Ако ти е гаден чај пробај со млака супа од пилешко/телешко месо. Пробај да јадеш полесна храна како двопек, варен компир (иако варениот компир некогаш знае да направи киселина), лесна супа од немасно месо, ориз (без маснотии, да е полесно за желудникот). Како што ти пиша stipsburg, немој да пиеш многу топла течност, ниту многу ладна, тоа дополнително го надразнува желудникот.
Од лекови можеш да земеш реглан (мислам дека оди без рецепт), медицински јаглен секако смирува и нема апсолутно никаква штета од тоа, можеш да пробаш со Рутацид (таблети за џвакање, ако осеќаш дека мачнината ти е од киселини), а ако неколку дена по ред повраќаш, обавезно земи некакви електролити од аптека, има различни, јас имам пиено Humana, одвратни се на вкус, ама помагаат да не дехидрира организмот, како прашак се и се раствораат во топла вода (обавезно во топла, ако ги ставиш во ладна нема да се растворат и останува одвратен талог на крај). Колку можеш повеќе течности пиј, да се исчисти организмот. Мене против мачнина ми помагаа орбит бонбоните од портокал (ако го сакаш вкусот), малце освежуваат и прават полесно да ти биде од оној гаден вкус после повраќање (тоа за замачкување на симптомите, не за решавање).
Иако, се надевам веќе ти е подобро, па џабе ги пишував мемоариве :smir: И, да, можно е да е вирус, овој период има куп вируси.