Дежурна Ординација! #2

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Што најмногу помага за надразнато грло? Насабајле ми е смирено и како ништо да не е, а попладне се јавуваат болките.

Пробав спреј од прополис, пастили, напиток од мед, ѓумбир и лимон, витамин ц и на крај и антибиотик и пак не поминува.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.787

...дали е поврзано можеби со нешто што се случува секое попладне, а насабајле не се случува? можеби нешто те иритира во исхрана, течност нешто што токму попладне конзумираш или некоја навика после која се напрегаат гласните жици или заболува грлото или ладен воздух, клима што ете го засушува воздухот и делува надразнувачки на твоето грло, па да речеме добиваш сензација на болка ?
Кога сум во движење или кога лежам немам бодежи во ципите, препоните, ама чим сум простум на работа после 2 сати почнуваат бодежи, мали болки. Дури и грбот долниот дел ме боли. Дали некој имал сличен проблем? Матичниот ми вели немаш ништо.
The-risks-associated-with-bow-legs.jpeg
...оптоварување на рбетот поради можеби невидлив деформитет на нозете кои при долго стоење се појавува болка,
...кога човек подолго време стои најдобро да стои со раширени нозе, а не здоближени или споени нозе, по можност со менување на тежина кон една нога која ќе биде понапред , па наизменично кон друга нога,
...односно спиналните стенози како резултат на стеснување на спиналните канали и поради тоа нервите се иритираат и воспалуваат, стенозите во лумбалниот (долниот) дел на ’рбетот предизвикуваат болки во грбот и нозете при што болките се зголемуваат при пешачење и стоење на нозе подолг период, одморањето може да ги намали овие симптоми.
... понекогаш, застанувањето во наведната положба со исправени нозе, притоа пробувајќи да се допре подот може да помогне во проширувањето на ’рбетниот канал, при што се зголемува протокот на крв до спиналните нерви.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не јадам насабајле само на чај и кафе сум оваа недела, а попладне потопла храна. Зборувам помалку од вообичаено и не ги оптеретувам гласните жици и не сум на клима.
Инфекција е, ама ништо не помага и симптомите се поизразени попладне и цел ноќ затнат нос.
Минатата година баш ова време имав алергија, ама не е тоа сега според симптомите.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816

види у носот да не имаш нешто као ринитис да речеме.
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383
Дечки, знам дека не е соодветна тема за прашањево, но барав и не можев да пронајдам тема за тоа.
Меѓутоа ме интересира да прашам дали некој има вградено дефибрилатор на срцето, искуства и слично околу тоа.
Татко ми ќе вградува, оштетена му е левата страна од срцето, нема потешкотии во дишење, запушени садови или да му отекуваат нозе, му сугерирале дека е најдобра опција, но сепак сакав да слушнам малку повеќе околу тоа.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.305
Поени од реакции
7.284

Штом има индикација, да става дефибрилатор и многу да не дискутира. Сигурно не сакаш скоро татко ти да го најдеш мртов во кревет? Обично се става кога левата систолична вентрикуларна пумпена функција е редуцирана со висок степен, која не се подобрува со медикаментозна терапија па затоа опасноста од животозастрашувачки аритмии е голема.

Дефибрилаторот ќе му биде "ангел чувар"
 
Тој едвај чека да вгради :D
Додуша и јас бев за тоа.
До сега пиеше лекови.
Ме интересираше нешто повеќе околу операцијата, колку време трае, и слично.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Дечки, знам дека не е соодветна тема за прашањево, но барав и не можев да пронајдам тема за тоа.
Меѓутоа ме интересира да прашам дали некој има вградено дефибрилатор на срцето, искуства и слично околу тоа.
Татко ми ќе вградува, оштетена му е левата страна од срцето, нема потешкотии во дишење, запушени садови или да му отекуваат нозе, му сугерирале дека е најдобра опција, но сепак сакав да слушнам малку повеќе околу тоа.
Покрај интервенцијата, да јаде растителна храна, и пржено никако. Да зима CoQ10 + магнезиум малат секој ден. 100mg CoQ10, и 300 магнезиум. Taurine исто така на 2x во неделата не повеќе по 250 мг. Исто така тиамин - B1 витамин - по 100мг на ден. Сите овие се многу битни за кардиоваскуларно здравје.
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
383
Покрај интервенцијата, да јаде растителна храна, и пржено никако. Да зима CoQ10 + магнезиум малат секој ден. 100mg CoQ10, и 300 магнезиум. Taurine исто така на 2x во неделата не повеќе по 250 мг. Исто така тиамин - B1 витамин - по 100мг на ден. Сите овие се многу битни за кардиоваскуларно здравје.
Благодарам многу.
Уште го немаат известено се, интервенцијата ќе биде за месец ипол 2 најдоцна.
Доста здраво се храни, повеќе е на салати и варено месо.
Крвната слика му е добра.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.115
Поени од реакции
10.444
Не јадам насабајле само на чај и кафе сум оваа недела, а попладне потопла храна. Зборувам помалку од вообичаено и не ги оптеретувам гласните жици и не сум на клима.
Инфекција е, ама ништо не помага и симптомите се поизразени попладне и цел ноќ затнат нос.
Минатата година баш ова време имав алергија, ама не е тоа сега според симптомите.
Штом се симптомите поизразени навечер, тоа до некаде укажува дека станува збор за горно респираторна инфекција. Секако, треба да одиш на лекар, да стават и слушалка, да направат и преглед.

Каков антибиотик пиеше?

Од домашни лекови да пробаш таан и мед, во сооднос 1:1. Мене тоа многу ми помогна за кашлицата кога бев со ковид.

Исто така има и еден сируп алпенкрафт. Доста помага во вакви случаи. Види, разговарај со матичниот. Евентуално, брис од нос и грло.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Амоксицилин

Не е ринитис, имам спреј и не ми помогна тоа. Секретот кај ринитис е безбоен, а ова е жолто накај зелена боја.
Ќе пробам со таан и мед.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.115
Поени од реакции
10.444
Амоксицилин

Не е ринитис, имам спреј и не ми помогна тоа. Секретот кај ринитис е безбоен, а ова е жолто накај зелена боја.
Ќе пробам со таан и мед.
Ако е жолта или зелена боја, брис од нос и грло со антибиограм.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.787
Амоксицилин Не е ринитис, имам спреј и не ми помогна тоа. Секретот кај ринитис е безбоен, а ова е жолто накај зелена боја.
Ќе пробам со таан и мед.
ice_screenshot_20220212-184232.jpeg
ice_screenshot_20220212-184308.jpeg

... кога веќе ја спомна бојата на исфрлениот секрет и кога би ја погледнале табелава, па одозгора фактот дека антибиотикот не ти помогна, може онака општо да кажеме дека можеби имаш некој синуситис како вирусна инфекција затоа и антибиотикот не ти помогна,
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Благодарам многу.
Уште го немаат известено се, интервенцијата ќе биде за месец ипол 2 најдоцна.
Доста здраво се храни, повеќе е на салати и варено месо.
Крвната слика му е добра.
Месо не. Сардини може свежи или во вода.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Некој да има искуство со бета блокатор Небилет?
Конкретно, имам тахикардија. На резултати од систематскиот од крајот на Септември ми дијагностицираат Тахикардија. Резултатите ги добив во декември и од тогаш редовно мерам пулс. Насабајле пулс 80-85, навечер стигнував до 110.
Пред некој ден бев на кардиолог. По направени крвни анализи, ехо на срце и анализа на претходни мои резултати, ми препиша Небилет од 5мг, но по препорака на матичен почнав со 2,5 мг.
По ехографија имам здебелен ѕид на двете предкомори.
Не сум пушач, испитана тироидна жлезда и прегледана на ЕХО, се во ред.
Сега насабајле имам исто 80-85, додека навечер 90-100. Кафе пијам само 1 (ретко 2) на ден.
Притисок сега околу 120-80 (одсекогаш ми беше околу 130-80).
п.с. Во април минатата година прележав Ковид со 8 дена температура и константен пулс од 130-140.
Не знам колку е ова поврзано, некако кардиологот го занемари овој факт.
Прашањето ми е дали треба повеќе физички активности или во овој момент следење и зголемување на дозата од Небилет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom