Еве ја и втората теорија која гласи:
"Ако мозокот е голема просторија каде што дневно се чуваат по илјада мали слики од секоја случка, можно е ако во блиска иднина ни се случи некоја случка која што има неколку слични фактори како некоја претходна, без разлика дали факторите се субјективни или објективни, мозокот потсвесно со помош на мозочните клетки да се активира и да даде некаква слика која што ние ја препознаваме и ја чувствуваме како да сме ја виделе и доживеале веќе".
Фала богу што не сум научник, и никој (се надевам) нема да ја земе оваа теорија здраво за готово.
Е сега, малку повеќе за тоа што вистинските научници имаат да кажат во врска со овој феномен:
Едни научници сметаат дека појавата е поврзана со аномалии до кои доаѓа при нормалното одвивање на процесите во мозокот. Ги нарекуваат грешки при распознавањето.
Кога се доаѓа до такви грешки?
-Кога преживуваниот во моментот настан ни се чини познат, ние всушност не го памтиме него, туку некој друг настан од минатото што му е сличен. Некој елемент од сегашната ситуација активира определен јазол во мозокот, каде се чуваат сосема различни настани, но многу сличен на сегашниот.
Отприлика, нешто како и мојата теорија, само што е далеку постручна.
Замислете си дека сте на некаква прослава. Луѓето околу вас се поднапиени. Замислете си што ќе се случи кога забавата ќе заврши и кога секој ќе треба да се качи во својот автомобил и да си тргне дома. Наеднаш го имате чувството за веќе доживеано. Всушност, вие сте стигнале до еден фајл во мозочниот систем, во кој е складиран споменот за некое друго празнување, на кое сте присуствувале пред неколку месеци или години. И тогаш луѓето биле расположени, а вам ви минала истата мисла низ умот.
Е тука, не се збори за афтери, тоа е цела друга тема за филозофирање.
Според специјалистите, ако двата настана згора на се се поврзани и со некаков емоционален фактор, можноста за појава на фалшливиот момент е уште поголема.
Други научници се на мислење дека причината за чувството на веќе доживеаното се аномалии при перцепирањето.
Според оваа теорија, нештата зависат од тоа како ги прифаќаме и како ја осмислуваме надворешната реалност. Проблемот се крие во неправилната координација на двете мозочни хемисфери. Тие се нешто како два самостојни мозока во главата. И покрај тоа што функционираат истовремено и се многу добро уиграни, секоја хемисфера од различно човечки органи (око, уво итн.) прима своја сопствена, одделна информација. Да претпоставиме дека хемисферата А ја прима таа информација неколку делови од секундата порано од хемисферата Б. Кога Б ќе започне да работи, во нас се создава едно магловито чувство за познатост. Или чувство, тоа веќе сум го доживеал. И навистина сме го доживеале- дел од секундата порано, преку хемисферата А.
Е сега доаѓа делот за кој што претпоставувам сте го доживеале како дежа ву. Станува збор за галаксичките патешествиа на човечкиот ум.
Теоријата на Шпанецот Хозе Луис Пиниос од 1975 година е поедноставна, но исто така и доста смела.
Вие, или поточно - вашето тело, се наоѓа во дадена ситуација. Вашите сетила слушаат, гледаат, чувствуваат и складираат надворешна информација. Но вашиот ум е на Месечината или на илјадници километри од неа. И одеднаш- чувството за нешто преживеано. Што ви се случило?
Едноставно- вашата свест престанала да се шета низ Галаксијата и се вратила во телото. Всушност, сегашната ситуација не ви се случувала во минатото. Сте ја преживеале секунда пред тоа, но само со телото. Дури сега ја преживувате и со духот. Се разбира, вие не можете да го осознаете тоа.
И на крај, не би било интересно доколку и психоаналитичарите не измешаа прсти во овој феномен.
Имено, психоаналитичарите имаат свое објаснување за овој феномен и тоа повторно е поврзано со погрешно распознавање. Повторно ни се чини дека настаните сме ги преживеале порано, а всушност, се препознаваме на некои слични настани. Но овојпат - поради автоцензурата на нашиот ум. Поради некакви причини, тој го потиснува споменот за старата случка, на тој начин што не му дозволува да исплива во нашата свест. Нашиот сопствен мозок ги крие информациите од нас! И не фрла во една многу збунувачка состојба - ем ми се случувало, ем не можам да се сетам кога и каде, ебаго!.
Оваа теорија ја објаснува и магловитоста што секогаш е присутно при чувството за веќе доживеаното.
А како поинаку да се чувствуваме при целата таа збрка од сегашноста и потиснатите спомени од минатото во нашата глава?