- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.510
- Поени од реакции
- 37.350
... за да кажеме за дозата требаше да кажеш барем зошто ти бил препишан овој антибиотик и која доза на Summamed ти е препишан 125мг? 250мг? 500мг? 1 000мг ?!Обично јас давав совети во темава, ама овојпат обратно ќе биде.Препишан ми е Сумамед, 6 дена. Требаше денес да ги почнам ама читам по интернетов триста чуда за нив, дека можело да престане срцето и сл...Има ли некој искуство со овој антибиотик и со кој пробиотик би било најдобро да се комбинира? Без пробиотик не би ги ни почнала...
... препоставка дека си „голема“ и ти препишале од 500мг Summamed, тогаш тоа е највероватно по грешка (случај кај @beric) препишано 6 дена (двојно пролонгирано време за azithromycin што што нема потреба поради висока концетрација на задржување на антибиотикот и после трет ден од пиење на последната таблета го има уште најмалку два дена присутен антибиотикот во организмот, ако се мисли за таблети од 500мг, доколку ти се препишани таблети од 250 мг значи точно се пие шест дена колку има самото оригинално пакување!Сумамед и тоа еднаш една докторка ми препиша две дози по ред (по грешка).
можни отстапување во класично дозирање може при специфични ситуации како што се:
-ако се дозира истите тие три таблети од 500 мг во пет дена и тоа една таблета (500мг) првиот ден, а потоа по пола (250 мг) во следните денови, значи до петти ден!
-можно во тројна комбинација на лек при зголемен титар на H. pylori, да се дозира по една таблета од 1g (или две таблети дневно од 500мг) три дена!
-при лечење на erythema migrans дозата е една таблета од 1g (или две таблети од 500мг наеднаш) првиот ден, па после до пети ден по една таблета (500 мг)
-при лечење на Chlamydia trachomatis се дозира еднократно 1g (две таблети наеднаш)!
- при лечење на акни се дозира по една таблета(500мг) три дена и потоа секоја недела само по една таблета од 500 мг цели два месеци!
- при синусна инфекција ударна доза од еднократно земање 2g (четири таблети наеднаш)
исто би ти препорачала да земањето на овој антибиотикот биде после ручек со малку вода, и ќе видиш како ќе го поднесеш тој ден без да земаш никаков друг витамин од тип на Б комплекс или пробиотик, ако имаш тегоби тогаш вториот ден ќе се определиш... но сигурна сум дека нема да има некоја реакција во дигестивниот систем што однапред се плашиш!
п.с
... и срцето нема да прекине, туку се намалува срцевиот ритам и мора да биде добар баланс на калиум, калциум па и магнезиум во организмот што се внимава кај специфични пациенти со специфични болести, а не дека кај сите сега ќе прекине срцевата работа!