Дежурна Ординација! #2

Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Здраво.
Знае некој како можи да се набават Estramon фластери од Германија или Австрија?
Поздрав
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
пробиотици (freeze dried), мора ли да се чуваат у фрижидер?

На самото шише пишува ''store in a cool dry place'', а само на упатството на северномакедонски унутра пишува ''по отворање да се чува во ладилник''.
Исто и на кутијата на инглиш пишува ''with breakfast'' a во упатството ''пред појадок''
?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720

знам дека сум kinda off topic но батали тавки пробиотици и јади си секој ден по едно канче Натурална Активија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
пробиотици (freeze dried), мора ли да се чуваат у фрижидер? На самото шише пишува ''store in a cool dry place'', а само на упатството на северномакедонски унутра пишува ''по отворање да се чува во ладилник''.Исто и на кутијата на инглиш пишува ''with breakfast'' a во упатството ''пред појадок''?
...freeze dried е назначен препарат кои содржи биотехнолошки супстанции кои како водени раствори се нестабилни, па со тоа и невозможноста за зачувување и фабрички се спроведува еден процес за стабилизирање на активната супстанца со метод на сушење со смрзнување (извлекување на водата која ја создава таа нестабилност) значи на ниска температура и во услов на вакуум и таа состојба т.н. лиофилизација или freeze dried, на тој начин самиот производ е стабилен и има подолг рок на траење, но за да се „активира“ истото се реконструира т.е. пак се спојува со вода како било во предходната ситуација пред лиофилизација т.е. freeze dried состојба, описно тие препарати не би требало да дојдат во допир со вода или влага зашто се активира таа биолошка супстанца која е лиофилизирана (освен кога ќе ги голтнеме и тука почнува активацијата) тука немаме некоја врска со фрижидер !
...store in a cool dry place, би рекла каде се наоѓа пациентот така треба да се чува препаратот, ако пациентот се наоѓа на пример во Африка, каде собна температура е 28 - 35 степени препаратот каде го пишува овој израз за чување, мора да се внесе во ладилник каде ќе се чува, но ако пациентот се наоѓа во МКД каде собната температура е околу 20 степени тоа значи дека препаратот се чува вон ладилникот некаде на суво во некоја фиока, значи изразот важи за собна тепература од 15 - 25 степени, се друго над таа температура, препаратот мора да се внесе во ладилник! ...
...по отворање да се чува во ладилник, македонскиот превод што го коментираш, не дава опис на препаратот како да се чува додека не е отворен, туку дава опис кога ќе се примени препаратот (најчесто раствори) кога ќе се отвори, па остатокот да се чува во ладилник за да би имало подолг рок на траење, оти е веќе отворен и навлезен воздух кој ќе го убрза расипувањето, за разлика ако би се чувал во ладилник каде температурата е од 3-8 степени со што не би дошло до побрзо расипување, ама од другата страна ќе делува пониската тепература на ефектот на активната супстанца, затоа треба да се пие препаратот редовно чија количина-доза е доволна за да биде активен на собна тепература, а не да се одложи пиењето како ќе ни текне ќе дозираме „по потреба“ па сега ајде ќе го чуваме во ладилник што е тотално погрешно!
...''with breakfast'' зависи за кој пациент, зависи и кој лек, но да речеме за пробиотик дека пишува пред појадок, што е погрешно за да максимално го искористиме бенефитот на добрите бактерии кои ги има во препаратот, зашто? затоа што насабајле ние уште гладни, стомакот празен каде Ph најнизок т.е. најкисел во текот на целиот ден т.е. Ph1,5- 2 ние да испиеме пробиотик веќе пола бактерии ги уништивме со таа наша киселина во желудникот, а и времето не е уште погодно на нашето тело за овие добри бактерии од пробиотикот се спојат со нашите кои се бројчано намалени во цревата поради што имаме дигестивни проблеми... многу е важно поради која индикација (здравствен проблем) го земаме пробиотикот, ако го земаме против диареја или гасови се зема поинаку, ако се зема поради слабо варење на храната поинаку, ако се зема поради проблеми со јетрата и за несоница поинаку, но најдобро со максимална искористеност на лифилизираните добри бактерии во пробиотикот е кога се зема за време на ручек и тоа да ручаме полесно и после тоа да се зема пробитикот! зошто? затоа што во тој период киселоста на нашиот желудник е пониска т.е. Ph е повисок скоро до неутрално 7 со што полесно ќе се помине слабата желудачната киселост минувајќи во цревата каде треба да се делува, да се размножува добрата бактерија и да делува на доискористувањето и аспорбцијата на храната, ако се прејадеме т.е. внесуваме временски поголема количина храна за ручек, тогаш пак ништо не сме направиле оти желудникот ќе лачи повеќе киселина поради надојдената храна и тоа ќе биде погубно за бактериите од пробиотикот, значи после послаб оброк за ручек се голта пробиотикот и тоа би требало да биде целосно искористување на добрите бактерии, навечер се пие пробиотик само кога се има проблем со дигестијата поради слаба јетра чија последица не е само ноќни гасови туку главно несоница, и затоа некој ќе рече дека не може да спие и веднаш му даваат лек хипнотик за спиење без да се најде причината зошто, и само со една капсула пробиотик се смирува подмолните симптоми на јетра и доаѓа сонот!
...долга, интересна тема за пробиотици за различни ситуации и различни пациенти ако се оди до ситница има многу интересно образложување зошто и како и кога! ;)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.350
Пијам Алицеа, денес примив анестезија на заболекар. Дали денес да се напијам од Алицеата? Дали може да настанат некои несакани дејства?
... доколку си на возраст околу 25 години несаканите дејства од Алицеата те демнат секој момент, а не од примената на локална анестезија, туку суицидните желби, помисла за самоубиство тоа се едно од несаканите дејства кои можно да ги предизвика на таа возраст Алицеата!
... се надевам дека си доста постар штом ја користиш ! (y)
После вежбањето во теретана кога се туширам приметив дека кожата на нозете и на рацете многу ми се збрчкува, за разлика од другите. Пробав туширањето да биде различно со млака, студена, топла вода, но тоа збрчкување секогаш ќе се појави, не ми пречи, немам нешто последици од тоа, но се прашувам дали е тоа нормално или знак за некое почетно пореметување во телото? Ваше мислење?
...ако тоа збрчкување на раце и стапало после прекинување на контактот со водата за неколку минути се врати во нормална состојба тогаш зборуваме за нормална појава на збрчкување на кожата!

...порано се мислело дека тоа било невролошко оштетување на местото каде навлегувала водата (осмоза) преку кожата и го отекувала место стварајќи визуелност на збрчкана кожа, но набргу увиделе дека тоа било само еден физиолошки одговор на автономниот нервен систем на телото до крвните садови под кожата на прстите да се соберат со што самата кожа се собира создавајќи бразди или збрчканост т.е. брчките се како последица на собирање на крвните садови под кожата која е еволутивна појава и ни овозможува полесно да ги фатиме влажните предмети, но не и сувите предмети!

(еволутивна појава велиме, оти нашите предци морале да собираат влажните плодови во бујна вегетација и да одат боси со стапалат по разни камени и земјани подлоги по дождливо време),
така да како одговор на твоето прашање, рацете т.е. прстите на сите луѓе кај некои повеќе кај некој помалку, кога се во допир со вода повеќе од 15 минути се збрчкуваат за да може да се фатат полесно влажни предмети, како тушот, сапунот, било што е влажно за разлика од незбрчкани прсти истите предмети не можат да се фатат толку лесно, но тоа не важи за фаќање на истите предмети ако прстите се суви т.е. не се влажни предметите!

кај нозете се забележува помалку збрчкување, а истото собирање на кожата ја дава стабилност на стапалото на подот на кадата или плочите за да не би се слизнал човекот на влажна подлога, со еден збор добро е што ни се збрчкуваат и прстите и стапалата за полесно фаќање на влажни предмети и полесно движење на влажна подлога без слизнување !
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
... доколку си на возраст околу 25 години несаканите дејства од Алицеата те демнат секој момент, а не од примената на локална анестезија, туку суицидните желби, помисла за самоубиство тоа се едно од несаканите дејства кои можно да ги предизвика на таа возраст Алицеата!
... се надевам дека си доста постар штом ја користиш ! (y)
...ако тоа збрчкување на раце и стапало после прекинување на контактот со водата за неколку минути се врати во нормална состојба тогаш зборуваме за нормална појава на збрчкување на кожата!

...порано се мислело дека тоа било невролошко оштетување на местото каде навлегувала водата (осмоза) преку кожата и го отекувала место стварајќи визуелност на збрчкана кожа, но набргу увиделе дека тоа било само еден физиолошки одговор на автономниот нервен систем на телото до крвните садови под кожата на прстите да се соберат со што самата кожа се собира создавајќи бразди или збрчканост т.е. брчките се како последица на собирање на крвните садови под кожата која е еволутивна појава и ни овозможува полесно да ги фатиме влажните предмети, но не и сувите предмети!

(еволутивна појава велиме, оти нашите предци морале да собираат влажните плодови во бујна вегетација и да одат боси со стапалат по разни камени и земјани подлоги по дождливо време),
така да како одговор на твоето прашање, рацете т.е. прстите на сите луѓе кај некои повеќе кај некој помалку, кога се во допир со вода повеќе од 15 минути се збрчкуваат за да може да се фатат полесно влажни предмети, како тушот, сапунот, било што е влажно за разлика од незбрчкани прсти истите предмети не можат да се фатат толку лесно, но тоа не важи за фаќање на истите предмети ако прстите се суви т.е. не се влажни предметите!

кај нозете се забележува помалку збрчкување, а истото собирање на кожата ја дава стабилност на стапалото на подот на кадата или плочите за да не би се слизнал човекот на влажна подлога, со еден збор добро е што ни се збрчкуваат и прстите и стапалата за полесно фаќање на влажни предмети и полесно движење на влажна подлога без слизнување !
Благодарам за исцрпниот одговор.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Имам болка само на едната страна на главата (окото и увото)
Бев на стоматолог и нема ништо на забите што може да е? Обично ваква болка имав од умникот, ама сега не е тоа.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
upload_2018-11-15_14-57-16.jpeg

Дали некој имал слично вакви црвени точки на нозете. Ми се појавија пред спиење, а дента бев во теретана, не боли, не чеша, не ми е потечена ногата. Што ми можело да биде?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Прегледај го приврзокот 199570

Дали некој имал слично вакви црвени точки на нозете. Ми се појавија пред спиење, а дента бев во теретана, не боли, не чеша, не ми е потечена ногата. Што ми можело да биде?
Личат на петехии, може си се исфорсирал во теретана. Може да се појават и од подолго стоење или одење.
Направи една крвна слика за секој случај.
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
Личат на петехии, може си се исфорсирал во теретана. Може да се појават и од подолго стоење или одење.
Направи една крвна слика за секој случај.
Крвната слика е во ред, докторот спомна нешто слично, но ништо конкретно што понатаму. На Википедија гуглирав и јас, ама многу е опширно ништо конкретно. Решив да паузирам со вежбањето и малку појачав витамини!
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Крвната слика е во ред, докторот спомна нешто слично, но ништо конкретно што понатаму. На Википедија гуглирав и јас, ама многу е опширно ништо конкретно. Решив да паузирам со вежбањето и малку појачав витамини!
Земај повеќе витамин Ц и црвено овошје (боровници, аронија и слични овошја) за да ги зајакнеш крвните садови. Гледај да не стоиш предолго и ако седиш подолги периоди поткревај ги нозете да не ти бидат притиснати надоле.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Прегледај го приврзокот 199570

Дали некој имал слично вакви црвени точки на нозете. Ми се појавија пред спиење, а дента бев во теретана, не боли, не чеша, не ми е потечена ногата. Што ми можело да биде?
И мене пред неколку години ми се појавуваа вакви гомца, и сами ги снема после одредено време, поима немам од што беше а и ништо не правев за да ги средам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Обично јас давав совети во темава, ама овојпат обратно ќе биде.
Препишан ми е Сумамед, 6 дена. Требаше денес да ги почнам ама читам по интернетов триста чуда за нив, дека можело да престане срцето и сл...:cautious::cautious::cautious:
Има ли некој искуство со овој антибиотик и со кој пробиотик би било најдобро да се комбинира? Без пробиотик не би ги ни почнала...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Обично јас давав совети во темава, ама овојпат обратно ќе биде.
Препишан ми е Сумамед, 6 дена. Требаше денес да ги почнам ама читам по интернетов триста чуда за нив, дека можело да престане срцето и сл...:cautious::cautious::cautious:
Има ли некој искуство со овој антибиотик и со кој пробиотик би било најдобро да се комбинира? Без пробиотик не би ги ни почнала...
Ја сум пиел еднаш-два пати у живот Сумамед и тоа еднаш една докторка ми препиша две дози по ред (по грешка).
Ништо посебно не се дешаваше.
Знам и неколку мали деца кои го пиеја. Не сум чул за никаков сајд-ефект.
Пробиотици пиј со два саати разлика (у однос на антибиотикот), најдобро насабајле на празен стомак (така глеам некои праат).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Обично јас давав совети во темава, ама овојпат обратно ќе биде.
Препишан ми е Сумамед, 6 дена. Требаше денес да ги почнам ама читам по интернетов триста чуда за нив, дека можело да престане срцето и сл...:cautious::cautious::cautious:
Има ли некој искуство со овој антибиотик и со кој пробиотик би било најдобро да се комбинира? Без пробиотик не би ги ни почнала...
Сега скоро пиев еден антибиотик со урбазон па после тоа 3 дена сумамед. Генерално немав проблем. Аптекарката само рече со пробиотик (како секој антибиотик) и отприлика кај 5-6 часот попладне да го земам, обично 1 час по јадење. има во упатството како се зема. Пробиотик што знам, земав јогурт и кисело млеко (можеш и кефир) и б комплекс.
Инаку и мене ми беше шубе од тие муабети за сумамедот, првпат го земам :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom