Делови за Мерцедес ќе се произведуваат во Македонија

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
Многу го мрзам тоа ’’ЌЕ‘‘ !!!
Ќе ова, Ќе она . . . . и на свети никад ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ........
Како прво и прво во Македонијава и да се отвори ваквата фабрика, зарем имаме ние кадри/работници специјално едуцирани и обучени за вакви високо-стручни технолошки зафати, како производство на делови ....... не за томоси...... туку за МЕРЦЕДЕСИ(врвно светско ауто) !!!
Зарем некој озбилно мисли дека ние имаме кадар во нашава држава, кој навистина ќе може да произведува оригинални и квалитетни делови за Мерцедеси или пак за други марки на автомобили, автобуси, камиони и сл.
Или пак зарем имаме ние кадри, кои можат да произведуваат цели/делови за: компјутери, телевизори, мобилни и.т.н.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902

Koга имаме за Џонсон Контрол и Мети, а плус и за Шуберт у Битола... имаме и за Мерцедес.. а зошто мислиш дека немаме,треба сите да бидат дипломирани машински инженери за да работат ?
Штом одлучиле,ако,одлучиле тука да градат фабрика сигурно мнооогу добро ја скенирале ситуацијата.. Мерцедес сигурно не не љубат толку за да на слепо инвестираат кај нас.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Многу го мрзам тоа ’’ЌЕ‘‘ !!!
Ќе ова, Ќе она . . . . и на свети никад ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ........
Како прво и прво во Македонијава и да се отвори ваквата фабрика, зарем имаме ние кадри/работници специјално едуцирани и обучени за вакви високо-стручни технолошки зафати, како производство на делови ....... не за томоси...... туку за МЕРЦЕДЕСИ(врвно светско ауто) !!!
Зарем некој озбилно мисли дека ние имаме кадар во нашава држава, кој навистина ќе може да произведува оригинални и квалитетни делови за Мерцедеси или пак за други марки на автомобили, автобуси, камиони и сл.
Или пак зарем имаме ние кадри, кои можат да произведуваат цели/делови за: компјутери, телевизори, мобилни и.т.н.
Зашто се сомневаш во својот народ.Зарем сме поглупи од останатите?
Сигурен сум дека во Македонија има луѓе кој би одговориле на секој предизвик за работа.Имаме и ние образован кадар,само до сега мислам дека немало прилика каде тоа да го покажеме.Еве сега шанса,па да ја искористиме,а не да ни бидат секогаш другите криви.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Доста бе, 20 години лажете. Кога ќе ја изградите фабрикава тогаш ќе верувам.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Ако отидат во кавадарци после кој ке ни произведува ж'та и вино???
Кавадарци е познат по виното и тоа треба и да остане.
Нека одат во Велес, тие нека станат познати по Мерцедес фабриката, како што е Штутгарт со Волксваген :).
Доста веке симбол на тој град е топилницата, негативна популарност имаат поради тоа.
Инаку многу ме радува тоа што ке се вложува во транспортна индустрија, малку и ние да имаме со што да се фалиме во тој поглед. Една фабрика за автобуси имавме ФАС 11 Октомври и таа ја упропастија.
Пријател мој, кој работеше таму ми кажуваше како на времето по 200-300 автобуси ваделе месечно, извезувале секаде во светот...тоа е бројка.
Kavadarci e veke indusriski krem vo Makedonija.
Pomina toa vreme koga bese poznat po vinoto .
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.757
Многу го мрзам тоа ’’ЌЕ‘‘ !!!
Ќе ова, Ќе она . . . . и на свети никад ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ........
Како прво и прво во Македонијава и да се отвори ваквата фабрика, зарем имаме ние кадри/работници специјално едуцирани и обучени за вакви високо-стручни технолошки зафати, како производство на делови ....... не за томоси...... туку за МЕРЦЕДЕСИ(врвно светско ауто) !!!
Зарем некој озбилно мисли дека ние имаме кадар во нашава држава, кој навистина ќе може да произведува оригинални и квалитетни делови за Мерцедеси или пак за други марки на автомобили, автобуси, камиони и сл.
Или пак зарем имаме ние кадри, кои можат да произведуваат цели/делови за: компјутери, телевизори, мобилни и.т.н.
Ќе ти се смее некој со постов :facepalm::facepalm:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.375
Ако ние немаме работници од разни профили со 32-33% невработени и вработени со мизерни плати, не знам кој
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
со 4.000 нови работни места, тоа ќе биде најнова и најголема инвестиција, се планира да се вложи 30 милиони евра, во опрема и зграда.
???????????????????????????????????????

Ако според некои статистики се земе предвид дека едно ново работно место кошта околу 30 000 евра.... многу пари им фалат.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.251
Многу го мрзам тоа ’’ЌЕ‘‘ !!!
Ќе ова, Ќе она . . . . и на свети никад ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ ........
Како прво и прво во Македонијава и да се отвори ваквата фабрика, зарем имаме ние кадри/работници специјално едуцирани и обучени за вакви високо-стручни технолошки зафати, како производство на делови ....... не за томоси...... туку за МЕРЦЕДЕСИ(врвно светско ауто) !!!
Зарем некој озбилно мисли дека ние имаме кадар во нашава држава, кој навистина ќе може да произведува оригинални и квалитетни делови за Мерцедеси или пак за други марки на автомобили, автобуси, камиони и сл.
Или пак зарем имаме ние кадри, кои можат да произведуваат цели/делови за: компјутери, телевизори, мобилни и.т.н.
Не бе, ние сме природно ретардирани, за разлика од овие во Западна Европа.

Сме имале доволно машинска индустрија.

Дали си слушнал некогаш во животот за Си-По (http://www.sipo.com.mk/), Амак СП (http://www.amac.com.mk/mk/products.asp) или Велмакс (не од Велија :D) http://www.velmaks.com/velmaks/MKD/index.php?Производство на сигурносни појаси (каиши) за коли (Пежо, Фиат, Лада, Застава) и различни завртки навртки, ретрактори, брави, ретровизори итн..Трите фирми се остатоци од бившата фабрика на Застава во Охрид.

Дали си чул за Руен - Кочани?

Исто соработуваа со наши, француски фирми и овие во комшии за металните склопки во возила (коли, камиони, автобуси, приколки, железнички и машински возила), ламели, лежишта, лагери,запчаници итн.

Дали си чул за Санос
и Неокар во Скопје?Ти кажа некој погоре дека првиве некогаш имаа п-во на 300 возила месечно со супер квалитет.Мерцедес им беше главен добавувач на мотори и механика.Сигурно не било за џабе.На вториве МАН.Sanos е прв и засега единствен производител на двокатен туристички автобус во Југоисточна Европа, а Неокар уште пред 15 години произведуваше нископодни возила.Дел од материјалите за производство ги произведуваше Руен.Проблем им беа само алчните сопственици (http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=22375) и власта.

АД Железник во Демир Хисар (http://www.zeleznik.com.mk/index.html)?Една од ретките фабрики во околинава за производство на челични профили произведени со ласерска и водена обработка.Работат производи за каменоломи, хидро и термо централи, машински возила, градежништво итн.

За Колска ф-ка за шински возила - Велес?

Секогаш попозната прво по штрајк, отколку за нивната работа.Сигурно и од таа фабрика голем дел луѓе ќе се префрлат во новата фабрика - ако некогаш ја изградат.Работат со 30% капацитет поради слабите финансии во МЖ, а и никогаш не работела со 100% поради форсирање на двете фабрики за шински возила во Србија.Од годинава почнаа да работат вагони за странски железници (Косово и Словенија).После 20-тина години, прва година после завршена со позитивно салдо http://tirekovmirece.com/Novost/Колска-со-добивка-од-200-илјади-евра.

МИ Брако - Велес?http://www.brako.com.mk/mk_brakoholding.htm Од производствени ленти, товарни приколки, телекомуникации, жичани производи до медицинска опрема.

Од фирмите за електро/електронска индустрија сигурно си чул за

http://www.emo.com.mk/index.cfm?id_hdr=5?
Во Тетово имаше фабрика за производство на телевизори и бела техника, после ја купи некој локален и ја упропасти.Произведуваа телевизори за Западна Европа (Голдстар - уште можат да се најдат во некоја дневна соба), а освен ова секакви работи од електро индустрија од трансформатори до сефови.Имаа(т) фабрики скоро во цела Македонија (Охрид, Струга, Дебар, Кичево, М. Брод, Д.Хисар, Крушево, Скопје, Тетово, Гевгелија).Работат за Сименс и Бош, сигурно не поради неквалитет.Извозот им е од Балкан до Скандинавија, Западна Европа и Азија.А од друга страна се во стечај :tapp:

Дали си чул за ПАП - Охрид(http://www.pap.com.mk/index.html)?
Единствена фирма кај нас за производство на спортски семафори за во сала и спортски семаори за промена на играчи (ФФМ и другите федерации користат поскапа странска опрема; семафори од ПАП се поставени во салите Билјанини Извори, Младост, 26-ти Април, Јане Сандански, Јасмин, Форца), светлосни реклами, водено (waterjet) и ласерско сечење на различни материјали од метал до керамика.

Фринко - Битола работеше фрижидери и климатизација.Слобода - Охрид произведуваа на правосмукалки, калорифери, бојлери и слични п-води за домашна употреба.Слично и Леов - Велес ( http://www.leov.com.mk/bin/leov.php?language=mkсоларни колектори, шпорети, бојлери, термо печки итн.)
Микросам и Металец - Прилеп?http://www.mikrosam.com/new/article/en/history/ http://www.metalecprilep.com.mk/index_m.htmМеталопреработувачка и електро индустрија, соларни панели, кибернетика / роботика?

Штета шо дел од фирмиве се пропаднати или не работат нормално и со полн капацитет.Ама за работна сила не му се секирај.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ќе се отвори фабрика за автомобили, регистрирале фирма, имале и интерна одлука за инвестирање. Ќе вработат 4000 луѓе, ова се деталите кои ги обелодени премиерот Никола Груевски денеска, но не кажа чиј бренд ќе инвестира во Македонија.
Фабриката за автомобили ќе се гради во реонот околу Повардарието, помеѓу Велес и Кавадарци.
- Се уште ја немаат избрано локацијата, но веќе регистираа фирма во Македонија и имаат интерна одлука за инвестирање. Таа е од делот на автомобилската индустрија. Според она што ни го кажаа ќе вработат 4.000 луѓе. Тоа е рекордна бројка. Не знам дали во Македонија има компанија воопшто независно државна или приватна што вработува 4.000 луѓе - рече Груевски.

Според него, компанијата кон крајот на годинава планира да вработи 300 до 400 лица, а во наредните две години ќе ги комплетира 4.000 вработувања.

- Каде ќе одберат да инвестираат, локацијата е нивно право. Засега немаме можност да го објавиме нивното име освен дека се од автомобилската индустрија и дека ќе почнат со 300 до 400, а ќе завршат со 4.000 вработени, посочи Груевски.

sky.mk

-----------------------------------------------------
Јас мислам ќе се работи за некој италијански бренд (Фиат). Или па Рено пошо Грујо беше во Турција па евентуално ова да му е најтазе инфо
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Фала богу и ние да возиме нови ефтини автомобили,само да не ја усерат работата како црвенковски
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Прво, не е за верување се додека реално не се види таа инвестиција. А као второ, доколку е вистина се надевам дека нема да биде кинески автомобил налик на оној у болварија што го произведуваат.​
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Не летајте одма многу.Прво инфово е од пред неколку дена.Има отворено тема во ЕКОНОМИЈА.
И не е фабрика за автомобили,туку за автомобилски делови.

Делови за Мерцедес ќе се произведуваат во Македонија

Уште една германска компанија од автомобилска индустрија ќе инвестира во земјава, открива за Канал 5 министерот за странски инвестиции Веле Самак. Одлуката од менаџментот е донесена, но компанијата се мисли меѓу Велес и Кавадарци, а ќе произведува делови за Мерцедес С класа.​
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=86291
 
T

Tetro

Гостин
Не знам дали во Македонија има компанија воопшто независно државна или приватна што вработува 4.000 луѓе - рече Груевски.
Ак ти не знаеш, Перо знае.

А народо трева пасе (нафтата ја испивме непроцедена одамна)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom