Делови за Мерцедес ќе се произведуваат во Македонија

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
А да изградат една леарница за споменици? Секако ние све си имаме само уште лавови и газови ни фалат...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Фабрика кај нас!Инвестиции!Каква комедија од Кољо груевски!Добро не е страшно!Не му е него првпат да ни кажува вакви комедии.:pos:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Не верувам у ова, до сеа милион пати најавиле инвестиции. Па после криза било, ова било, она небило, за на крај да се одлага за подобри времиња.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Ако навистина се одлучиле големиве компании за отварање на фабрика - погон кај нас во Македонија, значи на добар пат сме. Штом одлучиле да отворат тука фирма, а не како до сега кај косооките, значи стандардот ни е доволно паднат и имаме толку ефтина работна сила што веќе име е исплатливо. Чекам само уште водоводот да го шитнат на некого, греота само тие сметки се ниски.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Веле Самак: „Мерцедес“ доаѓа во Македонија

Германскиот концерн планира во првите десет години да оствари извоз од 1 милијарда евра и да учествува во БДП со 250 милиони евра
Маја Томиќ


Германскиот и светски познатиот производител на автомобили „Мерцедес“ многу скоро ќе ја почне својата инвестиција во Македонија. Министерот за странски инвестиции Веле Самак ја кажа со име германската компанија која премиерот Никола Груевски пред два дена не сакаше јавно да ја обелодени, а ги посочи истите информации околу новата инвестиција од делот на автомобилската индустрија. Министерот Самак за „Утрински весник“ вели дека дека се во завршна фаза преговорите со владиниот тим и уште следната недела ќе биде прецизирано каде ќе се лоцира новата македонска фабрика на „Мерцедес“. Ќе треба да се пресече меѓу Велес и Кавадарци. Претставници на компанијата, по детални испитувања и анализи ги пикирале овие два града, каде што има поголем број на млади, невработени лица, а веќе преговарале со градоначалниците, кои позитивно ја примиле информацијата за оваа голема инвестиција, вредна околу 30 милиони евра. „Во завршна фаза се меѓусебните консултации и начелно е веќе договорено дека наскоро, за два до три месеци ќе се склучи договорот за инвестирање меѓу „Мерцедес“ и Владата. Инаку, компанијата планира да вработи вкупно 4.000 лица, а уште од есенва да почне со специфичната обука на кадри, за идната година напролет да стартува со производство. Во почетокот се најавува вработување на околу 400 лица“, вели Самак.

Тој нагласува дека ќе се произведува електрична и кабелска инсталација за возилата од Ц-класата на „Мерцедес“, а целото производство ќе биде наменето за извоз. „Станува збор за многу значајна инвестиција за македонската економија. Според начелни пресметки на ’Мерцедес‘, во наредните 10 години од почетокот на производството треба да се реализира извоз вреден една милијарда евра, а нето-учеството во домашниот бруто- производ да изнесува 250 милиони евра“, изјави Самак. Тој лани во декември, по петгодишни напори, ја најави и големата германска инвестиција на „Кромберг и Шуберт“, која тежи 20 милиони евра и треба да се реализира до крајот на 2012 година во битолската зона „Жабени“.

Самак ги потврди најавите на Груевски и за нова белгиска инвестиција, која треба да пристигне, исто така, во текот на оваа година, посочувајќи дека станува збор за компанијата „Ван хоол“ од Белгија. Таа треба да произведува автобуси наменети за американскиот пазар. „Менаџментот планира да почне со градба многу брзо, најдоцна до крајот на април и тоа во економската зона, ТИРЗ Скопје 2. А, еден од главните услови поради кој е донесена одлуката за инвестирање е нашата евтина работна сила. Ова е една од ретките фирми која брзо ја објави веста за инвестицијата која ќе изнесува меѓу 17 и 20 милиони евра. За почеток ќе се вработат од 300 до 400 лица“, посочи Самак.

Додава дека засега овие две инвестиции се потврдени како проекти, а дека годинава се очекуваат уште осум други. Кон крајот на јануари и владиниот Комитет за странски инвестиции соопшти дека годинава треба да очекуваме инвестиции од десет странски компании. Нивните имиња, како и секогаш, не се соопштија јавно, само од Комитетот беше кажано дека тие веќе имале до Владата испратено известување оти донеле интерни одлуки за почнување инвестициски проекти во Македонија.

Инаку, германските бизнисмени последен пат се запознаа со нашите можности за инвестирање лани во декември при роуд-шоуто на владиниот тим, а за нашите инвестициски можности се расправаше и неодамна на заедничката средба меѓу Европската бизнис-асоцијација, Македонско-германското стопанско здружение и Македонско-австриската бизнис- асоцијација. Груевски тогаш потсети на сите поволности за странските инвеститори, како и на фактот дека Германија е најважниот трговски партнер. Во последните 10 години околу 18 отсто од македонскиот извоз се реализира на германскиот пазар, а над 11 отсто од увозот е од Германија. Истовремено, германските компании се меѓу првите десет најголеми инвеститори во Македонија.

Минатата година во индустриската зона „Бунарџик“ лопатите ги фрлија италијанската „Текнохозе“, „Кемет електроникс“ од САД, „Протек“ од Русија, „Мадерсон груп“ од Индија, додека „старата“ „Џонсон контролс“ почна со изградба на уште една фабрика во Штип.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=670248B8C97B9343BD7BC8B04673026C
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Ако успеат и ова да го усерат, е тогаш не знам....
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
Иначе не е мерцедес туку фирма друга која работи за мерцедес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom