Како функционирале? Како и сега.
Ако имате пријатели, роднини, колеги од било која од другите сега "квази-држави" (освен Словенија), нивото на пријателство мислам дека никогаш и не е променето. Проблемот е во националистите, кои реално ги има во сите овие држави и у принцип сите работат против себе.
Дури и најомразените меѓусебе Срби и Хрвати функционираат перфектно на ниво на бизнис, трговија....е не можеле да изиграат фудбалска или кошаркашка утакмица, поради мала група неандерталци...
Горе ја исклучив Словенија. Да, они се' малку надмени, ама секој што не бил, топло му ја препорачувам да ја посети истата и да види како може на едно место буквално се' да функционира. Они некако не припаѓаат у тоа друштво, иако и самите потајно знаат дека никогаш нема да бидат Германци, ма колку и биле подобри и од самите Германци во некој поглед.
Летоска имав можност да се дружам и со Срби и со Хрвати и со луѓе од Босна - таков респект и комуникација, нема никогаш да добијам од никој од другиве околни комшии. Треба да се помешате со азијати, кинези, индијци, арапи, африканци, па да видите колку сме исти со луѓето од поранешната држава.
Поредокот, политичката регионална големина и живеењето во држава од 20 милиони е неспоредливо со овие спрдачини, западни Балкани, северни срања.
Ќе не снема дур се расониме, ако воопшто сме разбудени.
Анти-југословените често ставаат акцент на жртвите на опортунистите, ловот на вештици и реалната жртва на некои луѓе што имале друга идеја, македонска нели, но никогаш не ја сфатија нереалност и неизводливоста на таа варијанта и кој всушност ги има нацртано границите на Балканот.