Дежурна Ординација! #2

Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824
Диета, килажа, сон? Последна крвна слика? некоја кондиција да имаш?
Автоматски споено мислење:

Пробај со чај од нане и кумин. 3x на ден.
Диета не исхрана брза храна (нездрава) сон не баш најдобар кондиција за трчање никаква инаку работа физичка работам на лозје моментално терет на рацете поприлично поголема конзумација на цигари и алкохол килажа околу 67кг крвна слика немам можност моментално сум надвор од Македонија неосигиран работам на црно немам можност односно ако правам ке ме кошта многу....
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Почни да јадеш големи салати барем 2x на ден со минимална количинана маслиново масло, и тргни се од џанк фуд целосно, особено пржена храна.

Од овошје бобинки фокус да бидат, како и ананас и лимони. Не носи телефон у кревет навечер.

Пиење и цигари да не ти објаснувам....исто така ако со предложените промени не се среди за 1 недела, иди на доктор и кажи им за тоа каков животен стил имаш.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.620
Поени од реакции
34.808
Веке 2 дена имам проблем крвта во рацете не ми цилркурира чуството е кога спиете и случајно јапретиснете раката и ви "отрпне" момемтално работам физичка работа и многу сум загрижен.. А да имам и болка над лакото од внатрешната страна едино ме опушта кога станам и ги пуштам рацете надолу прстите ми нонстоп трпнат.......
...со еден збор, запаление на мускулите „после турнир утакмици „ без загревање, без кондиција, последователно, без пауза!

lq_pfitscher_b6a6894.jpg

секоја работа си бара своја кондиција и начин на пристап како и време на работење и потребна пауза (посебно околу тие грмушки од лозје),
наглото работење, иако младоста е присутен фактор, тоа не значи дека одредени мускули нема да „попуштат“ од напрегањето, посебно ако претходно немало загревање т.е. подготовка со слаби вежби за работа околу лозјето, оти немаш се уште „фат“ за таа работа!

Hand_harvesting_Pinot_noir_grapes.jpg

...така да нема тука загриженост за црни мисли „лоша циркулација бла бла здрвување на прсти“, пред да почнеш да работаш околу лозјето, мора неколку минути да се загрееш целосно, кратки вежби од вратот до нозете и после да се фатиш со работа со паузирање едно 15 после 2ч непрекинато работење,
...дома секогаш туширање со млака вода и примена на некоја маст за релаксирање и масажа посебно на местата каде биле форсирани како рацете, а богами и кичмата!

dsc_00122b2528102529.jpg

...тоа е тоа, тежок е аргатскиот живот, а ти не си баш во кондиција,а и немаш некоја мускулна маса, па да си дозволиш малку повеќе форсирање и затоа телото се буни (да не ги спомнуваме дополнително што ги форсираш цигарите и алкохолот),

како велат старите „така се калеше челикот“, па и ти, само позитивни мисли и паметно пристапи со загревање кон тешката физичка работа!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.620
Поени од реакции
34.808
Телефонски извршив консултација со хирургот кој едноставно ми одговори дека внатрешноста, односно внатре во длабината на папокот (особено за тип на папок како мојот) е речиси постојано влажно поради што тој простор е секогаш топол, со што потенцираше дека тоа е нормално.
Сепак би сакал да слушнам и второ мислење.
Благодарам
... па скоро сите „потесни“ позбиени папоци имаат малку поголем проблем од тие кои се „поотворени“ и се почесто „вентилирани“, и точно дека е нормално при такви папоци збиени повеќе да се потат и да создадат влажност, само треба почеста и повнимателна хигиена посебно за твојот вид,

ice_screenshot_20210218-210541.jpeg

зглемувајќи го твојот извртен папок, овој дел каде е стрелката како да има поинаква боја од околната кожа, па се мислам да не имаш нешто собрано токму испод тоа т.н. „камен“ во папок, дали хирургот при преглед ти го стисна папокот околу како да сака да исчисти акна?
 
Vladimkd

Né giusto né sbagliato, conta solo il risultato!
Член од
16 февруари 2021
Мислења
43
Поени од реакции
100
... па скоро сите „потесни“ позбиени папоци имаат малку поголем проблем од тие кои се „поотворени“ и се почесто „вентилирани“, и точно дека е нормално при такви папоци збиени повеќе да се потат и да создадат влажност, само треба почеста и повнимателна хигиена посебно за твојот вид,

Прегледај го приврзокот 284888

зглемувајќи го твојот извртен папок, овој дел каде е стрелката како да има поинаква боја од околната кожа, па се мислам да не имаш нешто собрано токму испод тоа т.н. „камен“ во папок, дали хирургот при преглед ти го стисна папокот околу како да сака да исчисти акна?
Да при прегледот имаше стискање, вертикално, хоризонтално и дијагонали.
Дополнително ми беше направено ехо (кое беше вклучено во самиот пакет).
По прегледот следуваше длабинско чистење лично од страна на абдоменалниот хирург.
Потоа ми објасни како да продолжам самиот да го чистам папокот со 3% хидроген во домашни услови, со што по 5 дена бев на контрола каде кажа дека се е во ред.
По две недели од контролниот преглед, без причина си извршив самоконтрола односно го раздвоив месото од средината со цел да се одвои од прстенот.
На силна сончева светлина покрај прозор забележав минимална влажност многу длабоко во внатрешноста. Тоа ми даде сомнеж, поради што телефонски го контактирав хирургот и му го кажав ова.
Тој се насмевна и ми одговори дека тоа е апсолутно нормално и дека нема потреба да го растегнувам прстенот и да анализирам во длабочината, односно крајно ми кажа да заборавам.
 
Последно уредено:

Vladimkd

Né giusto né sbagliato, conta solo il risultato!
Член од
16 февруари 2021
Мислења
43
Поени од реакции
100
Почитуван Др. @bijons се извинувам, сношти изумив јавно да ви се заблагодарам што ми дадовте второ мислење, еквивалентно на првото (од страна на абдоменалниот хирург).
Со тоа дефинитивно ми помогнавте во разрешувањето на дилемата која претходно ја имав.
Драго ми е што Кајгана форумот има професионален модератор за здравје како Вас, гледајки према симболот (верифициран член).
Ви благодарам.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627

Почитуван @Vladimkd
Во случајот да не си троловаќа, би сакал да те известам дека @bijons не е модератор.
Пред некој месец Кајгана отворија онлајн продавница. Освен модераторите, и тие што купиле нешто од продавницата добиваат симбол за верифициран член.
Бијонс нешто купила.
Одредени луѓе предвидоа дека можно е членовите да дојдат во забуна поради овој симбол, и ете, се случи.
 
Vladimkd

Né giusto né sbagliato, conta solo il risultato!
Член од
16 февруари 2021
Мислења
43
Поени од реакции
100
Почитуван @Vladimkd
Во случајот да не си троловаќа, би сакал да те известам дека @bijons не е модератор.
Пред некој месец Кајгана отворија онлајн продавница. Освен модераторите, и тие што купиле нешто од продавницата добиваат симбол за верифициран член.
Бијонс нешто купила.
Одредени луѓе предвидоа дека можно е членовите да дојдат во забуна поради овој симбол, и ете, се случи.
Благодарам, не го знаев тоа.
Поздрав и секое добро
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Благодарам, не го знаев тоа.
Поздрав и секое добро
You are welcome.
Дополнително би сакал да те известам дека стручноста на бијонс околу медицината (а и тоа дали е докторката) се доведени под знак прашалник од страна на пошироката Кајгана јавност, исклучувајќи ме мене. Јас и верувам во стручноста.
И уште една работа, на форумов нема доктори и нема професии, барем според бијонс. Секогаш кога некој ќе ѝ се обрател со „докторке“ или слично, она велела дека тука сме сите само членови на форум а не доктори и други професии.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981

Молим те кажи му и дека бижонс е стручна у секоја област и може да и се обрати доколку има потреба од било што.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Имам проблем со затнат нос. Периодов секое сабајле ми е затнат носот, користам Риноко спреј за алергиски ринитис.
Во текот на денот кога треба да се наведнам со главата, ми се затнува тотално носот. Истото ми се случува кога спијам на лева или десма страна.

Користев неколку дена СептаНазал и помагаше. Ќе прснев и почнував нормално да дишам за некоја минута. Почнувам да мислам дека иам проблем со синуси. Некој совет, искуство?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.946
Имам проблем со затнат нос. Периодов секое сабајле ми е затнат носот, користам Риноко спреј за алергиски ринитис.
Во текот на денот кога треба да се наведнам со главата, ми се затнува тотално носот. Истото ми се случува кога спијам на лева или десма страна.

Користев неколку дена СептаНазал и помагаше. Ќе прснев и почнував нормално да дишам за некоја минута. Почнувам да мислам дека иам проблем со синуси. Некој совет, искуство?
Проблеми со синуси идат рака под рака со проблеми со алергија. Периодов цветаат некои иглолисни и многу луѓе почнуваат да ги чувствуваат тие проблеми: чешање нос, очи, кивање, мала слабост, течење нос. Синуси ако имаш пробематични, уопште не помага и двата проблеми се комплементарни.

Често миј лице, нос. Бриши прашина дома, не отворај прозори, колку што можеш, на страна кај што имаш иглолисни. Прави испирање на нос со нешто вакво:

или Марисол спреј користи, во иста сврха, пред и после искачање надвор.

Поенатата е што помалку алергени у твоја околина, а особено во нос да имаш, од ова што цветаат иглолисниве.

Даље ти се лекови за алергија.
 
Член од
11 јануари 2021
Мислења
63
Поени од реакции
261
Имам проблем со затнат нос. Периодов секое сабајле ми е затнат носот, користам Риноко спреј за алергиски ринитис.
Во текот на денот кога треба да се наведнам со главата, ми се затнува тотално носот. Истото ми се случува кога спијам на лева или десма страна.

Користев неколку дена СептаНазал и помагаше. Ќе прснев и почнував нормално да дишам за некоја минута. Почнувам да мислам дека иам проблем со синуси. Некој совет, искуство?
Или имаш проблем со алергија, како што кажа членот над мене, или пак самиот организам се навикнал на внесување на антибиотикот, и без него не може нормално да функционира.
Би ти предложила да правиш инхалација секоја вечер пред спиење, дали со камилица и минт, дали со кора од компири, со цел да ги опуштиш синусите. Тие спрејови некој период не ги користи.
Од инхалацијата би требало за некој ден да се вратиш во нормала.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Имам проблем со затнат нос. Периодов секое сабајле ми е затнат носот, користам Риноко спреј за алергиски ринитис.
Во текот на денот кога треба да се наведнам со главата, ми се затнува тотално носот. Истото ми се случува кога спијам на лева или десма страна.

Користев неколку дена СептаНазал и помагаше. Ќе прснев и почнував нормално да дишам за некоја минута. Почнувам да мислам дека иам проблем со синуси. Некој совет, искуство?
Туршија и комбуха ќе ти помогнат, конзумација секојдневно. Овој проблем најчесто доаѓа од нарушена цревна микрофлора.

Од суплементи Quercetin, D3, glutamine, black seed.

Тргни се од јајца, сувомеснати, лебот смени го со тонус, а тргни се и од млечни производи како и од пржена храна.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.666
Поени од реакции
38.846
Имам проблем со затнат нос. Периодов секое сабајле ми е затнат носот, користам Риноко спреј за алергиски ринитис.
Во текот на денот кога треба да се наведнам со главата, ми се затнува тотално носот. Истото ми се случува кога спијам на лева или десма страна.

Користев неколку дена СептаНазал и помагаше. Ќе прснев и почнував нормално да дишам за некоја минута. Почнувам да мислам дека иам проблем со синуси. Некој совет, искуство?
Лентрика користам јас плус калменте спреј. Лентриката ти е лоратадин ама појак, а калментето е мадафака, најдобар спреј само и доста скап.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom