Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Дали со стандардна проверка на крв и урина може да се дијагностифицира хепатит?
При стандардна проверка на крв ако не се лажам, се проверува и број на леукоцити. Ако е покачен, станува збор за некаква инфекција внатре во организмот која сè уште нема појавено приметливи симптоми.
Во однос на хепатит... Тој се дијагностицира само преку крв (80% сум сигурен) и тоа со проверка на антителата кои ги создава организмот за одбрана:

  • IgM* anti-HAV - за хепатит А - се дијагностицира со стандардна проверка
  • IgM* anti HBc - за хепатит Б - се дијагностицира со стандардна проверка
  • anti-HCV - за хепатит Ц - овој вид на хепатит не може да се дијагностицира преку стандардна проверка на крв, туку тестот за хепатит Ц мора да го побараш сам ако се сомневаш дека можеби си инфициран. Исто така, антителата кој би реагирале на овој вирус често се појавуваат дури по четвртата недела од инфекцијата.
  • anti-HDV - за хепатит Д
  • anti-HEV - за хепатит Е
*IgM - имуноглобулин М
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Со проверка на урина :) Сестра ми заболе од хепатит порано и освен симптомите - гадење, болки во стомакот, жолтило на очите, урината и беше погуста и се пенеше, и колку што знам урината и ја испитаа. Билирубините и беа у мајчина отидени, тоа не треба да биде така и се проверува само со проверка на урината :smir:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Последниве денови премногу кашлав по цел ден, а да не збораме навечер дека неможам да спијам од кашлање. Имам премногу шлајм па дури и повраќам. Денес бев на лекар, ме пуштија да ги снимам белите дробови и радиологот ми рече дека имам запаление на градите, дека не е многу страшно. Потоа ме праша дали сум пушач и кога и реков дека сум тогаш се сврте муабетот дека шлајмот е пред се од цигарите.
Но овој проблем го имам од мала, секогаш имам шлајм, тешко дишам, понекогаш се случува и непрестано кашлање, запаление на белите дробови итн.Би сакала некој доктор ако има тука да ми каже каде можам да се обратам за засекогаш да си го отстранам овој проблем.
Направи подетални испитувања. Ако имаш проблеми со дишењето и „влажно“ кашлаш не е исклучена можноста да имаш астма. Консултирај се со повеќе доктори,направи алерго тест, спрејчиња како Бекотиде и Вентолин кои секако треба да ти бидат препишани ќе ти го олеснат дишењето.
 
М

Мартин`

Гостин
Ме интересира ако воопшто некој знае што би можело да биде ова.. пред година дена одприлика ми се појави барем тогаш приметив на десната страна од ребрата на местото каде што се градите кај женските ми се појави како подкожно топче одприлика 2x2 cm кое се осеќа со допир. Исто така имав и на дланката малку помало можеби 1x1 cm но по некое време исчезна.

Што би можело ова да биде ?
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73

Колку години имаш мора да ми напишеш, зошто ако си во периодот на пубертетот тогаш тоа е нормално и нема причина за паника, доколку не тогаш веројатно е дека треба да направиш биопсија! ПОЗДРАВ
 
Имам 16 години, инаку мислам пред година одприлика имав и на вратот ама ми исчезна.
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ме интересира ако воопшто некој знае што би можело да биде ова.. пред година дена одприлика ми се појави барем тогаш приметив на десната страна од ребрата на местото каде што се градите кај женските ми се појави како подкожно топче одприлика 2x2 cm кое се осеќа со допир. Исто така имав и на дланката малку помало можеби 1x1 cm но по некое време исчезна.

Што би можело ова да биде ?
мислам дека се работи за масно ткиво (мислам дека така го викаат). и јас имам такво на врат, ми излезе во пубертет и исто е така мало. не сум имала проблеми со него, али ипак отиди си на доктор, ништо страшно не е, плус и помирен ке си.
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Ме интересира ако воопшто некој знае што би можело да биде ова.. пред година дена одприлика ми се појави барем тогаш приметив на десната страна од ребрата на местото каде што се градите кај женските ми се појави како подкожно топче одприлика 2x2 cm кое се осеќа со допир. Исто така имав и на дланката малку помало можеби 1x1 cm но по некое време исчезна.

Што би можело ова да биде ?
A maskite gradi kaj se ?

Od tuka drugarce , nikoj nema da ti dade ni priblizno tocen odgovor . Posto nikoj nit ima videno , nit ima ispitano so e . Idi do bolnica , najdobar sovet.
 
S

smart ass

Гостин
Имам 16 години, инаку мислам пред година одприлика имав и на вратот ама ми исчезна.
На градниот Кош т.е на ребрата-НЕМАЈ МАКА.(еј ќерата абе сеа се сетив)

Јас имав едно пред 10 години и исчезна само-значи одговорот на членот Doktor1 е релевантен.

Дури нема потреба од терапија...ова е нормално за време на пубертетот.

А на друго место немам добиено-за вратот незнам,можеби била некоја скрената:vozbud: лимфна жлезда па се смирила.
 
Член од
29 август 2009
Мислења
33
Поени од реакции
5
Pred dva saata padnav od velosipedot. Imam mali isecenici na desnata raka nisto poveke. Nemam kartoni za na lekar, staviv medicinski alkohol nekolku pati na isecenicite i probav da gi iscistam ama toa crnilata, zemjata nikako ne mozam da ja iscistam. Skoro kako da e pod koza vlezena. Kako da ja iscistam ranata? Dali treba da stavam nekakva prevrska ili nema potreba od toa? Isto taka bilo kakov sovet e dobredojden!
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Бор Алкохол ?! Ми препорача Ортопедот да го масира/мачкам коленото. Лади ? или кој е ефектот ?
 
I

Intex

Гостин
Сабајлево си ја удрив ногата кога станав, и да, ме боли цел ден, ваљда шинато е.
Некој да ми препорача некој лек, или да ја посетам баба Шинка наша за ден-два? :D
 
I

Intex

Гостин
^ Ма јок, не помага ова. Ќе си идам кај баба Шинка бе, близу ми е.:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom