Не е ничив пациент реално, само немаме служба за вакви работи.
Не се нафаќаат еве, два пати дојде екипа вика барајте уролог. Може во Скопје има тим за домашни посети, тука еве нема.
Од урологија викаат за смена мора да се донесе во болница, а транспорт во вака тешка состојба е невозможен.
Сите само креваат рамења а никој не нуди решение.
Ако знае некој дали во вакви случаи некоја институција има надлежност многу би ми помогнало, да знам да се обратам таму.
...да расчистиме прво да се знае кој за што одговара, „Брза помош“ како служба е во примарното здравство т.е. во состав на Здравствен дом, а не во состав на Општа болница каде има одел урологија и доктор уролог тоа веќе е секударно здравство кое не иде на терен, а се грижи САМО за болнички лежечки пациенти, не може обрските на Брза помош да ги превеме некој од Општа болница во Охрид и обратно,
... НО, во секој оддел во болница (интерно, ковид центар - инфективна, хирушки оддел) каде лежат потешко болнички пациенти им се става уринарен катетер, таман работа доктор уролог да иде по сите оддели да поставува катетри на толку пациенти, може се повикува уролог за некоја специфичен случај за консултација, ама најмалку ТОЈ поставува на сите фоли катетер, тоа го прави медицински техничар, оти секој е обучен да поставува катетри доколку навистина има завршено медицинско средно училиште, односно медицинската сестра најчесто тие искусните без разлика во кои оддели се со работа поставуваат урин катетри (било латекс, силиконски),
... Службен весник за Здравствена дејност на примарно ниво член 30 под број 13 дадено опис „ лекување и здравствен третман на пациентот во домашни услови“ (секоја Брза помош во своите ингиренции ја има и домашната посета и нема тоа има-нема што е во примарно здравство Здравствен Дом и единствени задолжени за давање помош на терен, ама никој не е обрзан од секундарно здравство од општите болници, клиники (уролог или медицински техничар од урологија) да оди по службен пат на терен за тежок болен да му постави катетер тие едноставно се грижат за интернирани болнички пациенти и толку,
... не може да се спореди Брза помош во внатрешноста на МКД со таа во Скопје, затоа што Брза помош во било кој град во МКД освен Скопје е во состав на Здравствен Дом, а тој е под локална самоуправа, додека Брза помош во Скопје функционира самостојно е директно под ингиренции на Влада како посебен субјект,
...сега како се решава проблемот на пациент кој е тешко болен, а во домашни услови, а тој транспорт таму ваму само ќе му ја зголеми неговата мака, посебно на домашните, а не функционира домашна посета на Брза помош (проблемот не дека нема таква домашна посета туку таму најчесто се вработуваат многу слаб медицински кадар со општо непознавање на аплицирање на интравенски лек, а не пак урин катетри, затоа такви пропусти, па најлесно им е да кажат „нема таква домашна посета“),
... што треба да направите? ќе се најде медицинска сестра/брат кој знае да поставува фоли катетер и тоа е јавна тајна дека го прават за одреден износ, односно со сопствен урин катетер услугата најчесто им е од 300-500 денари, зависи дали силиконски, латекс катетер, не знам зашто никој не ти насочи да се јавиш кај некој дотичен што поставува како „јавна тајна“, така функционираат работите во државниот сектор, кога може хирург во државно здравство да бара одреден паричен износ да ја направи хирушката интервенција, по инерција средниот медицински кадар се снаоѓаа на ваков начин за дополнителни парични средства вон своите работни обврски, жалосно, но вистинито!
П.С
ако си вака силна како што те чувствувам во пишувањето, јас сум сигурна дека можеш сама да научиш да поставиш фоли катетер, мнооогу подобро од некои што мислиш дека го знае тоа, посебно ако се работи за родител,