Девалвација на денарот?

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.233
Ама пак и бааѓи помалку приливи има од туристите и гастарбајтерите кои не дојдоа и Грците кои идеа да пазарат и точат гориво на дневна база
За туристите не си во право, кај нас доваѓаа многу малку туристи (ми се чини околу 100 илјади годишно), за разлика од тоа има официјални статистики од Грција дека обично на летување одат само милион туристи (иако добар дел викенд тури) + во останатите земји.

Гастрабајтерите, тие што имаат семејства пак праќаат пари, останатите ќе си дојдат на одмор кога ќе се укаже прилика, а од бензините единствена корист имаа бензинските пумпи и нивните газди кој ќе се снајдат некако без да купат некоја нова кола или да се прошетаат на некој остров.
Не знам колку се, веројатно има податок по нет ама во муабетов тие не значат ништо. Чак што више и тие ќе изгубат.
Спомна дека сме биле многу задолжени, а не спомна дека банките не ги даваат тие пари од свој џеб, туку од депозитите кој исто така се огромни, значи едни се сиромашни и задолжени, другите пливаат во пари и незнаат што да и прават на парите, па ги ставаат во банка за 0,000000001% камата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089

Сеедно од кај ги даваат банките или колку е камата, тоа не беше тема на муабет. Пак да повторам за девалвацијата. Ако настане девалвација, многу фирми ќе се затворат, стопанството ќе биде збришано бетер од короната, имот на граѓани ќе се заплени, а депозитите ќе изгубат. Тоа е реалноста па како сакаш сврти го.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Како што велите, јас моите дваесетина илјадарки на трансакциската веднаш да ги подигнам и претворам во евра.
Или лошо сум разбрал.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Како што велите, јас моите дваесетина илјадарки на трансакциската веднаш да ги подигнам и претворам во евра.
Или лошо сум разбрал.
Инфлацијата е проектирана на до ~2%.
инфлација.JPG
За повеќе не верувам оти НБРМ ептен му се стега и го брани курсот на МКД. Пријателе ти имало немало зголемена инфлација губиш 2% годишно секако поради тековната инфлација + пропуштени можности за добивки од инвестирање на капиталот (под услов илјадарките да ти се евра, не денари). Каматите од банка не ти покриваат ништо посериозно. Она што засега ти нудат е безбедно и бесплатно (засега) паркирање на парите. Попаметно ти е да ги инвестираш на друго место во ликвидни средства кои можеш одма да ги впаричиш ко ќе ти притребаат, а кои во меѓувреме ќе ти донесат повеќе од 0,00001%. Барем сега имаш домашна берза, странските берзи, домашни и странски инвестиоциони фондови. Ако ти е шубе во акции, терај во фонд и да не му ја мислиш.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.539
Инфлацијата е проектирана на до ~2%.
Прегледај го приврзокот 262668
За повеќе не верувам оти НБРМ ептен му се стега и го брани курсот на МКД. Пријателе ти имало немало зголемена инфлација губиш 2% годишно секако поради тековната инфлација + пропуштени можности за добивки од инвестирање на капиталот (под услов илјадарките да ти се евра, не денари). Каматите од банка не ти покриваат ништо посериозно. Она што засега ти нудат е безбедно и бесплатно (засега) паркирање на парите. Попаметно ти е да ги инвестираш на друго место во ликвидни средства кои можеш одма да ги впаричиш ко ќе ти притребаат, а кои во меѓувреме ќе ти донесат повеќе од 0,00001%. Барем сега имаш домашна берза, странските берзи, домашни и странски инвестиоциони фондови. Ако ти е шубе во акции, терај во фонд и да не му ја мислиш.
Јас имам околу 10к евра во денари, на банка спијаат. Да сменам барем пола во евра? Што мислиш? За берзи и слично сум дрво.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.233
Ја ви викам далеку е од девалвација, вие кажувате други работи, како фирми ќе пропаднеле ако настанала девалвација, како било подобро да ги инвестираш на берза итн.
а никој од вас не ја кажа која би била причината за девалвација, единствено се фативте за една небитна банка во банкарскиот сектор.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.884
Поени од реакции
7.264
Еве кој све би бил погоден од девалвација. Макар и од шпекулации за истата
И што со тоа кој се би бил погоден од девалвација ... Демек народ ќе излезе и ќе тепа, или па политичарите ги заболе таквото дали некој ќе настрадал.

Турција попара направија, па народ не мрдна со прст.
Кина намерно правеше девалвација, не гледам нешто лошо да им е, сега за сега :D (добро добро не се тие мерило)

@Toma биди малку попрецизен со тоа рано. Колку е тоа рано, кажано во месеци/години... 2022, 2025 или...
Јас сум за крај 2022, сакале нејќеле, нашите ќе мора да направат девалвација.
А ако ова со Либан, Турција/ Грција се разгори, тогаш и порано.

Јас имам околу 10к евра во денари, на банка спијаат. Да сменам барем пола во евра? Што мислиш? За берзи и слично сум дрво.
Ако не ти се орочени, смени си ги и тоа сите. Помирно ќе си спиеш.
А ако сакаш малку и ризик, тогаш во октомври со 50% од денарите купи долари (пред избори уште повеќе ќе падне $), а другите евра.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Јас сум за крај 2022, сакале нејќеле, нашите ќе мора да направат девалвација.
А ако ова со Либан, Турција/ Грција се разгори, тогаш и порано.
Од кои причини мора да има девалвација на денарот?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.233
@Toma биди малку попрецизен со тоа рано. Колку е тоа рано, кажано во месеци/години... 2022, 2025 или...
Јас сум за крај 2022, сакале нејќеле, нашите ќе мора да направат девалвација.
А ако ова со Либан, Турција/ Грција се разгори, тогаш и порано.
Вака ако гледаме во следните 6 месеци нема шанси да се случи, во 2021 некој 95% да не се случи, 2022 е премногу далеку, ама мислам дека ќе се издржи и тогаш, некоја подолгорочна прогноза дека во следните 5 години нема да се случи.
Од кои причини мора да има девалвација на денарот?
Да нема евра кој ќе се продаваат за 61 и нешто, а во моментов има 3,5 милијарди.

Зголемувањето ваљда се должи поради еврообврзницата, ама државава може да се подзадолжи уште некоја милијарда пред да крахира (не верувам пред 2025).
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.884
Поени од реакции
7.264
Од кои причини мора да има девалвација на денарот?
Дел причини имаш во постот на Лурц.
Претходната девалвација на денарот од кои причини се случила ... Во Турција поради кои причини, во Либан поради кои причини, итн итн.

Против фиксен курс беа, и Трајко Славески, и Таки Фити. На долг рок цела нација страда од фиксен курс, многу помоќни економии не успеале да издржат. Трајко кога беше министер се правдаше, силите на темнината не му дозволиле.

Србија дозволија флексибилен и динарот полека си се стабилизираше околу 120 динари за 1 евро.
Кај нас доколку дојде до девалвација, под 90денари за 1еур тешко.

Зголемувањето ваљда се должи поради еврообврзницата, ама државава може да се подзадолжи уште некоја милијарда пред да крахира
Точно, сами си кажаа дека зголемувањето е поради обврзницата и таа НЕ треба да влегува во оваа категорија, бидејќи е обврска за враќање, + камати за неа, ама нивна математика.
Колку треба да врати државава за претходните авантури "битно се гради" , колку сегашниве потрошија што шајка не заковаа (а најголем буџет) и колку ќе потрошат во наредни 2 години, нели секоја година буџетот е се поголем, нема логика помалку да потрошат, тоа било позитивно :confused:.

Те молам не заборавај на последиците од Бетмен, едноставно супер оправдување ќе им дојде на главните, за сите одлуки. И јас би сакал да не е пред 2025, живи здрави па видели. Не е крај свет ако се направи девалвација. Имаш држави како Грција, Шпанија, Аргентина, кои по неколку пати банкротираат, па народ живее.

Народ + фирми имаат 4.5 милијарди евра депозити. Е како да ги опфатиш сите тие, а да не воведеш нови даноци и давачки. По можност најниската класа да.... :D
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Јас имам околу 10к евра во денари, на банка спијаат. Да сменам барем пола во евра? Што мислиш? За берзи и слично сум дрво.
совет од мене 50/50 денари/девизи и мирен си за век и веков (кај мене моментално преовладува девиза ама бидејќи имам констатни приливи во денари ситуацијата ќе се изедначи за некое време)

дури и да сакаш да купиш нешто продавачот прима валута како од шала ич не му ја мисли.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ја ви викам далеку е од девалвација, вие кажувате други работи, како фирми ќе пропаднеле ако настанала девалвација, како било подобро да ги инвестираш на берза итн.
а никој од вас не ја кажа која би била причината за девалвација, единствено се фативте за една небитна банка во банкарскиот сектор.
И јас велам ако нешто такво се случи што ќе бидне со државава (буквален слом на најголемиот број бизниси, граѓаните и банките на долг рок), затоа што некои шират лажни вести (читам исто и 2008-2009 имало вакви обиди). Не велам дека ќе биде. Ниту е потребна ниту е полезна.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Си зимаме кредити како да не треба да ги враќаме. А и потоа колку продуктивно ги трошиме, каков поврат на инвестицијата правиме, право чудо.

Но со над 99% веројатност нема да девалвираме од политички причини - еве пример:
Предградието Queens во New York во 2010 имало 2,230,722 жители. Е сега БДП во америка на ниво на држава просек е 60,000 долари, додека кај нас е 6,000 долари. Значи се работи реално за 223,072 американци (направете попис од 2002 е последниот). Америка има повеќе од 320 мил. жители, ЕУ нека има 450 милиони, е сега за 200 000 „амерички македонци“ не ќе да е некој ненадминлив проблем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom