Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.077
@wot

би можел да ги користиш и дексаметазонот и урбазонот и да одбегнуваш да бидеш надвор подолго време во овој период од годината :D жалам али :toe:
Лоратадин почнав, еднаш дневно е тоа, нафазол или слично за нос, да не сум затнат и проколис или слично за очи, чисто колку за чистење. Пошо ептен сум осетлив на очи, полен, маааааалце прашинка, или дека сум животно љубител, штом допрам мачка, одма ми се вцрвенуват и чешат.

Не ме фаќај само за точноста на имињата, ептен не ги знам како се викаат.
Фала за совети. :smir:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Kaко и повеќето, сум алергичен на полен. Ама јас малце хардкор. Подалеку сум од само киење.
Е сега, подалечен другар гледам пие Лоратадин. Кога бев грипосан ми ги препишеа и мене, ме касна пчела/оса, изгледаше малце страшно, пак тие ми ги препишаа. Па, кога веќе ги имам дали може да ги пијам за алергијава на поленов? И што друго препорачивате како алтернатива?
Можеш да ги пиеш, да, дури и пожелно е да пиеш антихистаминик ако имаш јака алергија зашто ако ја оставиш алергијата така, ти се уништува слузокожата од хистаминот (супстанцијата што се ослободува при алергиска реакција и што ги прави сите проблеми)... на крај и астма можеш не дај Боже да добиеш.
Можеш Loratadin да си земаш. Имаш и Zyrtec (втора генерација, како и Loratadin), поновата (трета) генерација е Cezera... Има и Telfast (демек не предизвикува поспаност - ако ти прават другите таков проблем)...

Гледам урбазон ти спомнале... Урбазонот се дава во вонредни ситуации (убод од пчела/оса и сл опасни ситуации), не е тоа нешто што се зема редовно, како антихистаминиците!
Можеш и некој спреј (за нос или бели дробови) да земеш пошо викаш дека си ептен хардкор, ама за тоа дали, каков и кој спреј - на доктор.

Инаку, најдобра варијанта за организмот е да избегнуваш полен. Следи ја концентрацијата на полен во воздухот (напиши само метео на Google, ќе се снајдеш понатаму на сајтот) и гледај да не престојуваш на отворено кога е концентрацијата висока, па и умерена. Во контакт со поленот се доаѓа преку очите и носот па затоа измивај ги очите и слузокожата на носот со вода, поленот одма се раствара во вода... и наочари за сонце. Има луѓе што имаат големи проблеми и си носат и маски.

И нешто што важи за СИТЕ алергии - земај витамин Ц. Меѓудругото, ја поттикнува работата на еден битен ензим што го разградува хистаминот. И ај да не замарам уште, стресот да биде на минимум - сите алергии се влошуваат од стрес. :smir:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
4 април 2010
Мислења
36
Поени од реакции
3
не можев да најдам тема за запекот па тука ќе прашам некој кој знае, јас имав запек 5-6 дена и вчера се напив таблета Дулколакс така нешто се вика, и се испразнив, а утринава имав столица но слаба, е сега прашање е кога треба да се нормализира организмот и да имам редовна столица? ај кој знае нека ми каже? ептен сум :icon_conf
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
Кои се симптоми на кила (хернија)????
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ама се знак дека ти е намален имунитетот:smir:
la-loca, немаше ти завршено средно медицинско? Би требало да знаеш за ова...:raz:
Алергијата НЕ е знак на намален, туку е знак на преактивен имунитет. Всушност, алергијата е хиперактивна имуна реакција, бидејќи организмот пребурно реагира на нешто на што вообичаено не би реагирал. Она што го пиша Џену, за слепувањето на антителата со антигените, е само еден тип на алергија (автоимуна). Еве, на линков има повеќе за типовите http://users.rcn.com/jkimball.ma.ultranet/BiologyPages/A/Allergies.html . Механизмите на алергијата се исклучително сложени и тешки за разбирање за просечно образуван човек (без навреда, ништо лично за никого, меѓутоа за да се навлезе во механизмите на алергиите и да може добро да се сфатат, неопходно е соодветно медицинско образование, со површно познавање не може да се објасни тоа едноставно).
Јадењето многу зеленчук и овошје нема директно да помогне за ослободување од алергија на ПОЛЕН. Дури може и да ја влоши алергијата, кога е во акутна фаза (кога цветаат дрвата и лета полен насекаде). Најдобро решение за тие хронични алергии е секојдневна терапија со Лоратадин/Летизен/Аеирус/Зиртек (што ви одговара најмногу од овие), со напомена дека терапијата треба да се почне ПРЕД да започне сезоната на цветање, како премедикација, со цел да се намалат симптомите кои, за жал, неизбежно ќе се појават, но со примена на терапија ќе бидат минимизирани. За солзење на очите треба да се користат капки Патанол, за затнат нос има повеќе решенија кои се индивидуални. Дексаметазон и урбазон се користат при бурна реакција (уртикарија, не дај Боже, анафилакса, НЕ се користат при вакви симптоми како што ги напиша wot бидејќи имаат и нуспојави кои не се баш така безопасни за да се расфрла со примена некој така лесно). Најдобро Flava објасни, послушај го/ја :smir:

Лоратадин почнав, еднаш дневно е тоа, нафазол или слично за нос, да не сум затнат и проколис или слично за очи, чисто колку за чистење. Пошо ептен сум осетлив на очи, полен, маааааалце прашинка, или дека сум животно љубител, штом допрам мачка, одма ми се вцрвенуват и чешат.

Не ме фаќај само за точноста на имињата, ептен не ги знам како се викаат.
Фала за совети. :smir:
П.С. Прокулин не користи никако за очи, бидејќи многу ја суши слузницата. Патанол земи си, ако многу ти солзат, а ако ти е само за плакнење на очите, земи си Tears Naturale.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
не можев да најдам тема за запекот па тука ќе прашам некој кој знае, јас имав запек 5-6 дена и вчера се напив таблета Дулколакс така нешто се вика, и се испразнив, а утринава имав столица но слаба, е сега прашање е кога треба да се нормализира организмот и да имам редовна столица? ај кој знае нека ми каже? ептен сум :icon_conf
Често ти се дешава? Треба да видиш што е причината за запекот. Ако јадеш само сува храна смени си го начинот на исхрана. Посебно сега додека ти се нормализира, јади зелка салата, супи, манџи, секакви мешункасти... значи течна храна.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Земај јогурт со култури (активиа битолски итн) :smir:
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
имам 17 години и многу тешко ми расте брада(може да се каже и немам) некој совет ?
(читав некаде до исхраната имало влијание.па затоа овде прашувам на оваа тема)
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
имам 17 години и многу тешко ми расте брада(може да се каже и немам) некој совет ?
(читав некаде до исхраната имало влијание.па затоа овде прашувам на оваа тема)
Абе друже уживај поарно ти е така веруј, не се замараш со бричење...
Ех само да знаеш колку машки би сакале да бидат како тебе.
 
Член од
4 април 2010
Мислења
36
Поени од реакции
3
Често ти се дешава? Треба да видиш што е причината за запекот. Ако јадеш само сува храна смени си го начинот на исхрана. Посебно сега додека ти се нормализира, јади зелка салата, супи, манџи, секакви мешункасти... значи течна храна.
не ми се случува често и не јадам сува храна, мене прашањето ми беше после тие таблети Дулколакс кои ме исчистија за колку време треба да добијам столица?

инаку за исхраната горе доле знам.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
имам 17 години и многу тешко ми расте брада(може да се каже и немам) некој совет ?
(читав некаде до исхраната имало влијание.па затоа овде прашувам на оваа тема)
Ти си надарен. Заблагодари му на Господ. Убаво ти кажа Ла-лока!
 
Член од
23 ноември 2008
Мислења
302
Поени од реакции
10
Не е битно тоа дали е убаво да немаш...Еве јас сакам да имам.Па затоа ме интересира која е храната што го потикнува растењето на брада....

(прашувам овде бидејки читав на форумов ама не ми текнува на која тема беше)
 

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
имам 17 години и многу тешко ми расте брада(може да се каже и немам) некој совет ?
(читав некаде до исхраната имало влијание.па затоа овде прашувам на оваа тема)
Хехе, нема врска исхраната, тестостерон депо ќе заврши работа :wink:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Не е битно тоа дали е убаво да немаш...Еве јас сакам да имам.Па затоа ме интересира која е храната што го потикнува растењето на брада....

(прашувам овде бидејки читав на форумов ама не ми текнува на која тема беше)
Храната што ја поттикнува брадата, или воопшто влакното на телото да расне побрзо е протеински збогатената храна. Незборам за протеини што ги соджи месото, туку растителни протеини,ензими и есенцијални аминокиселини кои го стимулираат растот на влакното. Ти нема да можеш да го забележиш тоа, но сепак побрзо расте. Така да зеленчук и овошје во количини поголеми од дневната доза би требало да помогнат. Листа на производи кои имаат најголеми протеински вредности и се од растително потекло имаш ТУКА, се друго е здрава свест, логика и комплекси.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Ме интересира дали некој користел дводневен DetoxPlan кој се користи за детоксификација на организмот (црн дроб, дебело црево, бубрези, крв, бели дробови, лимфа и кожа)? Сирупот се состои од екстракти од билки и антиоксиданси, а се препорачува кога премногу е внесен алкохол или масна храна и за енергетско јакнење на организмот.

Доколку некој го има користено овој сируп, би замолил за искуства -дали осетил подобрување или е само џабе давање пари за сирупот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom