- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.451
- Поени од реакции
- 68.694
Да се надополнам.Уште да ја најдеме таа асална болница. Прво, надвор од Скопје, може да замислиш какви се третманите. Од нова година нема лекар во болницата во градот. Ништо не знаеа да кажат досега, само знаат продолжи со ксарелтото, продолжи со некоја рандом терапија и така до недоглед, иако нема резултати.
Сите овие работи кои си ги набројал се научна фантастика дека некој ќе ги направи во болницата во градот, а се сомневам дека третман би имало и во болниците во Скопје.
Кога дојде во Скопје, имаше упат на Трансфузиологија, не сакаа да не услужат. КТ не функционира ни во Државна болница, знам минатиот пат колку врски моравме да фаќаме за да го услужат татко ми и ни рекоа после сме имале среќа затоа што после тоа се расипал апаратот.
Значи неизбежно е ебавање по приватниве болници и лаборатории...
Фала ти на одговорот во секој случај.
Во еден од градовите кој личи дека е најзаживеан после Скопје во последните години, нема кој да ракува со пола од апаратите со кои се испосликаа на ТВ дека ги набавиле пред пола година.
Не успеваат ни еден упат да извадат за во Скопје, а да не коментирам што матичната трети пат промашува датум за боледувањето.
Тотална незаинтересираност, само препишуваат терапија колку да се каже дека препорачале нешто.
Дури и јас што сум тотален лаик, сфаќам колку е бесполезна терапијата.