Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Прва работа ако си ме читал треба да знаеш дека никогаш не сум ги форсирал БРИК! Втора работа најди и цитарај ми пост кади сум кажувал да инвестираш во злато или сребро. Трета работа околу инфлацијата јас бројките не ги лупам од ракав ти зборам со факти еве ти линк имаш графит горе лево и увери се сам http://www.nbrm.mk/ Да те потсетам лани за 6-7 месеци купив франци на 50 продадов на 55 тоа ти е 10% за пола година или што би се рекло 20% на годишно ниво (пишував на форумов да се купат франци) после тоа пишував да се купат долари (јас купив) тогаш беа 43-44 ден сега се 49 повторно повеќе од 10% за помалку од година Тоа со штедењето во денари ти кажав во предходниот пост (и јас имам износ што го штедам во денари ама не надминува 30-40% од капиталот што го поседувам во пари или акции) дека денарот ќе девалвира ќе девалвира ти стојам зад ова памти, запиши живи били па видели, и тоа најрано за некоја година најдоцна кога ќе го воведеме еврото со тоа што место да се заменуваат денарите за 61 ден за едно евро ќе се заменуваат на пример за 80 ден, ако следиш трговски баланс, тековни и капитални сметки тоа е тоа, ова со дознакиве од авганистан, швицарска, немачка само ќе се намалува и еден ден ќе стане незначителен процент а тогаш денарот девалвира, НЕ ПОСТОИ ЕКОНОМСКА ЛОГИКА зашто за доларот има 2 посто камата а за денарот 10 а? Што мислиш ти? Еве јас ќе ти кажам затоа што имаш награда за ризикот, а кај има ризик има и коцкање (понзи шема) таму добиваат тие што први влегуваат и на време излегуваат а останатите ќе се навлечат на крај и ќе изгорат како и досега што се случаваше (и со берзата на пр. 2008 и сл.) Инаку мои фаворити сега се акциите верувам дека најкасно за 2-3 години ќе влеземе во нато (само по овој основ берзата лета до 4000 поени, потсети се на 12 октомври 2009, инаку дното беше март 2009, тогашниот самит во букурешт и неизвесноста околу приемот ја рипна берзата а замисли да има ИЗВЕСНОСТ дека ќе влеземе, затоа се поголем број на компании почнуваат да спонзорираат и помагаат на здрушенија и партии кои се за побрза евро-атлантска интеграција. Што милиш што им е целта на нашиве компании да се продадат по овие подценети цени? Се лажеш сакаат да ја кренат берзата и да си ја платат кожата што поскапо. На пр. комецијална, алкалоид, и топлификација се печени за продажба на странски партнер, епа сигурно не сакаат акционерите за овие обезвреднети цени на акциите да ги продадат своите удели!
Да, гледам дека допрела 10.. те во втор квартал ете вели Стефус изнесувала толку инаку веројатно годишната инфлација била 8,3 http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
но јас реков ОК! нека е така, 2008 - Една година е! Јас зборувам за 10-12 години!
Не, не ме разбирај погрешно не реков јас дека ти си препорачал инвестирање во злато сребро БРИК или си пишувал за тоа во некој пост, туку спомнав дека се предимензионираат истите, па дури и акциите на берзата во последниве 5 години... а за каматите на Денарите и на Долари или Евра... па сосема е јасно зошто Денарите имаат повисока камата... на ризик се познава шизик! А јас ете десетина години му верувам на Денарот, но се помалку од причина што премногу се доближива инфлацијата и каматата, те каматата многу падна, а не поради ризик од скорешна девалвација!.... за девалвација ти реков муабети слушам и пред да почнам да му верувам на Денарот... значи уште малку па 20 години скоро!.... А види еден ден можеби и тоа ќе се случи и Папата ќе умре и тоа е сигурно! Се посигурно и за едното и за другото, како времево проаѓа... се е поизвесно да се случат и едното и другото! Само не се даваат! Би терале вака бар уште 5-6 години! :P... Држи можеби ова за берзата што велиш, ама кој може да го знае тоа? Кој може да биде сигурен и кој го знае тајмингот кога тоа ќе се случи....Еве нели реков Христијанче 2 години секој петок вели: Сега му е мајката, сега купете, никогаш порано не биле пониски.... највеќе ризикува, оној што не ризикува! И така 2 години, а таа тоне ли тоне, тоне.... Некои инвеститори некогаш и можеби ќе се офајдат, ама ретки се тие! Тоа ти е како и во бизнисот.... некои замисли, успеваат!
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
Немам ништо разгледано моментално, мене ме свикаа пред една-две недели по телефон и ми понудија опција на 8.4 да ги орочам уште една година пред да се сменат тарифиве, ама ги одбив од причина што до Ноември сум на 9.5.
Mnogo dobar interes nudat bankite vo MK. Super e za lugeto so kesh.
Od druga strana ako sakash da zemesh kredit, kakva ke e kamata, logicno nad 10%?
Toa e problem za biznesot. Ama izgleduva nacionalnata banka e izbrala vakva politika.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Да, гледам дека допрела 10.. те во втор квартал ете вели Стефус изнесувала толку инаку веројатно годишната инфлација била 8,3 http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
но јас реков ОК! нека е така, 2008 - Една година е! Јас зборувам за 10-12 години!
Не, не ме разбирај погрешно не реков јас дека ти си препорачал инвестирање во злато сребро БРИК или си пишувал за тоа во некој пост, туку спомнав дека се предимензионираат истите, па дури и акциите на берзата во последниве 5 години... а за каматите на Денарите и на Долари или Евра... па сосема е јасно зошто Денарите имаат повисока камата... на ризик се познава шизик! А јас ете десетина години му верувам на Денарот, но се помалку од причина што премногу се доближива инфлацијата и каматата, те каматата многу падна, а не поради ризик од скорешна девалвација!.... за девалвација ти реков муабети слушам и пред да почнам да му верувам на Денарот... значи уште малку па 20 години скоро!.... А види еден ден можеби и тоа ќе се случи и Папата ќе умре и тоа е сигурно! Се посигурно и за едното и за другото, како времево проаѓа... се е поизвесно да се случат и едното и другото! Само не се даваат! Би терале вака бар уште 5-6 години! :P... Држи можеби ова за берзата што велиш, ама кој може да го знае тоа? Кој може да биде сигурен и кој го знае тајмингот кога тоа ќе се случи....Еве нели реков Христијанче 2 години секој петок вели: Сега му е мајката, сега купете, никогаш порано не биле пониски.... највеќе ризикува, оној што не ризикува! И така 2 години, а таа тоне ли тоне, тоне.... Некои инвеститори некогаш и можеби ќе се офајдат, ама ретки се тие! Тоа ти е како и во бизнисот.... некои замисли, успеваат!
Анализирај ја 1993 пораст на цени на мало 350% камата на депозити 500%.
(500-350)/350*100%=43%. 43% зголемување на куповна моќ на депозит за 1 година. Е тоа е вистински рекет на банка. Да си имал челични муда и да си штедел во хаосот во 1993 денес вака немаше да правиме муабет :). Сега ризикот на денарски депозит е речиси 0% во 1993 беше огромен. Така да и ти многу сакаш за овој ризик и 4-5% пораст на куповна моќ е премногу. Ако сакаш ризик имаш грчки обврзници камата 40% во следните 10 години. Може Грција нема да излезе од еврозоната и се ќе биде ОК ама кој ти гарантира. Добивката е пропоционална со ризикот. Ама соодност не е линеарен. Денарот станува се појака и појака и респектирана валута и не ти се исплати да штедиш толку многу во него. Прашај колку ти се камати на Швајцарци ќе се згазиш од смеење. Да ултра сигурна валута според мене и најсигурна во светот во моментов ама приносот е патетичен. Тоа е тоа. Треба да бираш колкав ризик сакаш и да си одлучиш.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Види Dr Zmigo да ти кажам најискрено ова за што јас, Стефус и други зборуваме со малку пари неможе да се реши животно прашање ниту пак да се збогатиш, така да влез во реален сектор ти е најдобра опција доколку имаш можност, Јас исто така со малку пари играм на берза и со валути но ова ми е како курс и како тест на моите размислувања како и патоказ во иднина доколку (спечалам?) располагам со поголема количина на пари како би постапил (иако ако имаш многу пари можеш да си платиш некој да те советува, сепак најдобро е сам да ги разбираш работите, секако и да се консултираш и со други) Но од друга страна овој занат (кој сакам да го научам) сметам дека е крал на сите бизниси =) ако гледаш историски на одреден број години се случуваат некои неочекувани настани кои ја нарушуваат претходната рамнотежа, било да си хипотекарни кризи. должнички, валутни осцилации, војни, хипер инфлации, златен стандард, раст/пад на цени, на нафта (енергенси) или пак на храна, понекогаш и на други метали и неметали, кафе, какао и сл. нема декада историски гледано а да не се случи некое неочекувано сценарио и затоа сметам дека познаваќе од оваа област е предуслов да се опстане на пазарот. Денеска кај нас многу малку некој бизнисмен да се консултира со финансиски советници околу некоја појава. Незнам како мислат дека би опстоиле во ситуација кога би влегле во ЕУ со ваквата нивна би рекол анемичност. Или ќе почнат да ги користат или ќе пропаднат, нема да издржат од конкуренцијата на европските "хиени" што секако во крајна линија е добро заради правилна алокација на ресурсите на ниво на ЕУ. Како и да е, јас те охрабрувам да започнеш сопствен бизнис затоа што тоа ти е единствен спас од македонската просечност, да не речам мизерија, можеби сега располагаш со солиден капитал биди мудар и оплоди го затоа што од депозит од банка некој голем ќар нема да видиш, а ако не растеш ќе пропаднеш, тоа е капитализам! Секој што се задоволил со тоа што го има и кажал доста ми е, добро ми е, e оставен да ги брои деновите кога ќе вика е сега тешко ми е, малку ми е! И јас имам неколку идеи околу сопствен бизнис иако исто така сметам дека потешко би си снашол со луѓе отколку со графици и бројки, сепак се се учи, па и тоа. Крал не се раѓа, крал се создава.
 
Ave Caesar!
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 01:20 ---
Анализирај ја 1993 пораст на цени на мало 350% камата на депозити 500%.
(500-350)/350*100%=43%. 43% зголемување на куповна моќ на депозит за 1 година. Е тоа е вистински рекет на банка. Да си имал челични муда и да си штедел во хаосот во 1993 денес вака немаше да правиме муабет :). Сега ризикот на денарски депозит е речиси 0% во 1993 беше огромен. Така да и ти многу сакаш за овој ризик и 4-5% пораст на куповна моќ е премногу. Ако сакаш ризик имаш грчки обврзници камата 40% во следните 10 години. Може Грција нема да излезе од еврозоната и се ќе биде ОК ама кој ти гарантира. Добивката е пропоционална со ризикот. Ама соодност не е линеарен. Денарот станува се појака и појака и респектирана валута и не ти се исплати да штедиш толку многу во него. Прашај колку ти се камати на Швајцарци ќе се згазиш од смеење. Да ултра сигурна валута според мене и најсигурна во светот во моментов ама приносот е патетичен. Тоа е тоа. Треба да бираш колкав ризик сакаш и да си одлучиш.
1993!? Па ептен млад и зелен бев тогаш! Имав ‘само‘ толку колку што веројатно немаш ти денес! :P имав само триесет!... Не дека сакам многу Стефус, јас добив! А за сакање сите сакаат :vozbud: .... Да не се повторувам, за 10-тина години пати толкава годишна камата.... Е сега нема веќе!?
Е па јеби га, нешто ќе се работи! Јас како тотален аматер во финансовиот сектор, за деценија со банкарски камати направив близу 160% принос, а со 25 години работно искуство во реалниот сектор, не направив ништо....ни проста репродукција, а камо ли принос и акумулација. Единствено за во WC шоља и понешто онака за душа! ха-хахахаха! Време е работите да си дојдат на свое место.... ај тинг!
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Анализирај ја 1993 пораст на цени на мало 350% камата на депозити 500%.
(500-350)/350*100%=43%. 43% зголемување на куповна моќ на депозит за 1 година. Е тоа е вистински рекет на банка. Да си имал челични муда и да си штедел во хаосот во 1993 денес вака немаше да правиме муабет :). Сега ризикот на денарски депозит е речиси 0% во 1993 беше огромен. Така да и ти многу сакаш за овој ризик и 4-5% пораст на куповна моќ е премногу. Ако сакаш ризик имаш грчки обврзници камата 40% во следните 10 години. Може Грција нема да излезе од еврозоната и се ќе биде ОК ама кој ти гарантира. Добивката е пропоционална со ризикот. Ама соодност не е линеарен. Денарот станува се појака и појака и респектирана валута и не ти се исплати да штедиш толку многу во него. Прашај колку ти се камати на Швајцарци ќе се згазиш од смеење. Да ултра сигурна валута според мене и најсигурна во светот во моментов ама приносот е патетичен. Тоа е тоа. Треба да бираш колкав ризик сакаш и да си одлучиш.
Не ја заборавајте девалвацијата на денарот 97
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
На темата би кажал сега, со овие камати кои опасно се доближуваат на инфлацијата.... ама ич девизно, а сега па ни денарско штедење не се исплати многу.
Но многу внимание им препорачувам на оние што сакаат од овој да преминат во некој друг финансиски продукт... Инвестициски фондови, акции на нашата или на другите берзи, форекс пазарот, племенити метали.... и тн и тн.
Погледнете што им се случува дури и на искусни трејдери и брокери... како пример хрватските инвестициски фондови.... кои редум годинава (а слично беше и лани) за своите клиенти остварива огромни загуби!
http://anicazna.com/Fondovi.aspx
Фондови на познати банки како Алианс, ХПБ, Ерсте, Рајфајзен.... познати и со големо искуство брокерски куќи како Илирика, КД Нова и тн.... Ако приметите има разни продукти на вложување: Азија, БРИК, Злато сребро, нафта, енергија..... динамични, флексибилни, вакви онакви! Прочитајте ги нивните резултати за 3, 9 12 месеци.... Загубите на годишно ниво одат и до 63% на Dynamic да речеме.... затоа ОПРЕЗНО!
Слично некако е и во Словенија http://anicazna.com/Fondovi.aspx?ID_Drzave=SLO
Но Србија е со подобри резултати, да се чудиш... поташаклии овие комшииве!
Но да се вратам кај нас овдека....Реалниот сектор секако исто така носи свои ризици, особено овој период на криза, но и покрај тоа јас таму би играл како што реков... ако никој друг. барем партијата и државата нека имат корист (ова беше шала се разбира)... СЕКОЈ СО СВОЈОТ УМ!

Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
стандардно прашање кое е веќе одговорено понапред ...
 
Не губат сите погледни обврзници од „сигурни“ земји САД Јапонија, Швајцарија, Германија итн. Погледни „сигурни“ валути УСД, ЈПЈ. Да незборам за шорт или инверзни фондови на акции и стоки сите се во дебели плусови. Јас бев во плус на шорт на ДАКС (германски берзантски индекс) Лонг на УСД, Лонг на ЈПЈ шорт на Евро. Инаку српските фонови се валутни и обврзнички затоа се во плус. Но такви фондови се ризични јас не сакам многу шорт да одам бидејќи пократко трае можноста за профит. Побезбедно е да се продадат лонг фондовите и да се седи во кеш и да се купува на дипови. Секогаш падовите се поошти од растот така да ако си шорт може доста брзо многу пари да направиш ама е поризично. Имаш и друг стратегија да отвориш шорт/лонг на ист фонд или фондови со негативна корелација така наречено хеџирање.
Просто е купувај ги фондовите кога паѓаат а продавај ги кога растат. Најголем дел од фондовите се во акции а акциите одат само горе доле на долг рок приносот во последните 12 години е окулу 0% но ќе дојде време и кога скалесто само ќе растат тоа се случува кога одредени фундаментални показатели ќе го постиганат одредени вредности. За неколку години и тоа ќе се случи. Сега мора да се тргува циклично а не само да купуваш мора да и продаваш.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Никој не штеди кај нив, сакаат да привлечат клиенти :)
Сакаат да привлечат клиенти, ама со ПРЕВАРА! Никој денес неможе да даде 9% годишна камата, бидејки треба да работи во загуба, кредитите веќе што ги нудат истиве http://www.staterbanka.com.mk/display.php?page=paket_doverba одат со едноцифрена бројка (8-8,5%)! Кој е будала да даде појче камата за депозит, отколку што зема од пласираните кредити? Не се они милосрдни сестри од здружението ‘‘Мајка Тереза‘‘ :P ..... Преварата кај овие лузери се состои во тоа што не објаснуваат дека всушност каматата се пресметува парцијално за секој месец како што е на табелата прикажано: првиот месец 3,5% вториот 4 и така натака..... последниот 9% (А НЕ ЗА ЦЕЛОКУПНИОТ РОК НА ОРОЧУВАЊЕ) во просек каматата е некаде околу 6% на годишно ниво, која е кам. стопа на орочување и кај повеќето банки во републикава.... ете во тоа би требало да биде финтата, но незнам дали има некој папак што на ова би се залепил!? Исти тасе е и кај девизното штедење, те депозитите во Евра..... чуда нема и не би требало да има!... Имаше едно почетокот на 90-тите во Битола, газдарица Соња Н. сега барем поучени од овој случај, за среќа не се појавува таков некој многу ‘‘дарежлив‘‘ со камати... Овие кутрите ‘Кооперативни‘‘ бивши Силекс ли беа?.... сакаат со ‘‘евтин лепак‘‘... а дури мислам и дека не се единствени што се служат со вакви финти! ТРЕБА ОЧИ ОТВАРАЊЕ КАДЕ И ДА ГИ ДОВЕРИТЕ СВОИТЕ ПАРИ..... значи, НЕМА НИШТО ОД 9% годишна камата за депозити.... Сеуште најдобри се Еуростандард Банка, со 7,4% годишна камата.... небитно што е на 2 години бидејки продуктот е ‘‘отворен депозит‘‘ практично како ‘‘по видување‘‘ секогаш парите можеш да ги извлечеш....
Тоа е. Ако некој знае за подобра понуда, би било убаво да каже.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Сеуште најдобри се Еуростандард Банка, со 7,4% годишна камата.... небитно што е на 2 години бидејки продуктот е ‘‘отворен депозит‘‘ практично како ‘‘по видување‘‘ секогаш парите можеш да ги извлечеш....
Тоа е. Ако некој знае за подобра понуда, би било убаво да каже.
Кај нас нема Еуростандард банка ... кај нас која е најповолна понуда т.е. која е следна после Еуростандард?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Сакаат да привлечат клиенти, ама со ПРЕВАРА! Никој денес неможе да даде 9% годишна камата, бидејки треба да работи во загуба, кредитите веќе што ги нудат истиве http://www.staterbanka.com.mk/display.php?page=paket_doverba одат со едноцифрена бројка (8-8,5%)! Кој е будала да даде појче камата за депозит, отколку што зема од пласираните кредити? Не се они милосрдни сестри од здружението ‘‘Мајка Тереза‘‘ :P ..... Преварата кај овие лузери се состои во тоа што не објаснуваат дека всушност каматата се пресметува парцијално за секој месец како што е на табелата прикажано: првиот месец 3,5% вториот 4 и така натака..... последниот 9% (А НЕ ЗА ЦЕЛОКУПНИОТ РОК НА ОРОЧУВАЊЕ) во просек каматата е некаде околу 6% на годишно ниво, која е кам. стопа на орочување и кај повеќето банки во републикава.... ете во тоа би требало да биде финтата, но незнам дали има некој папак што на ова би се залепил!? Исти тасе е и кај девизното штедење, те депозитите во Евра..... чуда нема и не би требало да има!... Имаше едно почетокот на 90-тите во Битола, газдарица Соња Н. сега барем поучени од овој случај, за среќа не се појавува таков некој многу ‘‘дарежлив‘‘ со камати... Овие кутрите ‘Кооперативни‘‘ бивши Силекс ли беа?.... сакаат со ‘‘евтин лепак‘‘... а дури мислам и дека не се единствени што се служат со вакви финти! ТРЕБА ОЧИ ОТВАРАЊЕ КАДЕ И ДА ГИ ДОВЕРИТЕ СВОИТЕ ПАРИ..... значи, НЕМА НИШТО ОД 9% годишна камата за депозити.... Сеуште најдобри се Еуростандард Банка, со 7,4% годишна камата.... небитно што е на 2 години бидејки продуктот е ‘‘отворен депозит‘‘ практично како ‘‘по видување‘‘ секогаш парите можеш да ги извлечеш....
Тоа е. Ако некој знае за подобра понуда, би било убаво да каже.
И јас ја користам Еуростандард сега за сега се ок. Само во мај ми беше каматата 6,9% за 24 месеци сега изгледа качиле нешто.
--- надополнето: 14 август 2012 во 11:08 ---
Кај нас нема Еуростандард банка ... кај нас која е најповолна понуда т.е. која е следна после Еуростандард?
Зошто имаш некое лошо искуство?
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
немам никакво искуство со нив, едноставно во мојот град нема ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom