Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Да при прегледот имаше стискање, вертикално, хоризонтално и дијагонали.
Дополнително ми беше направено ехо (кое беше вклучено во самиот пакет).
По прегледот следуваше длабинско чистење лично од страна на абдоменалниот хирург. Потоа ми објасни како да продолжам самиот да го чистам папокот со 3% хидроген во домашни услови, со што по 5 дена бев на контрола каде кажа дека се е во ред. По две недели од контролниот преглед, без причина си извршив самоконтрола односно го раздвоив месото од средината со цел да се одвои од прстенот. На силна сончева светлина покрај прозор забележав минимална влажност многу длабоко во внатрешноста. Тоа ми даде сомнеж, поради што телефонски го контактирав хирургот и му го кажав ова.
Тој се насмевна и ми одговори дека тоа е апсолутно нормално и дека нема потреба да го растегнувам прстенот и да анализирам во длабочината, односно крајно ми кажа да заборавам.
... ако често ќе применуваш дезинфекција подобро со физиолошки раствор (0,9% NaCl), евентуално може и со 10% јоден раствор избегавај честа примена на 3% хидроген, а најчесто туширање и хигена со сапун,

...ако не внимаваме на хигиената на папокот, за кратко време во внатрешноста се формира една полуцврста маса од себум и кератин „omphalolith“ или како пишав во пртеходниот коментар т.н ,,камен во папок“, што потоа треба хирург да го очисти поради можна самоповреда ако пробаме самите тоа да го сториме!
Почитуван @Vladimkd
Во случајот да не си троловаќа, би сакал да те известам дека @bijons не е модератор.
Пред некој месец Кајгана отворија онлајн продавница. Освен модераторите, и тие што купиле нешто од продавницата добиваат симбол за верифициран член.
Бијонс нешто купила.
Одредени луѓе предвидоа дека можно е членовите да дојдат во забуна поради овој симбол, и ете, се случи.
...можеше во ЛП да го известиш доколку си толку љубезен, не мораше тука јавно да објаснуваш за мене како член, а можеше да му дадеш до знаење на кој начин одредуваат модератор и евентуално кои се модераторите на „Здравје“, малку е незгодно кога јас се трудам тука да одговорам, а мене ме оговарате!
П.С.
за твоја информација не купив ништо од шоп продавницата!
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
...можеше во ЛП да го известиш
Можев.
не мораше тука јавно да објаснуваш за мене како член
Не се согласувам. Мислам дека треба, особено за нови членови. А уште поособено кога се однесува на тема здравје.
а можеше да му дадеш до знаење на кој начин одредуваат модератор
Уу, па не знам на кој, ти кажи ни.
за твоја информација не купив ништо од шоп продавницата!
Молам??? Па како тогаш имаш верифициран член????????
 
Vladimkd

Né giusto né sbagliato, conta solo il risultato!
Член од
16 февруари 2021
Мислења
43
Поени од реакции
100
... ако често ќе применуваш дезинфекција подобро со физиолошки раствор (0,9% NaCl), евентуално може и со 10% јоден раствор избегавај честа примена на 3% хидроген, а најчесто туширање и хигена со сапун,

...ако не внимаваме на хигиената на папокот, за кратко време во внатрешноста се формира една полуцврста маса од себум и кератин „omphalolith“ или како пишав во пртеходниот коментар т.н ,,камен во папок“, што потоа треба хирург да го очисти поради можна самоповреда ако пробаме самите тоа да го сториме!
Благодарам.
По контролата не вршам повеќе дезинфекција со 3% хидроген.
Само добро обрнувам внимание на хигиената на папокот при туширање, односно посветувам повеќе внимание на тој дел од телото.
Од тогаш немало надворешен исцедок.
По телефонската консултација со хирургот и по вашето второ мислење (еквивалентно со првото) едноставно се смирив дека за тип на папок како мојот е нормално да има минимална течност во длабината, поради недоволната вентилација, потењето и слично.
Дали е потребно на одреден временски интервал да вршам било каква дезинфекција, доколку ситуацијата е непроменета од сегашната (без надворешен исцедок) или доволна е само редовната хигиена?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289

Потруди се папокот да биде чист и сув. Летно и зимно време задолжитено 100% памучен долен веш. Не сакаш да на тоа место се собира влага и да се развијат габични инфекции.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Не се мести вака, ќе ти се дупнат од смеење.
...е да де, инаку не се дупат од смеење истите, па истите без причина,
а што не сум верна? колку часови сум секојдневно присутна овде? ај да не бидеме оф топик, не пишувај веќе, плиз!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Пред месец дена ми се појави „мозолче“ на увото (заокружениот дел), ме нервираше бидејќи сум по цел ден со слушалки и го притиснав. Еве веќе месец дена имам болка, се чувствува по малку како „струп“ на тој дел, но боли бетер од претходно.
Лошото е што морам да сум со слушалки постојано сум microsoft teams, а на персоналниот пц не ми одговараат ситните слушалки од телефонот.

Имал некој слична мака, да даде предлог маст или нешто такво?
Не е баш ситуацијава за рашетување по болници, па би пробал прво некое друго чаре :)

1614177760573.png
 
S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.285
Дечеки сабајелво ставив да си мерам темепратура, но за бељата сум задремал дур сум мерел и топломерот се скршил и целта жива се растурила низ постелина... сеа појма неам кога се скршил топломерот, ама саат време имаше пројдено од кога сум ставил топломерот додека станав. Кога станав видов шо се десило набрзина се зедов исчистив ги собрав сите топчиња, имаше и на земја малце и тоа собрав, постелнината ја фрлив во канта. Сеа сакам да ми кажете дали нешо треба да презеем дополнително. Пошо сварно не знам дали иамло шанса да ми се апсорбира во телото и дали ако се апсорбирло некој дел шо да праам понатаму? Ја се јавив на матичен и ја кажав случката ми рече дека е мала количина у топломерот и дека ако сум ги собрал сите делчиња не би требало нешо да се деси.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Елементарна жива од термометри не е посебно опасна и ја има во многу мала количина. И јас имав слична случка ми кажаа дека нема место за паника. Убаво проветри ја просторијата и тоа е тоа...
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.597
Знам дека прашањето ми е за доктор, мајка ми треба да се консултира али дури во понеделник и закажале термин. Чисто ако имал некој слично искуство со близок да сподели.

Имам постар член во фамилијата, баба, (76 години), која пред неколку години е дијагностицирана со Паркинсова болест. Болеста е во напредна фаза веќе, и сеа незнам колку е тоа поврзано али во последните 2 недели почнаа да се појавуват и халуцинации и зборување сама со себе. Знам дека нема лек за ова, али дали знае некој дали постојат некои апчиња или било шо за колку толку нормализирање на состојбата со халуцинации?

Неподвижна е, али на моменти прилично агресивна. Пред неколку дена ги падеше сите од соба не сакаше никој внатре, и си зборуваше сама со себе. За неколку саати и помина епизодата, и после се понашаше скроз нормално. Симптоми покажува на деменција, и дефинитивно треба консултација со психијатар, али ако некој знае нешто од лично фамилијарно или блиско искуство, нека сподели.
 
Ќе и препишат невролептици, ќе трае некој период додека да делуваат и после симптомите ќе бидат под контрола.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Знам дека прашањето ми е за доктор, мајка ми треба да се консултира али дури во понеделник и закажале термин. Чисто ако имал некој слично искуство со близок да сподели. Имам постар член во фамилијата, баба, (76 години), која пред неколку години е дијагностицирана со Паркинсова болест. Болеста е во напредна фаза веќе, и сеа незнам колку е тоа поврзано али во последните 2 недели почнаа да се појавуват и халуцинации и зборување сама со себе. Знам дека нема лек за ова, али дали знае некој дали постојат некои апчиња или било шо за колку толку нормализирање на состојбата со халуцинации? Неподвижна е, али на моменти прилично агресивна. Пред неколку дена ги падеше сите од соба не сакаше никој внатре, и си зборуваше сама со себе. За неколку саати и помина епизодата, и после се понашаше скроз нормално. Симптоми покажува на деменција, и дефинитивно треба консултација со психијатар, али ако некој знае нешто од лично фамилијарно или блиско искуство, нека сподели.
... доколку се соодветни дадени лекови пред тие неколку години кога и' било дијагностицирано Паркинсон не би требало да има влошување на ситуацијата, односно треба да и' се направи повторно невролошки преглед со изнeсување на сите податоци на нејзино однесување и да се сменат лекарствата, највероватно првичните лекарства што и се дадени веќе не и се добри или и' се премногу силни за нејзина возраст т.е. преголеми дози и се препорачани,
(не кажа зошто е неподвижна)

FdL3dY9Kh11CkaLqNRmnHbKs.jpeg

- моторни симптоми на телото:

тремор,
најчесто се јавува со прогресија на болеста и тоа за време на мирување, на почетокот се јавува на една рака или нога, а покасно се јавува на двете,

брадикинезија (забавени движења),
е друга карактеристика на Паркинсон со потешкотии во движење,

ригидитет,
е трета карактеристика на Паркинсон со вкочанетост и отпор при движењата на екстремитетите кој се јавува како резултат на зголемен мускулен тонус, преголема и континуирана контракција на мускулите, а може да биде пратен и со болка во зглобовите, а може да се јави во мускулите на вратот и рамењата, па на мускулите на лицето и екстремитетите, па потоа го зафаќа целото тело и скроз се намалува способноста за движење,

нестабилност на телото,
се јавува во покасните стадиуми на болеста доведувајќи до нарушување на рамнотежата како што се брзи влечечки чекори и положба на телото нанапред,

Parkinson-Disease.jpg 334ead938804e60382a8d32f83c6e253.jpg

- невропсихијатриски симптоми:
нарушувања на говорот, емоционални нарушувања (расположение, депресија, апатија, анксиозност), појава на психички симптоми ( халуцинации, деменција),

_media-5e15960327180.png main-qimg-3c200b91ef1dd4937543db9db1dfd598.jpg
пишувањето се видоизменува и ракописот е со повеќе ситни букви и бројки,

... понекогаш кај постарите особи долготрајно користење на (Levodopa- Carbidopa- Sinemet) може да биде една од причините за дополнително психичко пореметување, поради таа високата доза на допамин (погоре што спомнав премногу силни лекови), може бабата пројавува во текот на денот такви халуцинации највероватно набргу после пиење на таа терапија, ова ти го кажувам како можност и претпоставка, што не значи дека е така, а и дека не е така и со намалување на тој „допамин“ да се стабилизираат тие халуцинации,

... често пати пиење на кафе и пушење на цигари во текот на денот може да придонесе да се потенцираат дејството на лековите против Паркинсон поради ефектот на никотинот и кофеинот да го стимулира лачењето на допамин, со што можни се потенцирани психички појави како халуцинации,

„Levodopa“ е најприменуваниот лек кој се користи при моторните симптоми (компликации) настанати поради недостаток на допамин, додека ако нема моторни симптоми тераписки лекови при Паркинсон се т.н. „допамин агонисти“: lisuride, pramipexole, ropinirole, apomorphine, bromocriptine ,pergolide, piribedil, cabergoline,
и други лекови т.н. MAO-B инхибиторите (selegiline, rasagiline) кои ја зголемуваат дозата на допаминот во базалните ганглии, блокирајќи го неговиот метаболизам.

...постојат и други лекови при Паркинсон антихолинергици (amantadine) кои можат да бидат корисни во третманот на моторните симптоми, клинички е докажано дека нестероидните антиинфламаторни лекови за 15% ја редуцираат инциденцата од настанување на Паркинсон,

... што од овие лекови пие баба ти немаш спомнато што ќе ни биде еден репер во кој стадиум ја сметаат докторите дека се наоѓа, но да знаеш едно од правилата на постарите со такви промени е да се во движење во тек на целиот ден, да не би осетиле замор токму поради атрофија на мускулите што истите би седеле и одмарале цел ден што од лекарства, што од возраста, па неподвижноста придонесува за потенцирање на заморот во текот на денот што носи други психички растројства,
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Добро вечер, Средата жена ми пројави симптоми, Петокот се тестираше, излезе позитивна. Ќерка ми, 2 години и 2 месеци, крена температура вчера ноќта. Јас, еве, немам ништо. Сепак, од синоќа, во градите осеќам како да имам благо воспаление, не знам како да го опишам, како кога играте на ладно фудбал, или трчате на ладно, па после тоа кога ќњ си одите дома, имате како печење, како отежнато дишење. Температура немав во ниеден момент. Сатурација мерев со апаратчиња, над 95 ми е. Дали е можно да ми е некакво воспаление од тоа што вчера можеби идпушив малку повеќее цигари од нормално? Секако ќе се јавам утре кај матичниот, но сакам да прашам, дали е можно да имам некаква пнеумонија, без воопшто да имам покачена температура?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.755
Поени од реакции
9.558

Може.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom