Дежурна Ординација! #2

A

andrea85

Гостин
тоа се медицински шампони за лекување на габични инфекции на кожата на главата, као на база на Кетоконазол и слични.

.
И мене ми се појавија мали рани, као отвори а внатре крв поради јака фарба/хидроген пред неколку години и ми препишаа таков шампон и верувај ми сместа се затворија и оттогаш не ми е се појавија
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Луѓе.......ве молам за помош зошто ми е скурчено више...имам проблем со кожата на главата..целата ми е исфрлана како бубулици со гној(не големи) ама пак......ради тие гнасни бубулици косата ми е изретчена и нема живот и ми се мрси СЕКОЈ ден што значи ја СЕКОЈ ден мијам глава....ми кажаа дека е габична инфекција.....бев на кожно божем шампон а-у и нишо.....више 3-4 години имам овој проблем.....19 год сум еве слика

од 1ва година средно и до ден денес.....божем се шишав да ми дишела главата и ќе поминеле ама к*рац

anybody?
Истиот проблем го имам од лани есента, само кај мене ми се прошири и на веѓиве, прво користев кетоконазол шампон 1 месец, после на секои 2 недели, ситуацијата се смири, сега во пролет пак. Мене ме чешаат и лом се правам и пијам летизен.

Од креми онака кога ептен акутно ќе ме закачи, синодерм гел користам локално на местово и за 5 минути све поминува.

Дерматологот ги направи сите испитувања и остана на тоа да користам шампон кетоконазол по потреба и некоја крема за хидратација на местово, пошто откако ќе поминат бубулиците местово е суво и се перута.

Воедно ми препорача заштитна крема со фактор 50+, при подолго излегување на јако сонце на лицево, пошто тој дел од лицето е изложен на сонце. а кожава на лицето е најосетлива.

А гледам и ти имаш светол тен, па би требало да користиш.

Прво нека ти препорача некој од тука добар дерматолог на клиника или на приватно и на клиника имаш одлични кожни доктори, второ не иди од доктор на доктор за ваков проблем бидејќи ќе издаваш еден куп пари за креми и на крај не се замарај многу, ќе помине, може и на нервна база да ти е.
 
B

babsyy

Гостин
Луѓе.......ве молам за помош зошто ми е скурчено више...имам проблем со кожата на главата..целата ми е исфрлана како бубулици со гној(не големи) ама пак......ради тие гнасни бубулици косата ми е изретчена и нема живот и ми се мрси СЕКОЈ ден што значи ја СЕКОЈ ден мијам глава....ми кажаа дека е габична инфекција.....бев на кожно божем шампон а-у и нишо.....више 3-4 години имам овој проблем.....19 год сум еве слика

од 1ва година средно и до ден денес.....божем се шишав да ми дишела главата и ќе поминеле ама к*рац
anybody?
Не е доволно само да ти кажат, габична инфекција треба да се потврди/дијагностицира со земање брис. Би ти препорачала да отидеш во Адриалаб, па по резултатите да видиш дали станува збор за габична инфекција и дали ќе бидат пронајдени некакви патогени бактерии.
Имаш зголемено лачење на лојните жлезди и/или изменет состав на излачениот лој. Затоа и често ти се мрси и косата, лицето што е симптом за себореја.
Најчесто се манифестира на оние места каде што има најмногу лојни жлезди: капилициум, чело, назолабијални бразди, брада итн.
Има два вида на себореја: мрсна и сува

-Мрсната себореја се манифестира на челото, носот и косата. Кожата и косата се мрсни поради зголемено излачување на течен лој.
-Сувата себореја најчесто се среќава кај капилициумот. Кожата во тој дел е покриена со сув и ситен првут, а себореичните промени на капилициумот предизвикуваат јадеж, па со постоењето на себорејата често се поврзува и паѓањето на косата (alopecia seborrhoica).

Во однос на храната ќе избегнуваш: луто, алкохол, мрсна и конзервирана храна, зачини, кафе и др Исто така можеш да употребуваш и витамини А и Б6.
Локално за косата можеш да користиш Кетоконазол шампон или Ducray - Kelual на Avene.
За лицето препорачувам сапун со сулфур/катран (5-10%), bactroban (mupirocin) крема/маст за лице (за акните/комедоните), салицилна киселина (2-5%).
И уште еднаш ќе ти потенцирам, најпрво земање брис, а не дијагноза од око. И доколку ти препорачаат кортикостероид, избегнувај и гледај било каква друга алтернатива освен тоа, затоа што најчесто позитивните резултати се моментални, а потоа кожата се враќа во истата, или полоша состојба.
 
А шо да правам ја кога сите брисови се негативни? :cautious: Дерматологот вика, ти си легенда, мене нон-стоп ми излегуваат такви бубулици по челото што чешаат, воедно и на веѓиве ми се пренесува.
Официјално дијагнозава ми е дисабореа капити и идем (не се чита убаво, па го пишав на кирилица).

Имам користено кетоконазол и мислам дека он најмногу ми помага, ко препороден сум, после една недела некористење пак почнува на лошо, после Келуал се пребацивме, мех онака помага ама ништо посебно, после почнав и летизен да пијам оти многу чешаше, сега престанав оти не помага многу, требаше на друг антихистаминик да се пребацам, му забораив името, ама ми кажаа дека од тој многу се спие и оставив.

Сега сум на ништо, облоги од камилица ми се чини дека најмногу ми помагаат, правам поконцентриран чај и на чиста газа, чешањево да куцнам у дрво го снема и црвенилото се повлекува.

Кортико избегнувам, знам што може да направат, сапун од боров јаглен користам.

Некој совет? :icon_mrgr:
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Од пред недела и нешто имам болки во пашката, поточно од први мај (бев пијан, не се сеќавам кај сум се удрил и дали сум се удрил) и баш вчера кога легнав да спијам ги осетив најјаките болки до сега, како клукање, како таму да ми е срцето ебаго.
Да посетувам доктор или ќе помине само од себе?
 
B

babsyy

Гостин
А шо да правам ја кога сите брисови се негативни? :cautious: Дерматологот вика, ти си легенда, мене нон-стоп ми излегуваат такви бубулици по челото што чешаат, воедно и на веѓиве ми се пренесува.
Официјално дијагнозава ми е дисабореа капити и идем (не се чита убаво, па го пишав на кирилица).

Имам користено кетоконазол и мислам дека он најмногу ми помага, ко препороден сум, после една недела некористење пак почнува на лошо, после Келуал се пребацивме, мех онака помага ама ништо посебно, после почнав и летизен да пијам оти многу чешаше, сега престанав оти не помага многу, требаше на друг антихистаминик да се пребацам, му забораив името, ама ми кажаа дека од тој многу се спие и оставив.

Сега сум на ништо, облоги од камилица ми се чини дека најмногу ми помагаат, правам поконцентриран чај и на чиста газа, чешањево да куцнам у дрво го снема и црвенилото се повлекува.

Кортико избегнувам, знам што може да направат, сапун од боров јаглен користам.

Некој совет? :icon_mrgr:
Многу ти е "стручен" докторот. Најпрво "дисабореа" е всушност себореичен дерматитис. Мое мислење е да си го смениш дерматологот, затоа што имаме многу нестручен кадар кај нас, особено кога станува збор за дерматитисов. Знаат да препорачаат и два кортикостероиди во комбинација со ациди борици за состојбава. Доколку си ги користел салицилната киселина, бензоил пероксидот, а немале дејство пробај го Бактробанот (мупироцин), кој има антибактериско дејство и особено добро се покажал кај гнојните фоликули. Со тоа што имај предвид дека се става мала количина крем, затоа што обично луѓето ставаат повеќе мислејќи дека така има поголемо дејство што е погрешно. Невенот е исто така добра алтернатива, како и камилицата, затоа што се на природна база и имаат смирувачко дејство.
Сапунот од боров катран и биоактивен сулфур го намалува лачењето на лојните жлезди. Doctor's се такви медицински сапуни кај нас за регулирање на себумот и третирање на проблематична кожа.
Исто така локално можеш да користиш ризорцин, кој има дезинфекциско и антисептичко дејство. За хронични кожни заболувања се користи од 5-10%, додека пак кај акните најчесто 1-3%. За жал состојбата може да се ублажи, но не постои лек кој со сигурност ќе ти помогне целосно да ја решиш состојбата. Затоа што дерматитот знае да се повлече, па по одредено време повторно да се врати. Евентуално ако веќе ти станува неподносливо чешањето, како последна алтернатива ќе пробаш Декотал. И можеш да ме контактираш по пп за се' останато што те интересира околу ова.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
нешто за температура а да не е далерон?
 
А

Атомската мравка

Гостин
Плускавци ми испаднаа од трчање, да ги кинам/издупчам или да ги оставам сами да поминат ?
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Некоја крема/маст за лузни останати од сипаници..?!
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Океј едно прашање од поискусните и луѓе кој пробале.Докторката на кожно ми забрани да се бричам доле кај интимниот реон и ми рече да користам крема за депилација.Е сега да ми препорача некој што користи или користел добра крема која е ефективна? :D
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.056
Поени од реакции
6.663
Плускавци ми испаднаа од трчање, да ги кинам/издупчам или да ги оставам сами да поминат ?
дупни со крфица ситно дупченце пооооолека,нежно - ќе спадни,само да пазиш да не ги сољупиш оти стварно на***......ќе те пржи малу али немаш гајле.....
 
Член од
15 мај 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво!Ме интересира како може да се исфрлат т.е исчистат паразити од организмот.Ми здосади веќе да одам по лекари.20 испитувања правев копрокултура и фецеси но ненајдоа ништо,а знам дека имам.Дали е добро да се пие чај од Пелин.Дали воопшто го има некој користено и дали истото помогнало???Исто така ме интересира овие доктори за здрав живот,како ги викаат нутриционисти(ако не се лажам).Препореачјте ми некој добар.Се надевам на одговор....
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Здраво!Ме интересира како може да се исфрлат т.е исчистат паразити од организмот.Ми здосади веќе да одам по лекари.20 испитувања правев копрокултура и фецеси но ненајдоа ништо,а знам дека имам.Дали е добро да се пие чај од Пелин.Дали воопшто го има некој користено и дали истото помогнало???Исто така ме интересира овие доктори за здрав живот,како ги викаат нутриционисти(ако не се лажам).Препореачјте ми некој добар.Се надевам на одговор....
Ако во копрокултурата не нашле ништо како дојде до заклучок дека имаш паразити?
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Океј едно прашање од поискусните и луѓе кој пробале.Докторката на кожно ми забрани да се бричам доле кај интимниот реон и ми рече да користам крема за депилација.Е сега да ми препорача некој што користи или користел добра крема која е ефективна? :D
Па имаш еден куп, ама ја не би ти препорачал, кожава доле е осетлива, плус сите тие креми содржат натриум сулфид, затоа што влакната се раствораат со реакција на сулфидот.
Кожава во тој дел е осетлива, можеш лесно да закачиш некоја бактерија, габичка и бетер беља да си направиш.

Пробај со машинка, така не се создаваат подкожни влакна и не се инфицираат фоликулите.
--- надополнето: 15 мај 2013 во 15:53 ---
Плускавци ми испаднаа од трчање, да ги кинам/издупчам или да ги оставам сами да поминат ?
Ако те нервираат, Pop it :icon_lol: со медицинска игла за инекции, претходно местово помини го со бетадин и не лепи ништо врз нив, остави го местово да дише. Редовно хигиена и то е то.

Јас ги оставам, ама така ми се чини поспоро ми заздравуваат.
--- надополнето: 15 мај 2013 во 16:00 ---
Некоја крема/маст за лузни останати од сипаници..?!
Какви се тие лузни од сипаници? Остануваат флеки ако ги чешаш. Ако за време на болеста си ги мачкал/а со течна пудра не би требало да останат. Пример ја каде што се имам чешано останаа бели флеки, хипопигментација и таквите флеки не можеш да ги тргнеш со ништо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom