... доколку си на возраст околу 25 години несаканите дејства од Алицеата те демнат секој момент, а не од примената на локална анестезија, туку суицидните желби, помисла за самоубиство тоа се едно од несаканите дејства кои можно да ги предизвика на таа возраст Алицеата!
... се надевам дека си доста постар штом ја користиш !
...ако тоа збрчкување на раце и стапало после прекинување на контактот со водата за неколку минути се врати во нормална состојба тогаш зборуваме за нормална појава на збрчкување на кожата!
...порано се мислело дека тоа било невролошко оштетување на местото каде навлегувала водата (осмоза) преку кожата и го отекувала место стварајќи визуелност на збрчкана кожа, но набргу увиделе дека тоа било само еден физиолошки одговор на автономниот нервен систем на телото до крвните садови под кожата на прстите да се соберат со што самата кожа се собира создавајќи бразди или збрчканост т.е. брчките се како последица на собирање на крвните садови под кожата која е еволутивна појава и ни овозможува полесно да ги фатиме влажните предмети, но не и сувите предмети!
(еволутивна појава велиме, оти нашите предци морале да собираат влажните плодови во бујна вегетација и да одат боси со стапалат по разни камени и земјани подлоги по дождливо време),
така да како одговор на твоето прашање, рацете т.е. прстите на сите луѓе кај некои повеќе кај некој помалку, кога се во допир со вода повеќе од 15 минути се збрчкуваат за да може да се фатат полесно влажни предмети, како тушот, сапунот, било што е влажно за разлика од незбрчкани прсти истите предмети не можат да се фатат толку лесно, но тоа не важи за фаќање на истите предмети ако прстите се суви т.е. не се влажни предметите!
кај нозете се забележува помалку збрчкување, а истото собирање на кожата ја дава стабилност на стапалото на подот на кадата или плочите за да не би се слизнал човекот на влажна подлога, со еден збор добро е што ни се збрчкуваат и прстите и стапалата за полесно фаќање на влажни предмети и полесно движење на влажна подлога без слизнување !