Дежа ву - Дали некогаш ви се случило?

Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Ми се случува и баш ми е онака интересно:)
Не се согласувам дека тоа е ситуација која некогаш во минатото се случила, па сеа се повторува и затоа ја приметуваме...скоро сите дежаву-а кои ми случиле биле со луѓе кои не сум ги познавала претходно, или места на кои не сум била, или ситуации во кои дотогаш не сум се нашла...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Ми се има и тоа многу пати, 2-3 секунди ми се случиваат тие дешавања шо сум ги доживеал и после сакам да си надополнам уште некое време али се губат :D
 
T

Torchyrus

Гостин
Сега на фејсбук седам и ми се случува нешто чудно пишувам со тројца исти и првата личност шо ми е на чат офлајн исто и предходно мислам дека ми се има случувано истово со истите личности само не сум сигурен ...
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.038
Поени од реакции
2.128
Ова секој ден ми се случува..баш размислив што може да биди али неам појма..сакав да пишам и тука али ме измрза..ја знае некој причината?
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Ептен често ми се случува оваа појава. Порано ми беше многу чудно, но со тек на времето се навикнав. Некои велат дека тоа се случило во некој од нашите претходни животи, но незнам кој од вас ја има читано "Паралелен свет" од Б.Д. Бенедикт, кажано е дека оваа појава е всушност резлутат на погрешни информации кои ги дава мозокот. Како и да е, сето тоа сеуште не е добро исчистено и истражено. :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Полагав еден испит...и после пак го полагав...и уште еднаш.И осеќам дека пак ќе го полагам...:P
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Полагав еден испит...и после пак го полагав...и уште еднаш.И осеќам дека пак ќе го полагам...:P
мхм:) ми ту

Пред пола саат имав дежа-ву. Не сторив ништо за да го спречам, а знаев дека ќе се случи. Често пати ми се случува.
 
M

MagisterLudi

Гостин
и Дежа-ву и Вужа-де, Вужа-де малку почесто ама тоа е =)
 
Член од
26 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
33
Дежа ву нема шанси да е нешто што сме го виделе во претходниот живот, и сега пак го гледаме. „Машта ради свашта.“

зошто?

Пред 1 месец. бев во установа која се изгради пред 5-6 месеци..и доживеав дежа-ву. Па како може во претходен живот да сум била во установа која не постојала тогаш? :)
Значи не верувам дека е тоа. Имаше едно објаснување дека тоа е затоа што едното око гледа побрзо од другото во даден момент..
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
386
Поени од реакции
98
Дали некогаш сте се нашле во ситуација која ви е многу позната, но не знаете од каде? Ако одговоривте потврдно, тогаш си имате работа со "дежа ву".
Џејмс М. Лампинен, асистент професор по психологија на Универзитетот во Арканзас, на следниов начин го објаснува феноменот попознат како "дежа ву" или "веќе видено" :

"Дежа ву е силно чувство на глобална фамилијарност (фамилијарност е кога нешто ни е добро познато), и се јавува во на прв поглед, нова ситуација. Чувството на фамилијарност кое се искусува преку дежа ву-то е глобално на следниов начин: Ни се чини дека целиот настан, секој детал, се се случило порано, и покрај тоа што знаеме дека настанот е единствен и се случува во моментов. Ова искуство е обично вознемирувачко и е често проследено со чувство на нереалност. Повеќето луѓе искусуваат дежа ву некогаш во животот – наодите покажуваат дека повеќемина имале најмалку едно такво искуство.
Се уште не знаеме точно кои механизми го создаваат дежа ву-то но има голем број напредни теоретски пристапи. Сигмунд Фројд, таткото на психоанализата, тврдеше дека дежа ву се случува кога личноста спонтано е потсетена на некоја несвесна фантазија. Поради тоа што фантазијата е несвесна, нејзината содржина не допира до свеста, туку само чувството на фамилијарност и тоа резултира во дежа ву искуство.

Од неодамна дежа ву се објаснува во смисла на обработување информации. На пример, Херман Сно, еден од водечките светски експерти на оваа тема, смета дека сеќавањата се складирани во формат сличен на оној кој се користи кај холографските слики. Повеќето луѓе сметаат дека холографијата е начин на создавање на "кул" тродимензионални слики, и ја гледаат како оправдување за да си поиграат со ласерските зраци. Но аспект на холографијата кој е исклучително битен за тезата на Сно е како холограмите ги складираат информациите. Всушност, Сно укажува дека, за разлика од традиционалната фотографија, секој дел на холограмот ги содржи сите потребни информации за да се создаде целосната слика. Сепак, колку помал дел се користи, толку понепрецизна (и позаматена) станува холограмската слика. Според Сно, човечката меморија функционира на ист начин. Дежа ву искуствата се случуваат кога некоја сегашна ситуација се поклопува со маглива слика на некоја измината случка. Тоа е како да се убедите себеси дека познавате некоја личност на матна слика снимена преку безбедносна камера.

Исто така дежа ву-то може да се објасни и во смисла на глобални модели на поклопување на меморија. Според овие модели, ситуацијата може да ни се чини позната поради една од наредниве две причини. Првата причина е дека ситуацијата е многу слична со некој настан во нашето сеќавање. Но одредена ситуација исто така може да ни се чини позната ако е умерено слична со голем број наши сеќавања. Тоа е вториот случај. На пример, замислете дека учествувате во експеримент при што јас ви покажувам фотографии од разни членови на моето семејство: Моите браќа Џон и Џо, моите сестри Шерон, Линда и Џуди, моите родители Волтер и Патриша, и така натаму. По завршувањето на експериментот налетувате на мене и си помислувате:"Еј, дечково ми е познат." Причината за ова е што иако никој во моето семејство не изгледа исто како јас, сите тие донекаде личат на мене и според глобалните модели на поклопување сличностите тежнеат да се соберат на едно место. Некои дежа ву искуства би можеле да се објаснат на сличен начин.
Напредок во разбирањето на дежа ву е постигнат и во невронауките. Истражувачите од областа на когнитивната психологија и невронауките ги разграничија свесните сеќавања од оние засновани на фамилијарност. На пример, повеќето луѓе можат свесно да се сетат на својот прв бакнеж. Можат ментално да се вратат назад во таа ситуација. Но исто така имаме и искуство при кое се чувствуваме дека некого веќе сме го сретнале, но не сме сигурни точно каде. Личноста ни е позната, но ние не можеме да се сетиме од каде. Истражувачите веруваат дека системот на помнење во кој спаѓаат предчелниот кортекс и хипокампусот управува со свесните сеќавања, додека пак системот на помнење во кој се парахипокампалната вијуга и нејзините кортикални врски владее со чувството на фамилијарност (познатост). Неодамна Џозеф Спет аргументираше дека дежа ву искуствата се јавуваат кога парахипокампалната вијуга и областите поврзани со неа привремено ќе се активираат во услови кога нормално функционираат предчелниот кортекс и хипокампусот. Ова создава силно чувство на фамилијарност но без привидот на свесно сеќавање.

Како што можете да заклучите, постојат голем број различни теории кои се обидуваат да го објаснат дежа ву-то, но се уште немаме конечен одговор на прашањето која од овие теории е точна. Ова е област која е се уште погодна за објаснувања и понатамошни истражувања.
И да имало е такви моменти, посебно на плажа.
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
21
Поени од реакции
1
Дежаву..имам негде прочитано..дека се објаснува како моментална појава само...нема никаква врска со сонот..
Едноставно во некои моменти едното око гледа побрзо од другото..и таа слика ни остануа во мозокот...за потоа кога истата слика ке ја видиме и со другото око мислиме дека е Дежа Ву...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom