Дежурна Ординација! #2

T

Tamora

Гостин
Како знаеш дека има гној? Го стискаш местово? За нешто што не зараснува треба да се иде на лекар, јас да те охрабрам да отидеш :)
Може да е келоид, они настануваат на површината на кожата со таложење на вишок од колаген.

Отиди на лекар де, мора стручно лице да го погледне местово :)
Такво е , ко шо велиш гледав на нет слики нешто изгледа ко келоид . Ќе побарам стручно мислење ко така ;)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507

Не барај стручно мислење, право на лекар... или стави му бекутан бебешка пудра, таа ги суши раничките и воспаленијата :)
 
Фала на советот ќе пробам и со пудра (y) , кога реков стручно мислење се однесуваше на мислење од лекар.За почеток ќе пробам со пудри и кремови можеби има и фластери за оваа намена , па и ножот не е секогаш решение пак можат да никнат на истото место .........
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Помош!

Синоќа раката си ја повредив,ме плисна врел зејтин.Имам една голема дамка и две ситни.Ставав компир и кисело млеко,во ред е извлече огнот.Денес,не ме боли ич.Ама црвено е и ми е страв да не ми остане дамка.Што да правам,на доктор не сакам да одам,а в аптека немав време да идам
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Помош!

Синоќа раката си ја повредив,ме плисна врел зејтин.Имам една голема дамка и две ситни.Ставав компир и кисело млеко,во ред е извлече огнот.Денес,не ме боли ич.Ама црвено е и ми е страв да не ми остане дамка.Што да правам,на доктор не сакам да одам,а в аптека немав време да идам
Сакам-неќам, нема, мора да одиш на кожен лекар, тој ќе ти даде некоја маст...., но еве ако веќе не одиш, држи мраз на местото, на местото стави мед или мачкај го со павловичева ( помрсна бебешка) крема :)
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.845
Поени од реакции
10.649
Додека трчав пред една недела ми се јави некоја болка во овој дел од ногата.
leg-2-Leg-After-1.jpg
Пак си продолжив и оваа недела со трчање си реков ај ќе помине. Имав 2 дена пауза и вчера отидов пак да трчам ама имав континуирано пукање на местото кога ја движам ногата и болка. Денеска еве не отидов да трчам и го мачкам со маст Кетонал. Што може да биде и дали треба да паузирам некое време?
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Додека трчав пред една недела ми се јави некоја болка во овој дел од ногата.
Прегледај го приврзокот 67266
Пак си продолжив и оваа недела со трчање си реков ај ќе помине. Имав 2 дена пауза и вчера отидов пак да трчам ама имав континуирано пукање на местото кога ја движам ногата и болка. Денеска еве не отидов да трчам и го мачкам со маст Кетонал. Што може да биде и дали треба да паузирам некое време?
Да,паузирај една недела и редовно мачкај го местото.Пред 2 години ми се случи истото и на истото место баш на свиокот.Масирај се често и не ја оптеретувај ногата :) Ако не исчезне болката после тоа,посети лекар
 
Член од
21 август 2011
Мислења
246
Поени од реакции
97
Би сакала совет од некој, некој што имал слично искуство како јас или истата повреда.
Пред 3 месеци, на крај на март во школо згазив лошо и си го повредив десниот скочен зглоб. Одев на ногата мислејќи дека не е ништо страшно и дека ќе помине, но за еден саат видов дека зглобот ми е отечен и ногата многу ме болеше. Отидов во градска и ми ставиjа лонгета, и носев 2 недели лонгета и 2 недели гипс. На крај на април ми го тргнаа гипсот и веќе 2 месеци немам ништо...но сеуште чувствувам болки додека газам на ногата. Зглобот ми отекува ако подолго време сум на нозе, а и стапалото ме боли додека газам..Не бев на физикална терапија затоа што докторите рекоа ако се јави проблем да одам..но јас навистина незнам што да правам сега затоа што е касно за физикална терапија по 3 месеци од повредата, но сеуште имам болки во стапалото.
Ако некој имал искуство со ваква повреда би го замолила да ми даде совет дали треба да ја масирам ногата или што треба да правам, за колку време отприлика би била ногата како порано и ако ја имал истава повреда колку време му требало за да се опорави.
Поздрав :)
 
Најдобро консултирај се со докторите кои преткодно се грижеа за овој случај :)
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.845
Поени од реакции
10.649
Да,паузирај една недела и редовно мачкај го местото.Пред 2 години ми се случи истото и на истото место баш на свиокот.Масирај се често и не ја оптеретувај ногата :) Ако не исчезне болката после тоа,посети лекар
Едвај чекав да се стопли времето за да имам поголема физичка активност и види што ме снајде. Фала на советот, ќе одморам неколку денови.
--- надополнето: 3 јули 2013 во 01:18 ---
Би сакала совет од некој, некој што имал слично искуство како јас или истата повреда.
Пред 3 месеци, на крај на март во школо згазив лошо и си го повредив десниот скочен зглоб. Одев на ногата мислејќи дека не е ништо страшно и дека ќе помине, но за еден саат видов дека зглобот ми е отечен и ногата многу ме болеше. Отидов во градска и ми ставиjа лонгета, и носев 2 недели лонгета и 2 недели гипс. На крај на април ми го тргнаа гипсот и веќе 2 месеци немам ништо...но сеуште чувствувам болки додека газам на ногата. Зглобот ми отекува ако подолго време сум на нозе, а и стапалото ме боли додека газам..Не бев на физикална терапија затоа што докторите рекоа ако се јави проблем да одам..но јас навистина незнам што да правам сега затоа што е касно за физикална терапија по 3 месеци од повредата, но сеуште имам болки во стапалото.
Ако некој имал искуство со ваква повреда би го замолила да ми даде совет дали треба да ја масирам ногата или што треба да правам, за колку време отприлика би била ногата како порано и ако ја имал истава повреда колку време му требало за да се опорави.
Поздрав :)
Јас имав повреда на скочниот зглоб пред неколку години, ама не ми ја ставија во лонгета, за недела-две помина . Сега имам мали болки при поголем напор. Кај тебе е друга работата, најдобро е да посетиш лекар.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
2.521
долниот дел од левиот граден кош ми е поиспакнат, потполно исто вака како на сликиве
http://training.fitness.com/attachments/body-image/1712d1180700248-sticking-out-ribs-rib1.jpg
http://training.fitness.com/attachments/body-image/1713d1180700260-sticking-out-ribs-rib2.jpg
http://training.fitness.com/attachments/body-image/1714d1180700269-sticking-out-ribs-rib3.jpg
http://forum.bodybuilding.com/showthread.php?t=148510483&page=1
не ме боли иначе ама се осеќа како некој незгоден притисок

иам гастритис хроничен можно ли е од гасови да е, имав стомачни грчеви пред 1 недела престанаа за 3-4 дена... праев ехо на абдомен, сите органи се у ред

или да е поврзано со кичма, ме болеше деновиве на моменти
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не знаев кај да прашам најдобро - препорака за креми за стрии кои се јавуваат по бременост/за време на бременост?
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Не знаев кај да прашам најдобро - препорака за креми за стрии кои се јавуваат по бременост/за време на бременост?
Само рецепти на природна база....нема никогаш да поминат стриите,само ќе потемнат.Сончање и масажи со рецепти на природна база против стрии.Имаш на нет колку сакаш :))
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не знаев кај да прашам најдобро - препорака за креми за стрии кои се јавуваат по бременост/за време на бременост?

Еуцирин масло. Го има во Зегин и баш е масло за во бременост против стрии, било најефикасно.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да прашам ... имам проблем како и секогаш пошто сум малер човек на работа секогаш мора нешто да ме стрефи :cautious: Инаку ... до пред 2 часа глава ме скина болење се напив апче аналгин но немав јадено уште од вчера вечерта ... и сега веќе земав два перека плус јогурт никако не можам да јадам ... ми се гади кога ќе помислам на храна а немам јадено уште од вчера јогуртот без проблем го пијам но осеќам малце како мачнина некоја плус главата веќе ми помина но осеќам мачнина и не можам да јадам и сега пред едно 20 мин земав витамин ц ... па да прашам нешто како совет или што да се напијам - јадам ... а и плус осеќам мачнина ... ми се гади нешто :( Кој знае нека пише ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom