Кога ќе тргнеш од Скопје према Охрид некаде после Кичево односно с.Другово вртиш лево и одиш према Демир Хисар или Битола.Значи точно на средината помеѓу Кичево и Битола се наоѓа ДЕМИР ХИСАР и сите прекрасни околни села која ги дели реката црна.Со самото вртење после Кичево прво ја забележуваш реката Треска и од тука па натаму се до изворот на реката црна кај селото Железнец имаш неверијатна прилика да го види ТВИН ПИКС во живо...било да е есен, зима , лето или пролет...реки, мали езера, шума и рибници, виножита , дождози и снегови, мед и цветови, ракија и вино, леб од фурна, пиперки од низа, гравче тавче, пастрмка, мостови, поточиња, штркови и ластовички,жетви,пиво пред коперација, паметни и луди сред град никој на никого очи не вади......понатаму во височини, небо преубаво, виножита и прекрасни манастири, стари лица и авотобуси, ново и старо знаме обесено по кафеани,печалбари и овдешни сето тоа го има во прекрасниот и преубав со тажни и среќни бои Демири Хисарски крај.Не велам дека го нема некаде истото можеби и преубаво но сепак тоа е сеуште место каде е времето и местото застанато и недопрено со сите свои убавини и учте преубави музики и звуци природни божји дарови......