- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.734
Ради тоа спомнав дека тоа со хомосексуалноста е различен пример, аналогијата беше повлечена за тоа што родителот мисли дека е добро за своето дете, не значи нужно и дека е.Тоа ќе биде точно како што си го напишал. Јас ти ја разбирам поентата, само наивно е да мислиш дека овој закон се носи поради вакви или онакви причини... само еден збор - бизнис. Монопол официјално нема да има, тие што сакаат да користат ќе имаат илузија на избор. Мала група олигарси ќе произведуваат, продаваат, и по потреба ќе апсат.
@Botko, имаш доста валидни аргументи ама и погрешни аналогии. Јас не се секирам дека моето дете ќе стане хомосексуалец затоа што се хомосексуалноста е легална, бидејќу тука е природата во прашање. Но секако дека се секирам кога 15-16 годишни копиљаци пушат трева зад училиште и им прават peer pressure на врсниците да пробаат. Тука природата нема да го заштити детето, а во многу случаи ни домашното воспитување нема да е многу од корист.
Сега, ако родителот е кул со тоа детето да му пуши трева или цигари, тогаш секако нема да има мака, но сигурен сум дека повеќето родители нема да се пресреќни.
Дали сакаме децата да ни растат во здрава средина или во средина во која е во ред да се пуши во затворени простории и да се дила трева?
Околу тоа што тинејџери пушат цигари и грас, назначив дека во систем кадешто марихуаната е легална, тоа ќе биде регулирано со закони (18+) како што е сега за цигарите. Грас не е арен за деца, има студии за ова.
Дилањето е проблем и во земји кадешто грасот е легален, а и во земји кадешто не е, проблем со кој се соочува законот. Дилањето на црно е проблем поради сумњивоста на квалитетот на гането и можноста тинејџерите со недоволно созреан централен нервен систем да конзумираат срања.
У држава у која марихуаната е декриминализирана, таа ќе биде достапна за личности кои се 18+ и со проверен квалитет.
Јас лично, според моите сознанија за медицината и моето искуство иам, за повеќето, неконвенционални принципи за тоа што мислам дека е океј да прават моите деца. Конкретно околу проблематиката со психоактивни супстанции и други зависности:
-Не би бил среќен ако се коцкаат било кога у животот (сум имал фрки со ова еден период од животот, да не мислиш дека сум пристрасен).
-Не би бил среќен ако пушат било кога во животот (ја сум пушач, да не мислиш дека сум пристрасен).
-Би бил среќен ако пијат умерено или не пијат воопшто после 18 год. (и со ова сум главел).
-Би бил среќен ако пушат грас умерено или не пушат после 21 год.
-Не би ми сметало ако повремено пробаат кока/амфа, но на поретки настани и со добра едукација што се предности и недостатоци, откако ќе напунат 21 год. Апроксимативно, помалку од 5 пути годишно.
- Хорс, крек, секако, се подразбира што мислам за тие говна...
- МДМА е океј да зимаат у терапевтски или лабав контекст, после 21 год., максимум 100 mg на 6 недели (глеј колку сум прецизен! ) пошто МДМА има терапевтски бенефити за здравјето у тие дози и на таков начин, а нивото на стварање зависност ѝ е мало.
-Би ги окуражувал повремено да зимаат психоделици после 18 год. ако сакаат. Впрочем за ова иам пишувано научен труд и ова се психоактивни супстанции кои корелираат обратно со инциденцата на ментални болести (што поише ги праиш, помала шанса имаш да имаш психолошки растројства), секако, земени у правилни дози и обратно корелираат со зависност (што поише ги праиш, помалку сакаш). Воопшто не се невротоксични во умерени дози (има некои групи што се, ама познативе не). На некои луѓе не им пријаат, секако, така да тоа е личен вкус. Нажалост, има мн. негативни митови за овие ствари што тек сеа се разбиваат у науката. ФДА, на пример, дозволи печурки да се тестираат и користат за терапија и ги стаи у класа 3 на дроги, наместо класа 1.
Веруем дека за ова што го пишав, повеќето ќе речат дека сум мрднат, ама кој ги ебе повеќето, веруем дека моите позиции ги базирам на добри аргументи, академски знаења и солидно лично искуство.