Кога ќе почувствуваме дека раната чеша, а нема црвенило, оток тоа значи дека местото заздравува т.е. за време на фазата пролиферација, кога клетките на раната ја повлекуваат кожата навнатре нервни клетки се стимулираат и се ослободува хистамин кој всушност е одговорен за „чешањето“ што велиме преставува т.н. „клеточно движење“ како услов за создавање на ново ткиво за да се затвори раната.
и затоа најдобро е „да се издржи “ тоа чешање или евентуално доколу има можност да се помине нежно со тампон од газа да би се „тргнале изумрените клетки“ кај резот кои можат да предизвикувааат иритација и потоа да се
држи малку ладна облога на местото, да би се малку „смири“ тоа чешање, некои болници применуваат тенок слој на антиалергиски мастови од тип на Синопен, Фенерган (кои всушност ја неутрализираат таа алергиска реакција на хистаминот што се ослободува на тоа место каде имаме траума на кожата), но мислам дека не е толку страшно и неопходно доколку е мал резот - мора да чеша и нека чеша... и малку медитација онака - не чеша, не чеша и неколку минути ладна облога би било подобро !