Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Не сосема во друг смисол.... секако дека во СТБ и КБ се осигурани, каде ќе бидат ако не таму!? Во друг еден контекст го реков тоа дека поголема шанса има да си ги земеш парите ако пропадне мала банка која го има осигурено влогот, отколку ако пропадне една или повеќе големи (кои исто така ги имаат осигурено влоговите)... Бидејки големите банки со обртен капитал од по 500-600 или повеќе милиони Евра од кои 80-90% на штедачи.... се прашувам од каде на државата толкави пари да ги обештети штедачите!?... Но како реков, најубаво да не не става горниот во такво искушение, само за да видиме дали сум во право!?:)
Инаку се разбира дека се осигурани и нивните влогови....
 
Член од
8 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
Ке може ли некој да ми каже како се пресметува каматата на годишно ниво ? Еве на пример во еуростандард банка на 36 месеци каматната стапка е 8 %. Ако вложам 30 000 денара колку ќе ми излезе вкупната заштеда?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ке може ли некој да ми каже како се пресметува каматата на годишно ниво ? Еве на пример во еуростандард банка на 36 месеци каматната стапка е 8 %. Ако вложам 30 000 денара колку ќе ми излезе вкупната заштеда?
30 000 + 8% = 2400 ден годишно. Или 7200 ден за 36 месеци.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
a koja na koja banka ne i se osigurani parite vo fondot> mislam deka toa e zadolzitelno spored zakon na rm
Веројатно е!? Но доколку е задолжително за сите банки осигурувањето на депозитите на граѓаните во фондот, тогаш зошто банките тоа би го објавувале на своите сајтови? Да не потсетат веројатно!?.... :) Еден од членовите на форумот забележа дека на сајтот на УНИ Б..., те на посочената страна, не пишува дека се осигурани влоговитеhttp://www.unibank.com.mk/categories/view/459... Сепак најдов каде е тоа објавено.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Веројатно е!? Но доколку е задолжително за сите банки осигурувањето на депозитите на граѓаните во фондот, тогаш зошто банките тоа би го објавувале на своите сајтови? Да не потсетат веројатно!?.... :) Еден од членовите на форумот забележа дека на сајтот на УНИ Б..., те на посочената страна, не пишува дека се осигурани влоговитеhttp://www.unibank.com.mk/categories/view/459... Сепак најдов каде е тоа објавено.
verojatno cisto marketinski da si znaes deka e sigurno, ne gledam druga logika
 
B

BooBojan

Гостин
Ајде некој поупатен нека ме просветли.
Дали денарски или девизно да штедам.Значи не планирам парите да ги орочувам оти може не дај боже ке ми требаат,онака ги ставам на штедна,кога сакам да ги извадам??Која камата највисока би можел да ја добијам??
И процедурите како идат за ставање пари на штедна,и за вадење на парите од штедна??
Чув дека било многу лесно за да ги ставиш на книшка,ама милион процедури за да ги извадиш?
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Ајде некој поупатен нека ме просветли.
Дали денарски или девизно да штедам.Значи не планирам парите да ги орочувам оти може не дај боже ке ми требаат,онака ги ставам на штедна,кога сакам да ги извадам??Која камата највисока би можел да ја добијам??
И процедурите како идат за ставање пари на штедна,и за вадење на парите од штедна??
Чув дека било многу лесно за да ги ставиш на книшка,ама милион процедури за да ги извадиш?
ako ne planiras da gi orocis togas nema potreba ni da stedis osven ako imas milion evra pa so 0,2% da napravis 2000 evra sto ne e malku :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ајде некој поупатен нека ме просветли.
Дали денарски или девизно да штедам.Значи не планирам парите да ги орочувам оти може не дај боже ке ми требаат,онака ги ставам на штедна,кога сакам да ги извадам??Која камата највисока би можел да ја добијам??
И процедурите како идат за ставање пари на штедна,и за вадење на парите од штедна??
Чув дека било многу лесно за да ги ставиш на книшка,ама милион процедури за да ги извадиш?
Ако читаше предходно на оваа тема мои и постови на други членови на форумот како на пр. Windfucker.... ќе прочиташе за условите што ги нуди Еуростандард Банка во флекси пакетот.... Каматата е меѓу највисоките на банкарскиот пазар 7,2% на годично ниво (или 7,4!? ке си провериш) на орочени Денари на 2 години рочност. Но овој долг период на орочување воопшто нема значение бидејки практично целиот износ (освен 30,000) ти се во секое време на располагање... Затоа се вика пакетот ‘‘флекси‘‘ можеш да вадиш и да ставаш колку што сакаш од твојот влог, те. до 30,000 Денари кои мора да останат како депозит до истекот на рочноста.... е сега, доколку има штедачот мала сума имаат значење овие 30К.... но не верувам дека некој со мала сума ќе орочува депозит на 2 години!
Е да! И ова: значи каматата која што е во моментот на склучување на договорот ти е гарантирана за првата година на орочување, додека втората година истата ќе биде во согласност со тогаш важечката камата за ваквите пакети (поголема!? Поголема и за тебе, помала - помала и за тебе)... Но пак ќе кажам - не е многу битно тоа! Ако не ти се допаѓа каматата втората година, подигни си ги средствата кога ќе ти истече првата година (освен 30К) и прави со нив што сакаш: носи ги во друга банка, купи со нив злато сребро, инвестирај реалниот сектор или на берза можеш и надвор од РМ (полу-легално) на Форекс пазарот.... стави ги на 32-ка црвено у Епинал, или кај Субрата Рој (за 2 години ќе биде нели!?) :pos: .... или лупни ги на ‘‘кец-у-кец‘‘.... АМА ШТО САКАШ ПРАВИ СО ДЕПОЗИТОТ!
Незнам зошто би бил проблем да ги вадиш парите те влогот кога сакаш и од која банка сакаш!? Дури и предвреме да го раскинеш договорот, не би требало да биде проблем... освен ако немаш милион евра, па во моментот не се ликвидни!:) Дури и во тој сл. би ја изгубил дотогашната камата што била предвидена со пакетот, но за ден-два би морале да ти ги искешират! Инаку некои чичковци претпоставувам од Народна Банка на РМ ќе им опнат катанец.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
436
Поени од реакции
135
Momentalno mislam deka Sparkasse dava najdobra kamata. Detsko stedenje vo denari na 2god. e 8%. Ako nekoj znae za nesto podobro neka pise.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Momentalno mislam deka Sparkasse dava najdobra kamata. Detsko stedenje vo denari na 2god. e 8%. Ako nekoj znae za nesto podobro neka pise.
Да, проверив и на нивниот сајт. Депозит на 2 години 8% камата....Тоа е нели 0,8 процентни поени повеќе од 7,2 колку што е каматата за истиот период во Еу-стд. банка за депозити над милион Ден.... меѓутоа Шпаркасе не ја исплаќаат каматата месечно, туку на крајот од рочноста, значи по 2 години! И уште полошо е што несмееш да вадиш дел или целиот депозит ако ти притреба....
А реално 2 години, како што се одвиваат работите и на микро па дури и на макро план (што би рекле се одвиваат како на филмска лента) е огромен период! Ми се чини 2 месеци се многу, а не 2 години! Затоа мислам дека е предноста на Еуро-стд Банка што овозможуваат да располагаш со депозитот цело време. Иако ќе повторам многу добра камата од Шпаркасе.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Од ова што гледам испаѓа Халкбанка со најдобра каматна стапка (8.1 секој месец со 8.3 на крај на рочноста) а кај Еуро-Стандард убавото е што нонстоп располагаш со кешот ама помала е каматата.
Ама ме плаши што Уни банка на времето даваше 11% мислам и за некој месец ги акнаа на 7-8%, чисто колку да налепат штедачи а ако ги гледаме поголемиве банки што скоро сите ги намалија каматите испод 6% ништо чудно и овие да го направат истото одкако ќе си направат своја критична маса.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Од ова што гледам испаѓа Халкбанка со најдобра каматна стапка (8.1 секој месец со 8.3 на крај на рочноста) а кај Еуро-Стандард убавото е што нонстоп располагаш со кешот ама помала е каматата.
Ама ме плаши што Уни банка на времето даваше 11% мислам и за некој месец ги акнаа на 7-8%, чисто колку да налепат штедачи а ако ги гледаме поголемиве банки што скоро сите ги намалија каматите испод 6% ништо чудно и овие да го направат истото одкако ќе си направат своја критична маса.
i jas imam primeteno konkretno za dve (verojatno ima i drugi) uni i alfa deka ke promoviraat paket 24 meseci ili 36 so visoka kamata8 ili 8,5% a veke za vtorata im paga, taka da nisto ne si karil, eurostandard (iako i ona gi ima namaleno, ama site gi namalia kamatatite za razlika od pred 4-5 godini) mi e ok i imam pozitivno iskustvo so niv. Normalno gilemite banki se serozni i napravat vakvi eftini stosovi ama tie davaat niski kamati.
--- надополнето: 16 август 2012 во 13:57 ---
ova e interesno, iako smetam deka sega zasega fiksniot kurs na denarot e najdobra opcija, zaradi malata produktivnost i zaradi nasata uvozna (ne samo izvozna) zavisnost ne samo izvozna, sepak vo posledno vreme se poveke se diskutira na ovaa tema. Jas smetam deka pozitivni efekti od devalvacija bi imalo samo na kratok rok, zatoa sto sme uvozna zavisna zemja od energensi koi pri poslab denar bi cinele poskapo i bi pottikanale inflacija preku rast na ceni, a so toa povtorno vrakjanje na nekonkurentnosta na nasite proizvodi kako i sega pred devalvacija bukvalno na isto nivo. No Belgrad veke nekolku godini ja koristi ovaa monetarna alatka, a znaete kako se odnesuva Skopje vo mnogu opstestveni segmenti i kolku obozava da kopira sto pravat ovie od sever
ДОГМИ И ЗАБЛУДИ
Петнаесет години фиксен курс
Заедно со догмата за странските инвестиции, фиксниот курс како панацеја за болната македонска економија е најголемата заблуда во Република Македонија. Денес ризикуваш да станеш најголем економски (и политички) еретик доколку воопшто помислиш да ја проблематизираш понатамошната примена на фиксниот курс. Моќното економско лоби, кое е подеднакво јако и во академската и во бизнис-средината, чека подготвено да го расчеречи секој оној што ќе се осмели да дебатира на оваа тема.

Власта во својот стил, без да дослуша, веднаш ве етикетира како поборник за девалвација на денарот и ви лепи етикета дека сте претставник на дел од извозничката олигархија.
Актуелната монетарна власт ве прогласува за поткопувач на монетарната стабилност која, освен што не „стабилизираше“ на ниво на континуирана стагнација, а годинава и рецесија, не може да ти објасни што позитивно носи таквата стабилност.
Но, како и да е. Свесен за целиот ризик, во оваа, а можеби и во наредната колумна, би сакал провокативно да ја проблематизирам монетарната стратегија на таргетирање на девизниот курс, односно фиксниот курс кој кај нас е издигнат на ниво на догма. При тоа, за да ја избегнам субјективноста, скоро целосно ќе користам констатации и тези на други автори кои го третирале истиов проблем. Истовремено, неспорен е фактот дека фиксниот курс не е единствениот проблем на македонската економија.
Најпрвин, што всушност се случува кога курсот ќе се фиксира? Во основа, централната банка го социјализира ризикот од промена на курсот. Kога курсот се менува на пазарот со странски пари, секој кој менува едни пари за други, сноси ризик, бидејќи курсот постојано се менува. Kога курсот ќе се фиксира, централната банка ги презема тие ризици на товар на девизните резерви. При тоа гувернерот секогаш ќе порачува дека се располага со доволни девизни резерви (кај нас дури и во постојан раст), па никој не мора да се грижи за курсот. При тоа се заборава дека тие ризици или, подобро кажано, нивните причинители и покрај тоа што курсот е фиксиран, нема да исчезнат. Единствено политиката на фиксен курс ќе доведе до тоа економските субјекти нив да ги занемарат при своето дејствување. Затоа што за нив се грижи централната банка (Глигоров, 2012).
Сега да видиме во што е најголемиот ризик од 15-годишната примена на режимот на де факто фиксниот курс и занемарувањето на ова погоре. Уште во далечната 2004 ексгувернерт проф. Љубе Трпевски ќе напише дека по одредено време на примена на стратегијата на таргетирање на девизниот курс, таа треба да се замени со некоја друга, поради опасноста, со долга примена на оваа стратегија, да се предизвика апресијација на реалниот девизен курс. Дали денес, 8 години по ова предупредување, ние с` уште не сме свесни дека тогашната опасност одамна е наша реалност.
Во периодот од 1997 до денес инфлацијата во Република Македонија изнесува околу 40%. (Она што во 1997 сте можеле да го купите за сто денари, денес за истото тоа треба да платите 140 денари). Во истиот период номинално денарот депресирал (изгубил на вредност) во однос на еврото за занемарливи 1,6% (во 1999 1 евро= 60,62 а денес 1 евро = 61,59 денари), а во однос на доларот тој дури и номинално апресирал (добил на вредност) за 4%. Сега тука може да измислувате различни филозофии, но овие бројки покажуваат дека свесно или несвесно, политиката на фиксниот курс довела до реална апресијација на денарот. Лаички кажано денарот е вештачки прејак во однос на еврото и доларот. Поради инфлацијата и истовремената примена на фиксниот курс домашните производи стануваат поскапи во евра што е појава позната како „раст на цените во евра на домашниот пазар“ (Д.Ш.).
Kога ова ќе им го кажете на економистите кои стојат зад догмата за фиксниот курс, а таквите се огромното мнозинство, тие вадат многу други аргументи со кои сакаат да докажуваат дека денарот не е преценет. Но добро, да речеме дека е така. Но тогаш ќе мораат и да одговорат зошто сме сведоци на различни движења во нашата економија, а кои по својата дефиниција се резултат на апрецијација на домашната валута.
Тие ќе мора да објаснат зошто македонските производи стануваат поскапи и на домашниот и на странскиот пазар. Зошто сме сведоци на инвестициона активност во правец - повеќе услуги и увоз, а помалку производство и извоз. Не треба да правите поголема анализа туку само да прошетате по македонските градови и села и да констатирате дека во последната деценија таму никнуваа илјадници кафеани, кафулиња, хотели, казина, обложувачници, трговски центри и банки, а многу малку или скоро воопшто не се појавуваа нови фабрики или модерни земјоделски претпријатија.
Основниот проблем (иако има и многу други) е фактот што денес во Македонија станува неисплатливо да инвестирате во производство бидејќи с` што произведувате тука станува релативно скапо и неконкурентно.
Увезуваме с` и сешто, при што голем дел од тоа би можеле да го произведуваме тука, но по дадениот девизен курс тоа на бизнисмените им изгледа неисплатливо. Исто така, и странските инвестиции се насочени кон едноставна и брза заработка која се темели на увоз или продажба на услуги, наместо производство и извоз заедно со отварање на нови работни места.
Се поставува прашањето, како е создадено огромното лоби кое така цврсто стои во одбрана на фиксниот курс и јакиот денар. Оваа состојба им одговара на сите други, освен на производителите-извозници кои и единствени можат да доведат до раст во економијата. Така, преценетиот денар и фиксниот курс им одговара на влијателните бизнисмени кои се нето-увозници и/или огромни должници. Јакиот денар им овозможува евтин увоз и евтино доаѓаат до девизи за отплата на кредитите.
Банките сакаат јак денар затоа што тој ја олеснува наплатата на кредитите, ги скрива високите камати и го забавува отпишувањето на ненаплатливите кредити.
Исто така, кога е јак денарот, тие евтино доаѓаат до девизи, по потреба повлекуваат пари од економијата и тивко ги враќаат кредитите на своите централи во странство.
Владата исто така сака јак денар бидејќи тоа ги прави граѓаните помалу незадоволни и создава илузија за поголеми плати искажани во евра. Со помош на фиксниот курс и јакиот денар фиктивно се зголемува БДП изразен во евра и фиктивно се подобрува сликата за јавниот долг. Армијата задолжени граѓани-гласачи сакаат јак денар бидејќи така им се олеснува исплатата на кредитите кои се најчесто со евроклаузула. (Н.K.)
Kонечно, централната банка, која и во време на рецесија има проблеми со контролирањето на инфлацијата, посакува јак денар бидејќи тоа го намалува притисокот на цените. Бидејќи сите моќни интереси конвергираат, сите оркестрирано ја поддржуваат политиката на фиксен курс и понатамошна апресијација на домашната валута.
Значи, мнозинството ја форсира оваа состојба во која се наградуваат должниците и увозниците, а се казнуваат производителите и извозниците. Ако некој мисли дека таквата состојба е одржлива и понатаму, тогаш дебатата е невозможна.
Kире НАУМОВ
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
ova e interesno, iako smetam deka sega zasega fiksniot kurs na denarot e najdobra opcija, zaradi malata produktivnost i zaradi nasata uvozna (ne samo izvozna) zavisnost ne samo izvozna, sepak vo posledno vreme se poveke se diskutira na ovaa tema. Jas smetam deka devalvacija bi imalo kratok efekt, zatoa sto sme uvozna zavisna zemja od energensi koi pri poslab denar bi cinele poskapo i bi pottikanale inflacija preku rast na ceni, a so toa povtorno vrakjanje na nekonkurentnosta na nasite proizvodi kako i sega pred devalvacija bukvalno na isto nivo. No Belgrad veke nekolku godini ja koristi ovaa monetarna alatka, a znaete kako se odnesuva Skopje vo mnogu opstestveni segmenti i kolku obozava da kopira sto pravat ovie od sever
Србската макроекономска политика е приказна за себе и затоа се на ивица на банкрот не затоа што имаат многу голем јавен долг туку затоа што не можат да ги сервисираат своите обврски и нивниот динар спрема еврот од 70 дининари пред неколку години сега е скоро 120 динари, а резултатите на нивмната економија се очајни. Македонија не смее да го девалвира денарот или да стане флуктирачки а не особено во време на криза, ако девалвира денарот автоматски и енергенсите ке станат поскапи и со тоа нашите крајни производи ќе станат поскапи и понекурентни, кај нас не гледаат дека силниот денар во однос на еврото овозможува полесен и поефтин увоз но ако тој увоз е во машини технологија итн тоа на среден и длг рок ќе ја направи покункурентна нашата економија не е исто да купиш машина за производство во германија што кошта 250 000 евра по курс на денарот по 61 и да купиш машина од 250 000 евра по курс на денарот од пример 70 денари. Девалвација на денарот ќе им користи на металуршките компании кој извезуваат производи со ниска додадена вредност значи оваа мерка на не повеќе од 20 компании ќе им одговара а ќе предизвика штета кај сите останати компании да не заборавиме речеси сите македонски компании што произведуват во македонија добар дел од суровините ги набавувааат од увоз од причина што немата такви суровини овдека така да девалвирањето на денарот ќе ја поскапе и цената на нивните суровини а со тоа и производството на финалниот произвое ќе поскапе и ќе стане понекурентен, кај нас девалвација може да има и да одговара на многу компанји и и извозници само само ако ги имама потребните суровини во Македонија но ние бидејќи ги немаме ќе биде самоубиство девалвација на денарот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom