Супер тоа. Ама тоа ми се чини дека е гледано од перспектива на Австралија и тие неколку градови на Азија каде што ви е отворен пазарот. Платите од 100к и повеќе се заради тоа што е затворен пазарот за стручњаци од други држави. Има одлични кадри од градови и факултети како на пример Варшава, Прага, Мадрид и слични кои супер си ја знаат работата и верувам дека би прифатиле и пониска плата доколку им се понуди да се преселат без визи, нострификации и други зафрканции. Во глобализацијата има добитници, но и губитници. Лесно е да се величи глобализацијата со затворен и строго регулиран пазар.Не е теорија, него е веќе практика, па дури и за Македонија. Знам за 3ца менаџери баш во фабрикава што ги донесоа од Австралија а верувам дека има и други од други места. За тоа нов јазик, ќе се изненадиш колку има што веќе знаат јазик или што се спремни. Јас научив тагалог (филипински) за 6 месеци. Се се може ако се сака а кога тоа е проследено со одлична плата и expat бенефиции да видиш како се сака и може.
(избегавме од темата малку, но е интересна дискусија)