Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
кока кола, сол, кафе 3 дневно мах, благо...
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
кока кола, сол, кафе 3 дневно мах*, благо**...
*Содржи стумуланс без гликонски дел!!
Може да доведе исхемија на срцето, во краен случај инфаркт. (срцето упорно пумпа а е неухрането)

**Благото го снижува крвниот притисок, содржи полифеноли, што го зголемуваат производството на NO, ги проширува крвните садови, се создава повеќе простор за проток на крвта и се намалува крвниот притисок.

И дај не пишувајте рекла казала бабини деветини :/:
 
P

Princ

Гостин
А чекај, нели и кока колата имаше кофеин, или грешам? Зошто токму кока кола?
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Затоа што кока колата го има тој гликонски дел и има стимуланс.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Што препорачувате против низок крвен притисок?


Што повеќе течности и пијалоци што содржат кофеин и плус мрсна храна (кога станува збор за хронично низок притисок).
 
P

Princ

Гостин
Абе проблемот е што нискиот е висок, а високиот низок... па некаде на средина ко да сакаат да се сретнат :) Инаку на последно мерење беше 90/70 :nesum:
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
За низок притисок никако лук. Јас имам висок и ми рекоа да јадам лук пошо одма паѓа али нема шанси -.-
Инаку кафе, солена храна, ако е ептен низок одма сол, газиран сок....

Абе проблемот е што нискиот е висок, а високиот низок... па некаде на средина ко да сакаат да се сретнат :) Инаку на последно мерење беше 90/70 :nesum:
Епа притисок паѓа и од умор. Зато оди наспиј се. :smir:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Абе проблемот е што нискиот е висок, а високиот низок... па некаде на средина ко да сакаат да се сретнат :) Инаку на последно мерење беше 90/70 :nesum:
Мене докторката ми препорача физички да се активирам повеќе - брзо одење, физички вежби по можност кардио бар 10 минути на ден.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Што препорачувате против низок крвен притисок?
Многу течности,пред се кафе и други кофеински пијалоци
Консумација на сол,влече повеќе течност...
Од зеленчук и овошје,домат и портокал
И ова,малку е гадно ама доктор ми го препорачал,како инфузија
Чаша со вода и во неа 1 лажица сол и 1 лажица шеќер измешани убаво
 

اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Што препорачувате против низок крвен притисок?
Балансирана исхрана, доволно протеини, Б витамини и Ц витамин, пантотенска киселина

Повеќе вода, не пиј алкохол, повеќе овошје, може и сол до дека не се постигне нормално ниво, потоа не, може и кафе умерено со сол и кафе

Физички вежби, избегнување стрес, и помалку цигари
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Значи вака, седам на компјутер дневно околу 3-4 саати, кога ке се изморам, и во тој случај да немам спиено многу да речеме околу 5 саати во денот, послем баскет или нешто ако спортувам, имам тапи болки во главата, обично ми се јавуваат навечер во делот над увото па се до слепоочницата, кога ке го измасирам местото болката се намалува, но некогаш е толку ненадејна што ме тера да се задржам за глава. Немам вртоглавици само такви ненадејни главоболки, и многу ме плаши си викам да не е нешто сериозно, вака ми се јавува да речеме околу 2-3 месеци, но имаше и периоди кога ја снемува, обично кога ке се тргнам некое време од пц, на пример на одмор, но немора да значи, тогаш ме болеше исто така кога ке се преморам многу, преку ден не, но навечер ме заболува по 10тина секунди и послем ме пушта ..
:nesum:
Што може да биде, молам за чаре ? поздрав. :smir:
 

Јоулин<---

Играорка
Член од
25 февруари 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Докторе, абе температурата за жива глава не ми слегнува...од саботата ко си дојде до 37 и ете до ден денес само си шетка, 37,5 - 37,8...докторот утре се враќа од отсуство, па ајде додека да отидам, некој ако има некој лек да ми каже...пробав и парацетамол и кафетин, едино денес ми слегна на 36,4 и после пак отиде на 37 мајке ми...пијам чаеви, течности ама нејќе, инаетлива била бе...:toe:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Батка на лекар под итно!
Значи во текот на ноќта ако имаш повисока температура ,одма да одиш во хитна помош - бидејќи најмалко се игра шега со температура.

ОД лекарства можеш да пиеш на секои 4 часа по еден парацетамол .
Ладна облоги секако , на челото , кај градите ....а по можност и да те измасираат со раќија по грбот и нозете.

Ако имаш треска вечерва и поголема температура НЕ СЕ ВОЗДРЖУВАЈ да повикаш Хитна Помош ...ќе ти бапнат една инекција , ќе примиш една инфузија ...витаминска и барем ќе можиш раат да спијаш.

*********************

Засега не ти е критична...така да само со парацетамол и облоги можеш да поминуваш ....ама температурата (зависно висината) различно влијае на различни организми!

Сега во твојот организам се води “борба“ па затоа велам оваа температура не е критична....

*********************

Еве и некои природни средства кои можат да ти помогнат при твојата температура:
1. Било кои хлорофилни облоги, како што се листови од зелка, спанаќ, тегавец, глуварче и др. се корисни за снижување на температура.
2. Нарендана ротква или компир.
3. Влажнење на кожата со 70% алкохол или лута ракија, со напомена дека алкохолот не треба да се втријува бидејќи може да доведе до опивање.
4. Ладни облоги може и со лед на стапалата или листовите на нозете.
5. Облоги од оцет.

Сите од овие средства се употребуваат кога температурата не е опасна по живот, односно кога не преминала
40°Ц. Ако температурата го поминала 40 степен, треба да се побара лекар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom