Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Тито бил господин човек, па ајде да речам и бог во споредба со денешниве Балкански Курто-Мурто политичари ... Тито бил почитуван во цел свет, соработувал и со западните сили и со државите од источниот блок, плус и со сите оние неутрални, неврзани држави од т.н. трет блок (денеска т.н. трет свет). А денеска кој ги почитува денешниве властодржци, политиканти, калкуланти и циркузантски Бозо кловнови Куртовци и Муртовци, никој, дури и сопствениот народ ги плука, мрази и гледа со презир и разочараност поради нивните бесконечни лаги и желба за власт !
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.867
Епа не било тогаш толку јако тоа братсво и единство како што се прикажува,а?
Муабетот е дека Тито ги поврзувал сите, он бил авторитет и сите имале поштовање према него. Луѓето преоѓале преку тие националистички ствари ради него. Многу ретко низ историјата е некоја личност така да обедини многу луѓе кои не се трпат меѓу себе, Тито е феномен. Единствен таков што ми паѓа на ум е Путин, кој од пепел ја воздигна Русија после распадот на СССР.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.796
Ама многу бе некако за 10 години се распаднало,ако навистина било толку јако и Тито успеал толку добро да ги поврзе,ако веќе бил толку способен,зошто за 10 години после него имало крв до колена на Балакнот?
Не знам кога веќе бил господин,Бог...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Во поранешна Југославија, после втората светска војна, во периодот на обнова на државата и индустријализацијата луѓе тотално неписмени, прости, голи, боси доаѓале од селата и планините и се населувале во градовите, се описменувале, работеле и постанувале луѓе во целосна смисла на зборот, а денеска во овој курто-мурто систем е сосема обратно луѓето од некогашната горда моќна градска средна класа преоѓаат во пропаст и сиромаштија !
Арно ама тој систем и таа држава не чинеле, а сега е супер во овој систем, сите сме бизнисмени, секој има по неколку фирми и на берза секојдневно млатиме милиони и милијарди и не знаеме што да им правиме на парите !
Автоматски споено мислење:

Па нормално дека Тито бил почитуван низ целиот свет и од западот и од истокот и од земјите од третиот свет ... секако дека никој не може да почитува дегени како Хитлер, Мусолини, Франко, касапот Павелиќ и сличните црви !
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.796
Да бе доаѓале прости,голи и боси оставале села со сточарства и земја,козите ги продавале,зошто нели биле штетни,за сега внуците на тие луѓе да мизеруваат во градовите или пак да бегаат во странство и пак да мизеруваат.

Тој сон кој го посакуваат ллуѓето овде траел 20 години и ништо повеќе,држава која оспстанувала на кредити и поради влијанието на истите тие кои не контролираат и денес,за подоцна да ги постават они испрдоци на комунизмот и титови деца,облечени во маски на националисти и да направат покољ во секој можен сегмент на овие простори.
За жал ете и до ден денеска митот кај одредени луѓе живее и тоа е тоа.

Да не зборуваме од гледна точка колку Македонци убила партијата на Тито,колку луѓе кои стекнале се со работа и пот им било одземено се,и истото тоа го добиле луѓе кои биле ситни џепароши,преваранти и луѓе со никаков морал.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Како функционирале? Како и сега.
Ако имате пријатели, роднини, колеги од било која од другите сега "квази-држави" (освен Словенија), нивото на пријателство мислам дека никогаш и не е променето. Проблемот е во националистите, кои реално ги има во сите овие држави и у принцип сите работат против себе.
Дури и најомразените меѓусебе Срби и Хрвати функционираат перфектно на ниво на бизнис, трговија....е не можеле да изиграат фудбалска или кошаркашка утакмица, поради мала група неандерталци...
Горе ја исклучив Словенија. Да, они се' малку надмени, ама секој што не бил, топло му ја препорачувам да ја посети истата и да види како може на едно место буквално се' да функционира. Они некако не припаѓаат у тоа друштво, иако и самите потајно знаат дека никогаш нема да бидат Германци, ма колку и биле подобри и од самите Германци во некој поглед.
Летоска имав можност да се дружам и со Срби и со Хрвати и со луѓе од Босна - таков респект и комуникација, нема никогаш да добијам од никој од другиве околни комшии. Треба да се помешате со азијати, кинези, индијци, арапи, африканци, па да видите колку сме исти со луѓето од поранешната држава.
Поредокот, политичката регионална големина и живеењето во држава од 20 милиони е неспоредливо со овие спрдачини, западни Балкани, северни срања.
Ќе не снема дур се расониме, ако воопшто сме разбудени.
Анти-југословените често ставаат акцент на жртвите на опортунистите, ловот на вештици и реалната жртва на некои луѓе што имале друга идеја, македонска нели, но никогаш не ја сфатија нереалност и неизводливоста на таа варијанта и кој всушност ги има нацртано границите на Балканот.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.796
Не сум живеел во Југославија,живееле моите родители,живееле моите дедовци и баби а и благодарение на денешната технологија можам барем малку да прочитам како се живеело и не,не сакам да се прави споредба помеѓу сега и тогаш,глупа е таквата споредба сама по себе.

Од Југославија останале само добрите сеќавања кај одреден дел кај старото население,кое ни до ден денес не размислува со своја глава.

Самата филозофија на целиот тој систем и на народот овде може да се увиди преку онаа позната реченица:
"Абе во Југославија сите крадеа ама пак имаше".
Тоа го објаснува фактот зошто таква држава никогаш немало да стане вистинска држава и немало да има голем век на траење.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.436
Не сум живеел во Југославија,живееле моите родители,живееле моите дедовци и баби а и благодарение на денешната технологија можам барем малку да прочитам како се живеело
Еве јас не сум живеел во Германија, па не си давам за право да коментирам и давам заклучоци за таа држава од тоа што сум прочитал по интернет или начул од гастарбајтери.

и не,не сакам да се прави споредба помеѓу сега и тогаш,глупа е таквата споредба сама по себе.
Зашто да не се прави споредба тогаш и сега, па нели поентата за независна држава беше да ги исправиме грешките од Ју и да направиме подобро општество. Напротив, сосема спротивното се случи, задржавме се што е расипано, а и тоа нешто што вредеше го упропастивме.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.796
Како функционирале? Како и сега.
Ако имате пријатели, роднини, колеги од било која од другите сега "квази-држави" (освен Словенија), нивото на пријателство мислам дека никогаш и не е променето. Проблемот е во националистите, кои реално ги има во сите овие држави и у принцип сите работат против себе.
Дури и најомразените меѓусебе Срби и Хрвати функционираат перфектно на ниво на бизнис, трговија....е не можеле да изиграат фудбалска или кошаркашка утакмица, поради мала група неандерталци...
Горе ја исклучив Словенија. Да, они се' малку надмени, ама секој што не бил, топло му ја препорачувам да ја посети истата и да види како може на едно место буквално се' да функционира. Они некако не припаѓаат у тоа друштво, иако и самите потајно знаат дека никогаш нема да бидат Германци, ма колку и биле подобри и од самите Германци во некој поглед.
Летоска имав можност да се дружам и со Срби и со Хрвати и со луѓе од Босна - таков респект и комуникација, нема никогаш да добијам од никој од другиве околни комшии. Треба да се помешате со азијати, кинези, индијци, арапи, африканци, па да видите колку сме исти со луѓето од поранешната држава.
Поредокот, политичката регионална големина и живеењето во држава од 20 милиони е неспоредливо со овие спрдачини, западни Балкани, северни срања.
Ќе не снема дур се расониме, ако воопшто сме разбудени.
Анти-југословените често ставаат акцент на жртвите на опортунистите, ловот на вештици и реалната жртва на некои луѓе што имале друга идеја, македонска нели, но никогаш не ја сфатија нереалност и неизводливоста на таа варијанта и кој всушност ги има нацртано границите на Балканот.
Во целост се согласувам дека треба да живееме сите заедно(можеби не во една држава зошто ќе се случат истите срања) и дека тие народи кои ги спомна погоре се најблиски до нас и во секоја можност треба да сме како едно.
Словенците не знам навистина како се чуствуваат,не сум имал контакт со нив,но факт е дека се на висина на задачата во тоа да создадат поубаво место за живеење и никогаш не се вртат назад да видат и не размислуваат за Југославија а се далеку подобри од сите други.
Сум приметил дека најмногу за бивша ЈУ се говори кај нас и во БиХ,држави кои не се помрднале ни најмалку од тоа време и целиот мубает им е во носталгијата на тој живот,несакајќи да превземат чекор и да станат барем неколку нивоа подоле од Словенија.
Не е само проблемот во тоа што се случило со Македонците како Ченто,факт е дека никогаш немало да успееме да го вратиме Солун,барем само затоа што Британија застанала од страната на Грција,но фактот што луѓе како Ченто и Рацин,громади на македонштината биле убиени од КПЈ,никогаш нема да можам да кажам добар збор ни за Тито ни за Југославија.

Ниту го пишувам ова обземен од националистички ставови,ниту пак од некој друг фактор,чисто само мое реално мислење за тоа дека добриот живот во таа Југославија е мит и ништо повеќе.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.793
Поени од реакции
29.282
Епа не било тогаш толку јако тоа братсво и единство како што се прикажува,а?
,,,da taka e,,,oti mozhebi eden edinstven nerealiziran proekt i zalozhba na taa drzhava vo celiot svoj period na postoenje e toa takanarecheno ,,,"bratstvo i edinstvo",,,shto vo najcrna forma se pokazha za vreme na raspadot ,,,deka po toa prashanje se bilo samo shminka,,,
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.796
Еве јас не сум живеел во Германија, па не си давам за право да коментирам и давам заклучоци за таа држава од тоа што сум прочитал по интернет или начул од гастарбајтери.



Зашто да не се прави споредба тогаш и сега, па нели поентата за независна држава беше да ги исправиме грешките од Ју и да направиме подобро општество. Напротив, сосема спротивното се случи, задржавме се што е расипано, а и тоа нешто што вредеше го упропастивме.
Да направиме тогаш споредба помеѓу сегашна Словенија и Словенија од тоа време?
Проблемот е во нас самите,ние го правиме системот,така било и тогаш,Лазо имал само слушалки но не и микрофон за да размени мислење со Белград,се што му било наредено тој прв го извршувал пред сите останати.
Од направената национализација,до убивањето и прогонот на Македонци кои не го прифаќале комунизмот,од тоа да не се вложи ништо ама баш ништо во селата,и народот да биде принуден да избега во градовите,нешто кое не се случило во Словенија.
Така е кај нас и до ден денес,па од едно мочано владеење на Груевски направија мит и многумина од баш тој народ од тоа време го сметаа за лидер,човек кој мачкаше очи на народот,нешто слично како што правел и Тито.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Веројатно најлошиот аргумент на помладите генерации е: „таа држава беше држава затоа што живееше на кредити". Дај проверете колку сме задолжени денес, ако го поправија бројчаникот. Денес се задолжуваме вртоглаво а на ТВ гледаме како се трошат тие пари. Секој абдал до трет ешалон на кој му е дадено печатче и канцеларија, ја носи секретарката во луксузни хотели во странство. Си купуваат накит и парфеми на државен трошок, пијат скапи вина, плаќаат скапи авионски билети, бизнис класа... повремено ќе се направи 5 километри пат овде или онде за да се каже дека нешто се работи со тие пари, а преку 90% од парите одат во приватни џебови. Македонецот денес немоќно гледа како го крадат секој ден, како му ја бришат националноста, како му ја преименуваат државата... што ќе споредуваме? Денешниве држави што излегоа од СФРЈ се брутално ограбени од новите политички елити. Со исклучок на Словенците кои и на времето беа далеку понапред од другите, се ова друго е трагедија.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.436
Да направиме тогаш споредба помеѓу сегашна Словенија и Словенија од тоа време?
Словенија и тогаш беше и сега е лидер на Балканот, не ти ја гледам поентата во споредбата со нас.

Од направената национализација,до убивањето и прогонот на Македонци кои не го прифаќале комунизмот,од тоа да не се вложи ништо ама баш ништо во селата,и народот да биде принуден да избега во градовите,нешто кое не се случило во Словенија.
Ова ко од скечот на К-15 кога Цацко вика дека комунистите го убиле Гоцета Делчев, а реалноста е оваа:
tito_goce.jpg Tito-na-grobot-od-Delchev-1.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom