Дежурна Ординација! #2

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Знае ли некој колку пари отприлика зимаат на трансфузија за одредување на крвната група?
Околу 700 ден.

Можно е да има промени во цените, да си прашаш за најточно.
 
С

сашенко

Гостин
Нешто за грло имате да препорачате? Ме боли веќе два дена ужасно.Бев до амбуланта и матичниот на одмор ми бил и си земав стрепсилс ама џабе фрлив парите изгледа.Пола пакетче ги стопив денес бонбоните и никаков ефект.Ми рекоа дека од 1-2 поминувало а јас 12 за 5 саата излижав и никаков ефект.Утре планирам да варам чај а ако имате некое друго чаре помагајте...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нешто за грло имате да препорачате? Ме боли веќе два дена ужасно.Бев до амбуланта и матичниот на одмор ми бил и си земав стрепсилс ама џабе фрлив парите изгледа.Пола пакетче ги стопив денес бонбоните и никаков ефект.Ми рекоа дека од 1-2 поминувало а јас 12 за 5 саата излижав и никаков ефект.Утре планирам да варам чај а ако имате некое друго чаре помагајте...
Септолете? :/ Иначе знам прееедобар лек за ова ама не знам дали ќе сакаш, направи гаргара со солена вода, одма подобрување ќе имаш :)
 
Аптекарката ми предложи септолете ама јас си земав стрепсилс и се зафрканав.Ај ке пробам и со двете утре па ке видам.Фала многу..
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Нешто за грло имате да препорачате? Ме боли веќе два дена ужасно.Бев до амбуланта и матичниот на одмор ми бил и си земав стрепсилс ама џабе фрлив парите изгледа.Пола пакетче ги стопив денес бонбоните и никаков ефект.Ми рекоа дека од 1-2 поминувало а јас 12 за 5 саата излижав и никаков ефект.Утре планирам да варам чај а ако имате некое друго чаре помагајте...
Не претерувај со антисептиците тие иако не се опасни можат да го надразнат желудникот, и да осеќаш мачнини и повраќање инаку јас топло би ти го препорачал д-р Тајс АНТИ-СЕПТИК, како најдобар по мое мислење или пак Trachisan, сепак остави за неколку дена ќе помине не претерувај со таблетите за шмукање...
 
Како да го оставам мислиш? Јас мислев ако не зимам ништо друго само на чај да бидам ама уште топол чај на времево ми фали :(
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
Нешто за грло имате да препорачате? Ме боли веќе два дена ужасно.Бев до амбуланта и матичниот на одмор ми бил и си земав стрепсилс ама џабе фрлив парите изгледа.Пола пакетче ги стопив денес бонбоните и никаков ефект.Ми рекоа дека од 1-2 поминувало а јас 12 за 5 саата излижав и никаков ефект.Утре планирам да варам чај а ако имате некое друго чаре помагајте...
Стоматидин, праиш гаргара и ке ти помине одма...проверено....и излечено...:D
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Како да го оставам мислиш? Јас мислев ако не зимам ништо друго само на чај да бидам ама уште топол чај на времево ми фали :(
Не мислев да го оставиш буквално туку да не го форсираш нема да помине веднаш ќе потрае ден-два ... инаку нема потреба од топол чај пиј свежо исцеден сок, конзумирање на собна темперетура, и анти септик како што ти пишав но по еден на 3-4 саати и ништо страшно ќе помине....
--- надополнето: Jul 12, 2011 12:15 AM ---
Знае ли некој колку пари отприлика зимаат на трансфузија за одредување на крвната група?
Оди дарувај крв со тоа веднаш добиваш три плуса заштедуваш 500-600 денари и помагаш на некој на кому му е потребна, по неколку дена ке добиеш картонче на кое се ќе ти биде запишано, секако плус тоа крвта се тестира и на неколку преносливи болести за недај боже од такво нешто ќе те известат....
 
С

сашенко

Гостин
Бев на лекар сега за грлото и ми даде упат за во државна бриз да ми земат бидејки ова со грлото премногу често ми се случува.Иначе рече откако ке ми земат тоа да почнам да пијам лидаприм...
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Околу 700 ден.
Можно е да има промени во цените, да си прашаш за најточно.
Оди дарувај крв со тоа веднаш добиваш три плуса заштедуваш 500-600 денари и помагаш на некој на кому му е потребна, по неколку дена ке добиеш картонче на кое се ќе ти биде запишано, секако плус тоа крвта се тестира и на неколку преносливи болести за недај боже од такво нешто ќе те известат....[/quote]

Бев денес, 500 ден. ми земаа. А немам 18 уште за да дарувам крв, а и итно ми требаше да се провери.
 
R

Roten 96

Гостин
вака сега....не ми се оди на стоматолоог по ова жешко...секојдвено имам тапа болка и тоа ме боли плмобираниот заб,не знам како може но ете боли...де кажете како барем да ја намалам болката..има тема на форумов за забоболка но читав таму и пробував но некако нејќе да помогне баш...
--- надополнето: Jul 13, 2011 5:52 PM ---
дали само ваѓање на забот е спасот :(
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Ќе си купиш капки за забоболка Дентогал и би требало да ти помогне.
 
R

Roten 96

Гостин
какпи Дентогал прв пат слушам но благодарам би можел да одам во аптека да побарам.Но зошто баш веќе пломбиран заб ме боли,дали има некои пропусти,пукнала на некои места пломбата па влегува храна навистина не знам.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
какпи Дентогал прв пат слушам но благодарам би можел да одам во аптека да побарам.Но зошто баш веќе пломбиран заб ме боли,дали има некои пропусти,пукнала на некои места пломбата па влегува храна навистина не знам.
пробај мене ми имаат помогнато.
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Ме боли желудацот - имам јадено а пак ме боли и не е првпат и кога го пипнам ептен боли :/​
Чаре?​
 
Kajgana Shop

На врв Bottom