vlatkolik
~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
- Член од
- 17 мај 2007
- Мислења
- 2.647
- Поени од реакции
- 28
Од империјата на дебелите доаѓа едно тотално сензационално медицинско истражување во кое, спротивно на се до сега, се тврди дека вишокот килограми всушност би можеле да бидат корисни за здравјето.
Во истражувањето објавено во угледниот Журнал на Американската докторска асоцијација, се нагласува дека резултатите се однесуваат на лицата со умерена дебелина.
Иако овие лица се во поголема опасност да умрат од шеќерна болест или заболување на бубрезите, сепак вишокот на килограми ги штити од мноштво други болести меѓу кои ракот и срцевите заболувања.
"Умерено дебелите лица имаат помала стапка на смртност, отколку слабите, предебелите или нормално тешките луѓе. Поентата на истражувањето е дека односот меѓу дебелината и смртноста е покомпликуван отколку што ние сакаме да разбереме. Не можеме овој однос универзално да го примениме на секого, односно вишокот на килограми не секогаш значи зголемување на ризикот од смрт," тврдат од Центарот за контрола и спречување на болести.
Според истражувачите, од дебелината најмногу корист ќе имаат лицата на возраст помеѓу 25 и 59 години, кои се максимум 14 килограми потешки од препорачаниот просек.
И покрај сензационалноста на студијата, ќе биде тешко таа да се отфрли бидејќи е резултат на анализа на федерални податоци од неколку изминати децении а истата не спонзорирана од некој синџир за прехрана или брза храна, објаснуваат експертите.