има и друго...кај нас, за разлика од Косово и МНЕ, имаме сопствена валута и банките добро заработуваат од курсни разлики... па иако сме врзани со еврото, и со еврото има голема разлика меѓу куповен и продажен курс. Интересно, иако МКД е цврст, не го примаат во други држави. Се сеќавам кога бев во Истанбул 1994, во продавници менуваа српски динари, иако тие беа во слободен пад, а поим немаа за МКД ... дали сме мала држава и малку патуваме, не знам...
Патем, една Србија која со печатење во Топчидер ја урниса и СФРЈ, а подоцна и СРЈ, конечно сфати деканема економија без стабилност и го фиксира курсот поодамна...
А девалвации има, ама на еврото и на сите светски валути, се печатат пари 24/7, посебно сега со корона кризата...
..уште пред неколку месеци, спомнав како идеја за размислување дали е паметно место во МКД или Еур да се чува капитал во валута на држава која не ја запрала економијата со Короната, на пример во шведски круни...
Арно ама испаднаа анализи дека иако не воведе рестрикции, ниту Шведската економија не забележа некој раст ниту пак нивната круна рипна... едноставно во овие работи владее законот на Покерот, можеш да имаш појаки карти ама ако немаш пари помоќниот со блеф ќе те победи и со послаби карти...