Демир Хисар - сте го посетиле?

CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
bacilo напиша:
луѓето не чинат оти работат кај таткоти по осум часа за 380 ден?затоа нечинат?ако е за тоа,во право си.
Не чинат оти ко ќе дојди сите ја гледаат како Скопска госпоѓа и и одат по газот. А и Демир Хисарци го богатат татко и за таа да може да се пуфка во Скопје. Затоа не чинат.
:sekss::sekss:
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403
Поени од реакции
0
Crazy P0Y0L напиша:
bacilo dosega si najinteresniot forumdzija(mnogu si pesimista)
jas samo sum pominvel preku demirhisar nekolku pati to e se
епа ако си поминувал шо не застанеш на по едно пивце.ке те прошетам малку низ градчево
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ок, Ане јас морам малце да те бранам дип сум му девер на татко ти. :) Инаку кај си ти се изгуби? Туку речи сега да кажам за што е во право а за шо не. Точно е дека луѓето не чинат, ама не да нечинат од она што се лоши другари или друго, туку поради претераниот малограѓанштилук. Тоа е како резултат на доселувањата од селата, така да во градот сме само 10тина фамилии патриции и тоа: Трумановци, Беломачковци, Јошевци... Е сега не може некој да приме урбани навики во рок од 2 години... И мора да застанат 3-4 женички на некој клупа да окапат тука цел ден и да ја оговараат Анастазија какви обетки носела.

За Чак Норис: Немој молимте, на Ана никој не и оди по газот баш имам осетено некоја одбивност која што ја наметнувате а е потикната од тоа што навикната е да зборва скопски и татко е по некоја случајност е најголем капиталист во Демир Хисар, и друго мислам дека и завидлакот игра улога вака наеднаш што и се нафрливте и со самото тоа го потврдувате она што го пиши ана.

Ана не е надуена скопса госпоѓа затоа што и таа лани работеше кај татко и за 380 ден на 8 сати, и јас имам работено за иста таква дневница. Дури и татко и може да се смета за еден од подарежливите газди, затоа што кај татко ми дневниците се 300 ден на 8 сати. Ама пак никој не е присилен да работи таму. Веќе влегов во една пресметка капитализам-комунизам, работата е што во мозочињата на повеќето македонци е она титово време, кога се одело од 8 на работа и се читале весници до 3 и оп станче со 12 плати, тоа е умрено, во капитализмот секој е оставен сам на себе ако сака нека работи кај Шате, ако сака нека вози такси, нека пита, ..... или нека умри.

Мислам дека треба да си ги тргните предрасудите за "Скопската Дама", за да не го има оној впечаток кој би го добила со минатите 7-8 поста.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Aj Томче младо момче во право си... да речиме, не за друго туку дека не е фер темава да ја труеме со расправии, кој сака нека пишува, нека опише нешто повеќе за Демир Хисар.

Пример јас ќе пишам нешто за изминатата недела. ..

Според мене една од подобрите недели во Демир Хисар во однос на журки кои за жал ретко ги има кај нас...

Прво почна викендот (Петок и Сабота) прекрасна свирка на Драган Ѓуровски - Роки (придружниот вокал на Тоше по концерти, на Евровизија) и еден од дечките од групата НонСтоп (гитарист не ми текнува на името, но феноменално свири) во кафетерија Пејковски.

Недела како недела, нормално за летото во демирхисарско, музика од неколку кафичи, во кафе B.S.-една група од Битола, која започнува со Студена од Тоше (пази на српски - значи Ледена), а завршува со песни од Тома Здравковиќ и Харис Џиновиќ. Слична е ситуацијата и во Thunder каде групата која свири е од Македонски Брод, и цела вечер „растураат” српски песнички. Дезодеја знае да живне понекогаш кога ДЈ е Мафтанчо , иако последно време и таму е слабо, можеби треба да се погрижат да донесат некоја група некоја добра забава. Во 501 се знае, некогаш може да биде ужасно слабо, но некогаш може сите кои се во кафичот да се качат на маси и да се пие од пивото во кригла додека сите не се направат „летви”.

Викендот што помина помина дојде понеделникот, и го донесе најдоброто изненадување во изминатата недела : групата DAY OFF. Феноменална музика, дечките се лудило. Опстојуваат повеќе од 10 год на македонската сцена и секаде кај што свиреле, оставиле најдобар впечаток. Ги свиреа добрите стари рок хитови, рок балади, понови рок песнички, едноставно незаборавна свирка од околу 5-6 сати. Само едно браво, и се надевам дека сите кои ќе идат да направат свирка во Демир Хисар ќе се барем приближно добри на Деј Оф.

Вторникот, немаше никаква свирка, но и во Демир Хисар го прославивме Илинден. Некаде 200 луѓе се собраа пред Домот на културата каде настапија КУД Илинден - Демир Хисар (помалата група - односно средната не најмалите) и КУД Стублиње од Стублиње (Обреновац), Србија. И добро си ја одработија работата дечките но секогаш во ваквите концерти најважно е дружењето. Истите тие актери учествуваа и во средата во Селото Смилево, на обележувањето на Илинден.

А вечерта во средата имаше повторно свирка и тоа во В & Ѕ. Нешто што го очекував долго време и се надевав дека ќе биде продолжение на тоа од понеделникот. Групата Памперси, од Битола. Свиреа истите дечки пред 3-4 год во Кафичот кој сега не работи - Болеро, и навистина беа нешто посебно, можеби затоа очекував истото да биде и сега... но :( ме разочараа. Ја промениле дел од екипата е дефинитивно не напреднале од тогаш, дури и се вратиле наназад. Имаше малку луѓе во кафичот, кои пополека си заминуваа... Тоа во најголем број беше онаа истата публика која збеснуваше на музиката на Деј Оф.

Во четвртокот немаше ништо... па.. нема што да се каже.. и уште нешто, затворија еден кафич минатата недела а тоа е Фешн (Fashion)

...а денес? денес почнува нов викенд, па се надевам ќе биде интересна недела.. за тоа ќе видиме...
 

CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
Ти па Томица одма се продаде за 380 денари што ги земаше 1 месец. Па гледаш дека ти вели луѓето во Демир Хисар не чинат. Ти мислиш дека си исклучок во муабетот? :pusk: Таја зборуваше во глобала и јас убаво ја сватив. Само што тебе те мачат семејните традиции со нејзина фамилија. Ама тоа е.
 

CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
maliOT напиша:
sum slusnal i sum bil vo d.h.
:)
Кажи нешто повеќе. Сакаме мислења од „странци“ кои биле во ДХ. Кај си бил, што си барал( ако смее да се знае), дали познаваш некој од ДХ? Па ако планираш да не посетиш пак кажи. Ке частиме кафе :)
 

Mesija

Hardcore Superstar...
Член од
13 ноември 2005
Мислења
212
Поени од реакции
1
Вака сега да разграничиме една работа..Се почнаа многу навлегувања во приватноста на Анастазија..:nenene: Како прво,како не ви е срам за Шате да го кажувате дека го богателе, дека рмбале луѓето кај него..ГОЛЕМ МИНУС ЗА ТОА, СИТУАЦИЈАТА Е СПРОТИВНА..Ако не беше тој, половина ДХ нема леб да јади.. Епа ајде кажете кој друг „газда” во Демир Хисар му дава 380 денари дневница??? Па колку сакате да ви дава 5000 и пак нема да ви бидат доста...И друга работа, јас се изненадив од Ана со постот иако можеби и мислела поинаку со постот, јас напишав за тоа дека рече дека луѓето не чинат, за да ми објасни , а вие почнувате со навреди..Стварно не е фер зошто ако не беше Шате во ДХ кај ќе работеа тие луѓе кои моментално работат таму????
И стварно Ана не е надуена Скопјанка,(стварно не е онаква каква што ја замислувате, во неа се крие добра другарка) како што ја викате туку само мене ме изненади со постов..И како што рече Томче во ДХ има многу малограѓанско понашање и стварно е така рака на срце..

Јас мислам да се прекини со озборување по форумов зошто стварно е срамота да зборувате така за Шате, зошто половина Демир Хисар зема леб од него и срамота е така да велите....И пишувајте за градот а не за луѓето , еба*е Демир Хисарците и овде се карате....
 
Член од
20 февруари 2005
Мислења
19
Поени од реакции
0
Лелелееееее....шо е ова бе?:) C c c c c...A бе убо ви е во Демир Хисар а!?
Бравос, Бравос.... А бе алал да ви е си се борите за градчето, ако се прашувам јас.....сакам да го подзапалам малце или малце поќе, барем еден дел да изгори!:) И да гооо НЕееМММАааа!!! :)
....ИМало и ќе има Патриоти!!!
 

CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
VESELIOT напиша:
Лелелееееее....шо е ова бе?:) C c c c c...A бе убо ви е во Демир Хисар а!?
Бравос, Бравос.... А бе алал да ви е си се борите за градчето, ако се прашувам јас.....сакам да го подзапалам малце или малце поќе, барем еден дел да изгори!:) И да гооо НЕееМММАааа!!! :)
....ИМало и ќе има Патриоти!!!
Епа ако го подзапалиш ќе нема кај да се вратиш после 1 -2 месеци. И не заборавај дека и ти потекнуваш од Демир Хисар. Со палењето ке си ја изгориш и остатокот од фамилијата. :tapp::tapp:
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Сум бил и ми личи како некое малку поголемо село, како некое од Струмичка околија
 

CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
asterix_m напиша:
Сум бил и ми личи како некое малку поголемо село, како некое од Струмичка околија
Ко ке идеш пак да ми се јавиш. Без разлика што не сум комуњар ке пиеме по едно пивце на моја сметка :). А за село, село е.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
CakNoris напиша:
Ко ке идеш пак да ми се јавиш. Без разлика што не сум комуњар ке пиеме по едно пивце на моја сметка :). А за село, село е.
Добро бе тиквар еден, дај прво прочитај што си напишал претходно па после постај светрум. "За село, село е", Па цело време град го прајш?...И темава ја отворив за луѓе шо не се од демир хисар, а не да почниме јас,ти,димитар,кико, и уште два тројца да чатуваме на формуов.. и не мора толку често да постате, остајте да кажат другите што мислат за нас си знаеме....
и друго VESELIOT не е по потекло од демир хисар. Туку тој Е од демир хисар, а знаеш зошто ќе го пали? преку к*р му е дојдено од вакви работи, а богами и мене... значи ако сакаш да запознаваш другарчиња.. мИРЦ, а овде зборваме за градот.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Навистина 10 пати ако поминеш, на пивце... се знае за такви работи приватна порака...

Тука дајте пишете што е ново нешто за ДХ.. прочитај ја мојата претходна порака и ќе видеш на што мислам
 
Член од
20 февруари 2005
Мислења
19
Поени од реакции
0
tomsaso напиша:
Добро бе тиквар еден, дај прво прочитај што си напишал претходно па после постај светрум. "За село, село е", Па цело време град го прајш?...И темава ја отворив за луѓе шо не се од демир хисар, а не да почниме јас,ти,димитар,кико, и уште два тројца да чатуваме на формуов.. и не мора толку често да постате, остајте да кажат другите што мислат за нас си знаеме....
и друго VESELIOT не е по потекло од демир хисар. Туку тој Е од демир хисар, а знаеш зошто ќе го пали? преку к*р му е дојдено од вакви работи, а богами и мене... значи ако сакаш да запознаваш другарчиња.. мИРЦ, а овде зборваме за градот.
Таја е психологијата шо да прајш :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom