Дежурна Ординација! #2

Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
74
...од толку објаснување за твојот проблем очигледно „леташ“ преку напишаното... и ? физикална ќе те научи правилно да спиеш?
Не, си видов се, само имам болки во вратот, и дефинитивно треба промена на перница. Нервира веќе ова
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.585
Поени од реакции
34.771
Што да се јаде после ERCP?
ERCP (Endoscopic Retrograde Cholangiopancreatography) накратко за да разберат и другите кои читаат:
Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија се применува при дијагностицирање на нарушувања на панкреасот, жолчката и жолчниот канал и црниот дроб, тоа преставува комбинирана ендоскопско – рентгенолошка метода која овозможува дијагностика и третман на заболувања на жолчните канали и панкреасниот канален систем, се изведува со ендоскоп (тенка флексибилна цевка) кој се внесува во устата, за да се испита стомакот и дуоденумот и да може да се идентификува жолчниот канал со што се инјектира радио-матна боја во еден или двата канали и со помош на Х-зраци се добива детална слика...

инаку една од главните индикации за ERCP е да се утврди дали камењата се присутни во жолчниот канал или панкреасниот канал со што може да резултира со сериозен панкреатит, жолтица или инфекција на црниот дроб, поради овие причини се препорачува да се отстранат сите жолчни камења или со хируршка процедура или во време на ERCP.

... упатства што да се јаде после ERCP зависи доста и од самиот доктор како и установата која препорака - протокол се применува, како и да е пациентите треба да се воздржат од јадење и пиење неколку часа пред процедурата, со исклучок на неопходните лекови за хронични болести земени со малку вода!
- после ERCP 24 ч треба да се примени диета со бистри течности за да се избегне агитирање на панкреасот со варењето на храната, оти панкреасот има улога во варењето на храната, јадењето по ERCP може да придонесе за компликации како панкреатитис и други дигестивни органи кои може да бидат иритирани.
- после ERCP 24 ч па дури и до недела дена, треба да се јаде малку масти за да помогне во намалување на шансите за вознемирен стомак и агитирање на панкреасот за да не дојде до панкреатитис!
...затоа често пати препорачана исхрана се базира на индивидуалниот случај на секој пациент и факторите на ризик за развој на компликации, инаку како алтернативен тест (магнетна резонанца холангио-панкреатографија: MRCP, може да обезбеди добри слики на жолчните и панкреасните канали, но овој тест не дозволува отстранување на камења, третман на опструкција на жолчните канали или други терапевтски интервенции!
 
Последно уредено:

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479

Фала многу на деталниот одговор, се консултиравме денес со докторот, истото го кажа и он.[DOUBLEPOST=1538230259][/DOUBLEPOST]И заборавив, конкретно варен батак смее?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.585
Поени од реакции
34.771
Фала многу на деталниот одговор, се консултиравме денес со докторот, истото го кажа и он.[DOUBLEPOST=1538230259][/DOUBLEPOST]И заборавив, конкретно варен батак смее?
...количината на маснотии што треба да се јаде варира во зависност од тежина и висина, но за просечен човек не треба да се консумира повеќе од 20 грама маснотии дневно, ниту еден оброк не треба да има повеќе од 10 грама масти, јадењето пилешки гради без коски и батак препорачливо да бидат свежо купени (несмрзнати) со одстранување на кожата!
 
Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
74
Пак јас тука.
Проблемот со вртоглавици и болки во вратот се потсредија малку, со неколкудневни масажи.
Е сеа, 4 дена некаде иам проблеми со пулсот. Во одреден период од денот, се качува и до 130, и останува така со часови. Моментално е толку, дијазепам не ми помага за намалување. Другар ми вели дека со вежбање би се средило тоа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

А да мислиш на нешто друго во животот, занимација да најдеш? Преопседнат си.
 
Член од
3 октомври 2018
Мислења
3
Поени од реакции
0
Вака би ве замолила за мислење навистина не знам што да мислам и правам....вака ...пред 4 месеци ми правеа ехо на абдомен и ми најдоа полипи на жолчка11мм секако ме ставија на листа за операција ...е сега пред два дена правев повторно ехо но јадена а не гладна на кое покажа дека нема ништо како е можно ?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Вака би ве замолила за мислење навистина не знам што да мислам и правам....вака ...пред 4 месеци ми правеа ехо на абдомен и ми најдоа полипи на жолчка11мм секако ме ставија на листа за операција ...е сега пред два дена правев повторно ехо но јадена а не гладна на кое покажа дека нема ништо како е можно ?
Епа еден од тие што те гледале е ќор а кој е...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Кога се земаат антибиотици, може да се консумира храна со пробиотици?
Или да се почека да се заврши со антибиотикот па после?
Или нешо трето е најдобро?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
Кога се земаат антибиотици, може да се консумира храна со пробиотици?
Или да се почека да се заврши со антибиотикот па после?
Или нешо трето е најдобро?
Паралелно со антибиотикот се земаат, нив ги пиеш пред јадење антибиотикот после јадење
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.246
Поени од реакции
78.871
Паралелно со антибиотикот се земаат, нив ги пиеш пред јадење антибиотикот после јадење
Зависи од антибиотикот. За неколку антибиотици се препорачува да има два саати разлика со пробиотикот.И тоа е назначено како битно.

Најдобро е насабајле, на гладен стомак, пред доручек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom