Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
3.930
Поени од реакции
4.390
Обично јас давав совети во темава, ама овојпат обратно ќе биде.Препишан ми е Сумамед, 6 дена. Требаше денес да ги почнам ама читам по интернетов триста чуда за нив, дека можело да престане срцето и сл...:cautious::cautious::cautious:Има ли некој искуство со овој антибиотик и со кој пробиотик би било најдобро да се комбинира? Без пробиотик не би ги ни почнала...
... за да кажеме за дозата требаше да кажеш барем зошто ти бил препишан овој антибиотик и која доза на Summamed ти е препишан 125мг? 250мг? 500мг? 1 000мг ?!
Сумамед и тоа еднаш една докторка ми препиша две дози по ред (по грешка).
... препоставка дека си „голема“ и ти препишале од 500мг Summamed, тогаш тоа е највероватно по грешка (случај кај @beric) препишано 6 дена (двојно пролонгирано време за azithromycin што што нема потреба поради висока концетрација на задржување на антибиотикот и после трет ден од пиење на последната таблета го има уште најмалку два дена присутен антибиотикот во организмот, ако се мисли за таблети од 500мг, доколку ти се препишани таблети од 250 мг значи точно се пие шест дена колку има самото оригинално пакување!

можни отстапување во класично дозирање може при специфични ситуации како што се:
-ако се дозира истите тие три таблети од 500 мг во пет дена и тоа една таблета (500мг) првиот ден, а потоа по пола (250 мг) во следните денови, значи до петти ден!
-можно во тројна комбинација на лек при зголемен титар на H. pylori, да се дозира по една таблета од 1g (или две таблети дневно од 500мг) три дена!
-при лечење на erythema migrans дозата е една таблета од 1g (или две таблети од 500мг наеднаш) првиот ден, па после до пети ден по една таблета (500 мг)

-при лечење на Chlamydia trachomatis се дозира еднократно 1g (две таблети наеднаш)!
- при лечење на акни се дозира по една таблета(500мг) три дена и потоа секоја недела само по една таблета од 500 мг цели два месеци!
- при синусна инфекција ударна доза од еднократно земање 2g (четири таблети наеднаш)
исто би ти препорачала да земањето на овој антибиотикот биде после ручек со малку вода, и ќе видиш како ќе го поднесеш тој ден без да земаш никаков друг витамин од тип на Б комплекс или пробиотик, ако имаш тегоби тогаш вториот ден ќе се определиш... но сигурна сум дека нема да има некоја реакција во дигестивниот систем што однапред се плашиш! (y)
п.с
... и срцето нема да прекине, туку се намалува срцевиот ритам и мора да биде добар баланс на калиум, калциум па и магнезиум во организмот што се внимава кај специфични пациенти со специфични болести, а не дека кај сите сега ќе прекине срцевата работа! :neetaka:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.313
Поени од реакции
2.415

Благодарам на исцрпниот одговор, а и на другите двајца членови погоре.
Пред еден саат ја испив првата таблета. Дозирање ми е 6 дена по 500 грама. Освен тоа, земав и пробиотик Пролајф пастили, Б-комплекс таблети, антимикотик за жени за против Кандида и Баланс јогурт (да го зачувам имунитетот колку можам)...
Докторов што ми ги препиша, ми рече дека овој антибиотик останувал во организмот 21 ден, така да пробиотици, витамини, јогурти и многу течности треба да се земаат уште еден месец после терапијата со Сумамед.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
3.930
Поени од реакции
4.390
Благодарам на исцрпниот одговор, а и на другите двајца членови погоре.Пред еден саат ја испив првата таблета. Дозирање ми е 6 дена по 500 грама. Освен тоа, земав и пробиотик Пролајф пастили, Б-комплекс таблети, антимикотик за жени за против Кандида и Баланс јогурт (да го зачувам имунитетот колку можам)...Докторов што ми ги препиша, ми рече дека овој антибиотик останувал во организмот 21 ден, така да пробиотици, витамини, јогурти и многу течности треба да се земаат уште еден месец после терапијата со Сумамед.
...све е погрешно,
- пред еден час, тоа е 18ч што е многу касно во текот на денот, не се пие антибиотик како прва доза, најкасно 15ч после ручек,
- дозирање 6 дена по 500 мг го нема во ниеден медицински опис за препорачано дозирање на овој антибиотик, значи тотално погрешно!
-земаш пробиотик+б комплекс+антимикотик+ калциум од баланс јогурт, што во твој желудник ќе биде СВЕ само антибиотикот никаде нема да го има, т.е. тој ќе се „троши“ на цел овој арсенал што си го испила ОДНАПРЕД како да знаеш како ќе ти делува, па ќе се заштитиш уништувајќи ја при тоа дозата која треба да делува на патолошката бактерија, а не на тоа што си го испила дополнително... значи пак погрешно!
тоа како за споредба, идеш на годишен одмор и дома додека се пакуваш ќе се напиеш, лекови против пролив, главоболка, повраќање за да не би ги добила истите при патување!
-погрешно толкување на зачувување на имунитет!
-таман работа да биде 21 ден антибиотикот Сумамед во организмот, тој потешко се излачува па затоа велиме дека после прекинување на последната таблета од Сумамед „терапевтски концентрации перзистираат“ уште три дена во организмот!
најдобро препрашај зошто 6 дена х 500 мг, може не си разбрала добро или погрешил наместо 250 мг да препише ти препишал 500мг или во аптеката погрешиле?? !
 
Сега сум тотално конфузна после овој одговор.
Сумамед со вакво дозирање ми препиша доктор специјалист, којшто е во години, а и тој ми рече за Б комплекс да земам плус антимикотикот и многу течности и јогурт. Пробиотик си земав на своја рака , што мислам дека правилно постапив...Рецептите веќе ги дадов во аптеката, ама добро се сеќавам кога тој ми кажа - ќе пиеш 6 дена Сумамед по една таблета.:unsure::unsure:
 
..ете 6 дена по една капсула од 250 мг!
што ако беше „поискусен“ (не се кажува во години) специјалист? може човекот во моментот се замисли, се префрлил на друг антибиотик ...жив човек, може да погреши, а што превзел твојот матичен доктор околу тоа, само го препишал лекот од упат без коментар?
 
Член од
19 ноември 2018
Мислења
13
Поени од реакции
1
Дали знаете што може да биде како бели парталчиња во урина, на анализата ништо не покажува, ниту на уринокултура. П.С Долго време имав ешерихија коли, но сега е исчистена, пијам витамини и уростим.
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
34
Земај повеќе витамин Ц и црвено овошје (боровници, аронија и слични овошја) за да ги зајакнеш крвните садови. Гледај да не стоиш предолго и ако седиш подолги периоди поткревај ги нозете да не ти бидат притиснати надоле.
Денес повторно бев кај докторот, кога станав утрово што да видам целиот со точки црвени (раце, препони, полов орган). Крвната слика нормална, нема покачена седиментација, а јас нафрлен целиот. Ми дадоа во вена витамин Ц седум дена и толку, ништо друго не ми кажаа, само ќе ти помине! @Anon дали само на едно место си имал или низ целото тело? @bijons дали може твое мислење?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
3.930
Поени од реакции
4.390
Дали знаете што може да биде како бели парталчиња во урина, на анализата ништо не покажува, ниту на уринокултура. П.С Долго време имав ешерихија коли, но сега е исчистена, пијам витамини и уростим.
...да ја кажеше и вредноста на седиментација ќе беше попрецизно, ама ај да кажам мое мислење, тоа се шест опции кај тебе, а ти одбери која би била најсоодветна за тебе:
- прва опција е правилно земање на урина за лабораториско испитување, прво се мијат добро рацете и гениталијата со сапун, се пушта првиот млаз да оди во шољата, а се зема веќе вториот млаз,ако не се направи така без миење и веднаш прв млаз, тогаш може да биде урината „загадена“ со вагинален исцедок или нешто друго од надворешниот дел кој заедно со урината дава слика на конци или белузлави нешта во урината!
-втора опција е кога во урината се видат такви „партали“ може да биде нормална појава (ама не смее често) на исфрлување на отпадни супстанци од телото што се елиминираат преку уринарниот систем, што при невнесување на доволна количина на вода во организмот над 2 литри дневно, доаѓа до такво концентрирање на тие супстанции што се исрлуваат како конци-партали во урината, значи таква појава на „партал“ во урина може да биде знак на недоволно внесување на течност(се мисли чиста вода)во организмот!

- трета опција, би било хормонална биолошка промена во органзимот можно и овулативни,
-четврта опција би била некој знак за набргу размножување на некоја присутна бактерија, дали Кандида, дали Ешерихија, но со немање на симптоми како печење, болка и често мокрење, чешање таа уште не збувнала (намножила) па да биде инфекција, така да тука би го искоментирала твоето кажување дека „Ешерихија Коли ти е исчистена“ можеби исчистена да биде во некој помал број (титар) што лабораториски / уринокултура НЕ дава позитивен резултат што е доказ за инфекција, ама присуството на истата ти е укажана со таа „парталка“ во урина дека можно да ја имаш и да збувне повторно и не мора да е Ешерихија, истото може да важи и за Кандида! така да додека не ја најдеш причината од каде ја имаше таа Ешерихија Коли која е причината на твоја претходна инфекција, нема шанса да ја „исчистиш“, ти само со антибиотик ја„ смируваш“ т.е. ја уништуваш во моментот на тоа место, ама таа пак ќе си дојде од друго место во урина и кругот пак се вопоставува како инфекција во уринарниот систем, така да се додека не знаеш од каде е дојдена таа Ешерихија, прашање на време кога пак ќе „дојде“ ќе збувне и ќе направи проблем, од таму жалење на пациенти дека долго се лечат од неа или се мачат со неа со години...сигурна сум во тоа, зошто никој не се замара со тоа од каде иде!..ама тоа е друга тема!
-петта опција, дијабетесот може да дава појава на бели честички во урината,
-шеста опција би била покачена алкалност на урината под дејство на некоја храна или лекови, можно да даде бели ситни „партали“ во урината (y)
значи заклучок, сега за сега тоа ти е нормална појава , доколку е еднократна, доколку во моментот немаш печење, чешање, често мокрење, болка...или сличен здравствен проблем !
 
Последно уредено:

Фала ти многу на одговорот. Можеби недоволно добро објаснив, но имам и песок во двата бубрега, а чувствувам и тежина, нелагодност и понекогаш како внатрешно чешање, пецкање. Вчера баш кога проверив, не беше на начин како што и ти имаш објаснето дека треба да се прави уринокултура и веднаш после тоа се напив вода и чај, се измив и имаше многу помалку, значително помалку и беа како многу ситни ронкички. А прв пат не е, често баш проверувам, не се големи како во твојот примерок, меѓутоа има како ситни раскички. Можно ли е од песокот, бидејќи 2 уринокултури имам чисти во рок од 1 месец, а јас се уште имам проблеми, со мокрењето, како да ми натежнува, па како да ме пецка, па како да ме скокотка ама кога почнувам да мокрам и тоа ако млазот е посилен, не увствуам. А, инаку често мокрам, ама пијам увин чај и чај од мечкино грозје, само деновиве го намалив. Мн ти блаодарам уште еднаш.[DOUBLEPOST=1542657987][/DOUBLEPOST]Во лаб. анализа на урината, кога имав бактерии, а имав и вакви ,,ронки" покажа 8-11 Le и маса бактерии, а др се беше во ред. И баш и имав вчера лакмус па ја проверив PH, беше во ред. Лакмусот се обои темно сино.[DOUBLEPOST=1542658383][/DOUBLEPOST]
Фала ти многу на одговорот. Можеби недоволно добро објаснив, но имам и песок во двата бубрега, а чувствувам и тежина, нелагодност и понекогаш како внатрешно чешање, пецкање. Вчера баш кога проверив, не беше на начин како што и ти имаш објаснето дека треба да се прави уринокултура и веднаш после тоа се напив вода и чај, се измив и имаше многу помалку, значително помалку и беа како многу ситни ронкички. А прв пат не е, често баш проверувам, не се големи како во твојот примерок, меѓутоа има како ситни раскички. Можно ли е од песокот, бидејќи 2 уринокултури имам чисти во рок од 1 месец, а јас се уште имам проблеми, со мокрењето, како да ми натежнува, па како да ме пецка, па како да ме скокотка ама кога почнувам да мокрам и тоа ако млазот е посилен, не увствуам. А, инаку често мокрам, ама пијам увин чај и чај од мечкино грозје, само деновиве го намалив. Мн ти блаодарам уште еднаш.[DOUBLEPOST=1542657987][/DOUBLEPOST]Во лаб. анализа на урината, кога имав бактерии, а имав и вакви ,,ронки" покажа 8-11 Le и маса бактерии, а др се беше во ред. И баш и имав вчера лакмус па ја проверив PH, беше во ред. Лакмусот се обои темно сино.
И како да знам од каде е дојдена ешерихијата, ехо преглед е во ред, 2 пати правев. Мочниот меур ми викаат дека е кристално чист, нема задебелувања, промени и задршка на урина. Инаку зафркната работа беше кај мене со ешерихијата, од летото, најверојатно си ја имав, одмори, базени, реновирање дома, баш тоалетите, палин ќе си попијам, ќе ми помине, ќе престанам, пак симптоми итн се додека не проверив и излегоа 2 по ред позитивни. На крај дури со фосфомицин , 2 ќесички по 3 г, се среди, а пијам и уростим како вакцина, од полумртви бактерии. Твој совет околу ова, те молам.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
3.930
Поени од реакции
4.390
но имам и песок во двата бубрега, а чувствувам и тежина, нелагодност и понекогаш како внатрешно чешање, пецкање. ...и беа како многу ситни ронкички. А прв пат не е, како ситни раскички. Можно ли е од песокот, бидејќи 2 уринокултури имам чисти во рок од 1 месец, а јас се уште имам проблеми, со мокрењето, како да ми натежнува, па како да ме пецка, па како да ме скокотка ама кога почнувам да мокрам А, инаку често мокрам, ама пијам увин чај и чај од мечкино грозје, само деновиве го намалив..

... седиментацијата на урина е најдобар показател за постоечка инфекција било да се има симптоми или не, за разлика од класичната уринокултура или општа анализа на урина, седиментација на урина се добива со центрифугирање на истата при што се се добива т.н билошки седимент и хемиски седимент! ...биолшкиот седимент покажува (епителни клетки, бактерии, цилидри, паразити, гливици) како и број на леукоцити (нормално само 1-2 леукоцита како и 1-3 еритроцити) што ако е зголемен тоа е сигурен знак за некој воспалителен процес во телото ова е клинички важен патоказ, додека хемискиот седимент содржи кристали на на разни соли ( урати, оксалатни, фосфатни)
...тие бели „трошки“, може да бидат од можниот песок во бубрезите и мој совет е дека дневно мора да испиеш најмалку 3 литри вода за да се прочисти сето тоа, Увин чај се пие одредено време поради содржината на арбутин, но никако подолго од една недела, се прави пауза токму поради содржината на многу супстанции кои при подолга примена негативно делува и на друго место (јетра, желудник) поради содрина на силициумова киселина, фенил карбонска киселина, како и спротивен ефект на самиот бубрег при долготрајна примена, поради содржина на тритерпени и наместо да се лечиме ние повеќе негативно делуваме, тоа некако никој не го спомнува туку само велаат пиј колку можеш увин чај што тотално е погрешно! со напомена дека кога се пие увин чај предходно мора да се напиеме неколку лажички растворена сода бикарбона со што максимално се искористува дејството на арбутинот од увинит чај во алкална средина на урината, а и нема негативно дејство врз желудникот! и друга грешка што ТИ ја направи е тоа што Увин чај (Uvae ursi folium) и чај од мечкино грозје е ИСТО растение Arctostaphylos uva-ursi , значи ти земаш дупла доза од нешто што може да ти наштети на друго место како желудникот, јетра, а богами и на бубрегот, а пиеш за доброто на „бубрегот“??!

и ако веќе сакаш некој чај конкретно за тие симптоми што ги кажуваш натежнување и нелагодност кај бубрегот ќе купиш од Билна аптека ,,Чај од коњско опавче“ направи го според упатство една чаша еден ден, верувај вториот ден или трет ќе бидеш како нова!;)
п.с.
...за другото утре, да не претеруваме во еден пост!:pipi: ќе не искарат модераторите! :sramezliv:
 
Ми дадоа таблети од коњско опавче, на природна база се. А, инаку не пијам веќе многу чај, една до две шолји, бидејќи патувам за на работа, а тие се диуретици, не е една мака... Фала ти многу, гушки ☺☺☺[DOUBLEPOST=1542745633][/DOUBLEPOST]
Ми дадоа таблети од коњско опавче, на природна база се. А, инаку не пијам веќе многу чај, една до две шолји, бидејќи патувам за на работа, а тие се диуретици, не е една мака... Фала ти многу, гушки ☺☺☺
А, таа нелагодност ми е повеќе напред, не кај бубрезите, туку кај мочниот меур, јајниците, таму некаде...
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
3.930
Поени од реакции
4.390
Во лаб. анализа на урината, кога имав бактерии, а имав и вакви ,,ронки" покажа 8-11 Le и маса бактерии, а др се беше во ред. И баш и имав вчера лакмус па ја проверив PH, беше во ред. Лакмусот се обои темно сино.
... следењето на РН т.е. ацидобазната рамнотежа во телото е еден од најважните фактори за нашето здравје, се испитува во две места ВО ПЛУНКА - pH вредноста се движи од 6,5 до 7,0 и укажува во каква активна состојба се ензимите за варење во цревата и хепарот, и ВО УРИНА како што направи ТИ испитување на РН укажувајќи дека лакмусот ти се обоил темно сино и било во ред? но ? :(
-напротив тоа не е во ред
:neetaka:

оти идеално утринско рН на урина треба да биде помеѓу 6,5 до 7,5, (види ги боите на слика)т.е.повеќе или помалку неутрален pH, но ако паѓа под 6,5, пациентот треба да започне со промени насочени кон алкализирање со исхрана или на друг начин, но ако се поголеми од 7,5 пак треба да се внимава дали е тоа како "лажна алкалност" од алкална храна или укажува на катаболна состојба која веќе преставува здравствен проблем, односно перманентна алкална урина дава знак дека може да има присутство на камчиња од calcium hydrogen phosphate, воспаление на уринарниот систем или евентуално примена на лек диуретик ( не се пие кога се прави анализа) или стоење на урината на собна температура додека се прави анализата, таа преминува во алкална состојба, така да може ти била во моментот алкална поради овие причини!
...и покрај покачен број на леукоцити во урината и велиш маса бактерии не мора да биде некое воспаление од уринарниот тракт? :toe:
А, таа нелагодност ми е повеќе напред, не кај бубрезите, туку кај мочниот меур, јајниците, таму некаде...
...така да тие „ронки“ може да бидат од воспаление на гениталниот тракт така да не мора да се потенцира уролошки туку може гинеколошки да се има воспаление или како последица на гинеколошки болести, чиј активатор ете може да биде Ешерихија коли ( што укажуваш дека имаш нелагодност кај долниот дел на стомакот) дали имаш направено гинеколошки преглед, што ако „ронките“ се последица од КАНДИДА? или дали си направила некое микробиолошко испитување во тој правец?
...уф, заборавив да ти спомнам во предходниот пост, дека давање на урина (доволно 4ч од наше спиење и немокрење) за лабораториско испитување, треба временски од твое тело до анализирање на лаборантот на истата да помине 1,5 ч и ништо повеќе, ако ти на пример си се разбудила дома во 06ч си собрала утринска урина за во лабораторија, таму си отишла во 08ч или 08,30 мин при што анализите се изработуваат до 10,00ч тоа се цели 3ч до 4ч време поминато, доволно да урината на собна температура нормалниот број на бактерии што се присутни во неа да се размножат токму во овој примерок вон твоето тело, давајќи висока бројка на присуство на бактерии и тоа не по твоја вина, затоа правилно давање на урина е во моментот кога си во лабораторијата да се оди во тоалет, ама сите поради хигиенски услови не го правиме таму, туку дома! :nesumjas:
 
На врв Bottom