Ама се знак дека ти е намален имунитетот:smir:
la-loca, немаше ти завршено средно медицинско? Би требало да знаеш за ова...:raz:
Алергијата НЕ е знак на намален, туку е знак на
преактивен имунитет. Всушност, алергијата е хиперактивна имуна реакција, бидејќи организмот пребурно реагира на нешто на што вообичаено не би реагирал. Она што го пиша Џену, за слепувањето на антителата со антигените, е само еден тип на алергија (автоимуна). Еве, на линков има повеќе за типовите
http://users.rcn.com/jkimball.ma.ultranet/BiologyPages/A/Allergies.html . Механизмите на алергијата се исклучително сложени и тешки за разбирање за просечно образуван човек (без навреда, ништо лично за никого, меѓутоа за да се навлезе во механизмите на алергиите и да може добро да се сфатат, неопходно е соодветно медицинско образование, со површно познавање не може да се објасни тоа едноставно).
Јадењето многу зеленчук и овошје нема директно да помогне за ослободување од алергија на ПОЛЕН. Дури може и да ја влоши алергијата, кога е во акутна фаза (кога цветаат дрвата и лета полен насекаде). Најдобро решение за тие хронични алергии е секојдневна терапија со Лоратадин/Летизен/Аеирус/Зиртек (што ви одговара најмногу од овие), со напомена дека терапијата треба да се почне ПРЕД да започне сезоната на цветање, како премедикација, со цел да се намалат симптомите кои, за жал, неизбежно ќе се појават, но со примена на терапија ќе бидат минимизирани. За солзење на очите треба да се користат капки Патанол, за затнат нос има повеќе решенија кои се индивидуални. Дексаметазон и урбазон се користат при бурна реакција (уртикарија, не дај Боже, анафилакса, НЕ се користат при вакви симптоми како што ги напиша wot бидејќи имаат и нуспојави кои не се баш така безопасни за да се расфрла со примена некој така лесно). Најдобро Flava објасни, послушај го/ја :smir:
Лоратадин почнав, еднаш дневно е тоа, нафазол или слично за нос, да не сум затнат и проколис или слично за очи, чисто колку за чистење. Пошо ептен сум осетлив на очи, полен, маааааалце прашинка, или дека сум животно љубител, штом допрам мачка, одма ми се вцрвенуват и чешат.
Не ме фаќај само за точноста на имињата, ептен не ги знам како се викаат.
Фала за совети. :smir:
П.С. Прокулин не користи никако за очи, бидејќи многу ја суши слузницата. Патанол земи си, ако многу ти солзат, а ако ти е само за плакнење на очите, земи си Tears Naturale.