Делови за Мерцедес ќе се произведуваат во Македонија

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Уште една германска компанија од автомобилска индустрија ќе инвестира во земјава, открива за Канал 5 министерот за странски инвестиции Веле Самак. Одлуката од менаџментот е донесена, но компанијата се мисли меѓу Велес и Кавадарци, а ќе произведува делови за Мерцедес С класа.

- Има уште една германска фирма која се одлучи за Македонија, а избира меѓу Велес и Кавадарци. Се работи за голема инвестиција, со 4.000 нови работни места, тоа ќе биде најнова и најголема инвестиција, се планира да се вложи 30 милиони евра, во опрема и зграда. Ова се проекти кои се потврдени, а и има дополнителни осум нови кои се веќе одлучени и би почнале во текот на 2012, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Освен германската компанија, инвестиција најави и Ван Хоол, компанија од Белгија која ќе произведува автобуси за американскиот пазар. Во моментов компанијата има нарачка од Америка за 500 автобуси, па затоа менаџментот планира да започне со градба најдоцна до април во слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2. Еден од главните услови поради која компанијата одлучила да инвестира во земјава е евтината работна сила.

- Ова е една од ретките фирми која брзо ја објави веста за своето инвестирање. Оваа компанијата ќе инвестира во нов гринфилд погон. Оваа инвестиција би била за почеток од 17 до 20 милиони евра, во сосема нов погон за склопување, за почеток тие главнината ќе ја носат од надвор и ќе вработат од 300 до 400 вработувања кои би се вклучиле во различни активности во скопување на овој финален продукт. Тие имаат склучено договор за производство на над 300 автобуси за Америка и идната година мора да испорачаат 50 автобуси, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Статистика покажува дека за првите десет месеци од минатата година инвестициите изнесувале 211 милиони евра. За годинава има резервиран оптимизам, вели министерот Самак. Очекувањата се владините роуд- шоуа, да дадат резултати. Првото роуд- шоу годинава е во Турција. Владината делегација патува денеска и во наредните шест дена ќе ги презентира можностите за инвестирање.​
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
А името на фирмава?
 
I

Iblis

Гостин
Ќе и ама се манипулативни честички во мојот речник, јас сум доста чесно дете, ама ќе сум паталошки лажго, ако имам интерес
See what i did there?
Иначе да почекаме, да видиме...
 
М

Мартин`

Гостин
Дај боже нека одлучат да биде во Велес, ќе биде добро освежување за градов.. ионака има доста невработени 4000+ работни места не е мала бројка (y)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Дај боже нека одлучат да биде во Велес, ќе биде добро освежување за градов.. ионака има доста невработени 4000+ работни места не е мала бројка (y)
Че возите после сите мерцедеси :pos:
 
М

Мартин`

Гостин
Че возите после сите мерцедеси :pos:
Нема врска кој возел ќе си вози, кој не возел пак нема да вози :icon_lol:
Туку има голема невработеност, па овие 4000+ вработувања ќе дојдат добро. Кавардарци има земјоделство нека лобираат повеќе за тука ..
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Добро вака сензационални вести за инвестиции фрчат секоја ден ама ме интересира дали барем 10% од тие инвестиции се оствариле?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ако отидат во кавадарци после кој ке ни произведува ж'та и вино???
Кавадарци е познат по виното и тоа треба и да остане.
Нека одат во Велес, тие нека станат познати по Мерцедес фабриката, како што е Штутгарт со Волксваген :).
Доста веке симбол на тој град е топилницата, негативна популарност имаат поради тоа.
Инаку многу ме радува тоа што ке се вложува во транспортна индустрија, малку и ние да имаме со што да се фалиме во тој поглед. Една фабрика за автобуси имавме ФАС 11 Октомври и таа ја упропастија.
Пријател мој, кој работеше таму ми кажуваше како на времето по 200-300 автобуси ваделе месечно, извезувале секаде во светот...тоа е бројка.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ако отидат во кавадарци после кој ке ни произведува ж'та и вино???
Кавадарци е познат по виното и тоа треба и да остане.
Нека одат во Велес, тие нека станат познати по Мерцедес фабриката, како што е Штутгарт со Волксваген :).
Доста веке симбол на тој град е топилницата, негативна популарност имаат поради тоа.
Mercedes е во Штутгард..Волксваген е Волфсбург.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Mercedes е во Штутгард..Волксваген е Волфсбург.
Еееејј да бее дури сега видов што сум пишал хахаха.Се испомешав. Ама не го менувам постот, нека се посмее уште некој :). И тоа лани во Септември бевме на екскурзија од фак. во Штутгарт во мерцедес и во Минхен во БМВ, а глеј што пишав...Каков само музеј имаат во БМВ аауу, се радувавме ко циганчиња на цреша. Ајј ова кафево ме акна у глава...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Како што гледам и годинава има најави за фрлање лопати.Ако дај боже да биде и ова.Само ќе повторам годинава до јуни-јули,чекам и сечење на ленти од ланските фрлени лопати.Ајде ќе видиме за некој месец што ке биде.Дај боже пола од работиве да се остварат како за почеток.
АМИН
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Долу влада.....шо ќе ни се 4000+ работни места,да рмбаме за една скапана фирмичка(шо би рекол Велија-дуќанчиња) ко Мерцедес.....дајте нека влезе Застава....барем и да нема пари од нив,битно ќе си ја вратиме југоносталгијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom