатот трае подолго од претходно - тоа е точно. Со топлата депилација се оштетува коренот на влакното и по неколку третмани растењето се забавува, што најдобро се забележува кај жени и девојки со изразена влакнетост. Ако влакната од веѓите се отстранат од коренот нема да пораснат никогаш - заблуда. Со добра пинцета влакненцата ќе ги отстраните од коренот тоа е точно, но тоа само ќе го забави растот. Депилацијата со топол восок боли повеќе доколку се спроведува за време на месечниот циклус - потполно точно. Тоа е затоа што повеќето припаднички на понежниот пол во тој период се особено чувствителни на болка, што може да се намали со благ аналгетик пред третманот. Влакненцата од бикини зоната не смеат да се отстрануваат со брич - заблуда. Внимателно и не штедете ја пената. Влакната прво се бричат во насока на растењето, а потоа обратно. Кожата потоа добро исушете ја, па намачкајте ја со блага крема