ERCP (Endoscopic Retrograde Cholangiopancreatography) накратко за да разберат и другите кои читаат:
Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија се применува при дијагностицирање на нарушувања на панкреасот, жолчката и жолчниот канал и црниот дроб, тоа преставува комбинирана ендоскопско – рентгенолошка метода која овозможува дијагностика и третман на заболувања на жолчните канали и панкреасниот канален систем, се изведува со ендоскоп (тенка флексибилна цевка) кој се внесува во устата, за да се испита стомакот и дуоденумот и да може да се идентификува жолчниот канал со што се инјектира радио-матна боја во еден или двата канали и со помош на Х-зраци се добива детална слика...
инаку една од главните индикации за ERCP е да се утврди дали камењата се присутни во жолчниот канал или панкреасниот канал со што може да резултира со сериозен панкреатит, жолтица или инфекција на црниот дроб, поради овие причини се препорачува да се отстранат сите жолчни камења или со хируршка процедура или во време на ERCP.
... упатства
што да се јаде после ERCP зависи доста и од самиот доктор како и установата која препорака - протокол се применува, како и да е пациентите треба да се воздржат од јадење и пиење неколку часа
пред процедурата, со исклучок на неопходните лекови за хронични болести земени со малку вода!
-
после ERCP
24 ч треба да се примени диета со бистри течности за да се избегне агитирање на панкреасот со варењето на храната, оти панкреасот има улога во варењето на храната, јадењето по ERCP може да придонесе за компликации како панкреатитис и други дигестивни органи кои може да бидат иритирани.
-
после ERCP
24 ч па дури и до недела дена, треба да се јаде малку масти за да помогне во намалување на шансите за вознемирен стомак и агитирање на панкреасот за да не дојде до панкреатитис!
...затоа често пати препорачана исхрана се базира на индивидуалниот случај на секој пациент и факторите на ризик за развој на компликации, инаку како алтернативен тест (магнетна резонанца холангио-панкреатографија:
MRCP, може да обезбеди добри слики на жолчните и панкреасните канали, но овој тест не дозволува отстранување на камења, третман на опструкција на жолчните канали или други терапевтски интервенции!